„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
2„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
МакедонијаСДСМ: Со Ефимија, Мицкоски ја претвора Развојната банка во филијала на своите бизнисиНајновиот скандал е окупацијата на Развојната банка поради бизнис интересите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.АКТ откива, како шемите на Мицкоски од хидроцентралите се шират во институциите. Ефимија Димовска, сопруга на бизнис-партнертот на Мицкоски во хидроцентралите, е назначена за прв човек на Развојната банка. Нејзиниот сопруг, Димитар Димовски е долгогодишен бизнис-партнер на Христијан Мицкоски во хидроцентралите, преку компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје. Димовски освен по заедничките бизиси со хидроцентрали е познат и по криминални скандали, по предметот „Топлик“ каде доби две години условна казна затвор, обвинет во предметот „Шпански скали“. Мицкоски го стави до него, во Владата, како секретар за јавни политики. Сега неговата сопруга Ефимија ја става во Развојна банка, очогледно да ги контролира државните пари. Сè е приватен бизнис за Мицкоски. Часовници од 60 илјади евра, луксузирање со авиони, тендери, мрежи и пари. Сега Димовска ја избра да одлучува за кредитни линии и финансирање на енергетски проекти. Кога Мицкоски вели дека е експерт за енергетика еве на ова мисли. Во исто време Димовски имаат семејни фирми. Ефимија е сопственик на „Херба Натура“ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект „ХН Соларис“. Сега партнерите на Мицкоски добиваат „директен линк“ за своите семејни фирмии во Развојната банка. Ова е класичен конфликт на интерес. Воспоставување на олигархиска структура на ВМРО ОКГ каде државните институции служат како сервис на една тесна бизнис-групација околу Мицкоски. Ова не е развој на државата, ова е развој на бизнисите на Хридро Мицко и неговите партнери. СДСМ бара итно повлекување на Ефимија и соодветна реакција на ДКСК и останите институции. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор Скопје, 28.02.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранителиГерманскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Киев им оддадоа почит на загинатите украински бранители.„Ние го цениме почитувањето кон нашите војници и солидарноста со украинскиот народ. Важно е што во овој тежок момент Германија е со нас – во поддршка и во сеќавање. Вечна почит кон сите бранители на украина кои ги дадоа своите животи за доброто на Украина и цела Европа“, објави Зеленски на телеграм, пренесува Укринформ. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите врз Украина. -„Господине Путин, запрете ја оваа. Бесмислена војна! Подготвени сме за преговори, подготвени сме да разговараме за нејзино прекинување. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, изјавил Мерц.Тој и Зеленски ја посетија националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со дрон во понеделникот. Тагови: Володимир Зеленски Киев Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаЕсенска дератизација во Општина АеродромЕсенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината. Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!Продолжува отчетот пред граѓаните.По средбите и разговорите низ Македонија, денес Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го продолжи отчетот под мотото “Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија” во Гостивар, каде пред граѓаните беа презентирани резултатите од досегашната работа. Пред гостиварчани, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски говореше за конкретните резултати од капиталните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, но и за едно од најважните прашања за македонската држава, европската интеграција. Во однос на капиталните инвестиции, Димитриевски посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат низ општините и кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. „Кога зборуваме за резултати, зборуваме за нешто што граѓаните можат да го видат и почувствуваат. Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура. Но, зад секој од овие проекти стои нешто многу поважно, подобар услов за живот, подобра услуга и нова можност за развој на секоја општина.“ порача Димитриевски. Димитриевски во своето обраќање се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора да се почувствува директно кај граѓаните. „Работиме на зголемување на платите во јавниот сектор, од административните службеници, преку вработените во образованието и здравството, до припадниците на безбедносниот сектор. Со потпишаните колективни договори и постепеното зголемување на платите, вложуваме во луѓето и во вреднувањето на нивниот труд. Подобриот стандард мора да биде резултат што граѓаните ќе го почувствуваат“ порача Димитриевски. Говорејќи за европската интеграција и односите со Република Бугарија, Димитриевски порача дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура, нагласувајќи дека ставот што ЗНАМ го застапува од своето основање денес е и став на Владата и државна позиција на Македонија. Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина. „Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет“ порача Димитриевски. На панел-дискусијата свои обраќања имаа и пратеникот Павле Арсовски, кој говореше за актуелните политички процеси и работата во Собранието, поранешниот министер за правда Игор Филков, кој се осврна на реформите во правосудството и владеењето на правото, како и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги. Движењето ЗНАМ продолжува со отчетот пред граѓаните низ Македонија, со порака дека резултатите мора да бидат видливи во секој град и секое населено место, затоа што Македонија не се гради само со зборови и ветувања, туку со работа што останува зад нас и со дела што граѓаните ги чувствуваат во својот секојдневен живот. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter