СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса - Канал 5

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

Последните објавени информации дека се приведени поранешни полициски службеници од кои 5 лица се веќе и пензионирани е уште еден доказ за селективноста на истрагата за Кочани.

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

Наместо правда, јавноста сведочи дека под палката на Тошковски, истрагата за најголемата трагедија во Македонија станува срамна и недозволива фарса.

Како е можно после 30 дена од трагедијата да се бара вина само кај оние полициски службеници за периодот од 2012 до 2022 година а не за актуелните?

Како не се најде ниту еден виновен во актуелните началници и службеници на МВР кои биле директно одговорни за безбедноста на граѓаните кобната ноќ, на 16 март 2024 година.

Зошто началникот на крим полицијата во Кочани, Томо Донев не е меѓу приведедените?

Зошто ниту началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска не е помеѓу опфатените?

Како е можно ниту началникот на СВР Штип ниту пак началникот за крим полицијата во Штип исто така да не се опфатени со истрагата?

Ова е понижување на правдата и селективна заштита на функционери блиски до Тошковски и ДПМНЕ.

Бараме Тошковски да си поднесе оставка за да може истргата да продолжи неселективно. Во спровитно граѓаните целосно ќе ја загубат довербата дека за огромната трагедија ќе има вистинска правда.

СДСМ нема да молчи на сите неправди, селективност и непринципиелност i силно ќе се спротивстави.

Правда за Кочани нема да има додека тие што можеле да спречат трагедија не одговараат. Не само кривично – туку и институционално, и политички.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Редици за гориво на автопатот Москва-Санкт Петербург (ВИДЕО)

Украинската војна со беспилотни летала против руските рафинерии стигна до бензинските пумпи во Москва и Санкт Петербург.

Редици за гориво на автопатот Москва-Санкт Петербург (ВИДЕО)

Двата клучни руски града неодамна ги воведоа првите ограничувања за продажба на бензин, дел од огромниот недостиг што сега погоди повеќе од 25 руски региони, објавува независниот медиум „Москва тајмс“.

Иако украинските напади систематски ги уништуваат руските рафинерии за нафта со месеци, ситуацијата сега влезе во сосема нова фаза. Недостатокот за прв пат се прелеа во двата најголеми и политички најважни градови во земјата, директно влијаејќи на животниот стандард на обичните граѓани.

На социјалните мрежи циркулира видео кое наводно прикажува ред за гориво на автопатот помеѓу Москва и Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин.

Како што открива извештајот на „Блумберг“, со нападите врз рафинериите, Киев сака да ги исуши изворите на финансирање за руската воена машинерија и во исто време да ги скрати крилјата на Москва за да не профитира од скокот на цените на нафтата предизвикан од војната во Иран. Украинските беспилотни летала само во мај 16 пати нападнаа руски рафинерии, при што беа погодени осум од десетте најголеми објекти во земјата. Вкупно се регистрирани најмалку 30 напади врз руската нафтена инфраструктура, што е месечен рекорд од почетокот на целосната инвазија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026

Македонската универзитетска репрезентација во карате постигна историски резултат на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија.

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026

Со освојувањето на златен, сребрен и два бронзени медали, Македонија се позиционира во генерален пласман на 4 -то место, како една од најуспешните нации на овој престижен настан одржан од 8 до 13 јуни 2026 година. македонските спортисти ја потврдија својата доминација и високата конкурентност на меѓународната спортска сцена.

Триумфот на Вукашин Јовановиќ - Златниот медал на Вукашин Јовановиќ во категоријата до 67 килограми претставува врв на македонското учество на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија. Јовановиќ, кој настапува за КК Макпетрол, покажа извонредна зрелост во финалната борба против Амин Абделмалки од Белгија.

Иако регуларниот дел заврши со резултат 2-2, судиското изјаснување од 3-2 му ја донесе титулата светски универзитетски шампион. Неговиот пат до златото беше обележан со доминантни победи во групната фаза и елиминациите, вклучувајќи ги дуелите со:

Мартин Асерето од Чиле (7-0)

Хосеин Вафа од Иран (5-5)

Сирапат Чимвонг од Тајланд (3-0)

Кабело Заморан Шоте од Шпанија (8-0)

Хосеин Вафа од Иран (8-4) во полуфиналето)

Младиот каратист на Макпетрол рангиран е на 4-то место во ТОП 10 најуспешни спортисти на светското првенство во Бразилија, со два освоени медали еден златен и еден сребрен медал.

Покрај индивидуалниот успех на Јовановиќ, македонската репрезентација предводена од селекторот Бошко Заборски и тренерот на репрезентацијата Петар Заборски оствари значајни резултати во екипна конкуренција. Машката репрезентација во кумите се закити со сребрен медал, откако во полуфиналето ја совлада силната селекција на Турција со 3-1, додека во финалето загуби од Шпанија.

Женската селекција го освои бронзениот медал, оствари победи со Австралија и Чиле, потврдувајќи го континуитетот на квалитет во македонското карате. Овие резултати се постигнати во конкуренција на околу 1.500 спортисти од 46 земји, што дополнително ја зголемува тежината на освоените одличја.

Успешната серија на македонскиот тим ја отвори Стефан Стојановиќ, кој исто така е член на К. К. Макпетрол, тој освои бронзен медал во категоријата над 84 килограми. Неговиот успех беше клучен за подигнување на моралот на целата експедиција, која броеше 10 каратисти од пет различни универзитети.

Оваа генерација спортисти докажа дека систематската работа и дисциплината се клучни фактори за успех на највисоко светско ниво.

Настапот во Бразилија ја истакнува важноста на универзитетскиот спорт како мост помеѓу академското образование и врвните спортски достигнувања. Успехот на македонските студенти-спортисти не е случаен, туку резултат на долгогодишна работа во клубовите, како што се КК Макпетрол, Штип, Цветан Димов, Куштрими и Арена. Инвестицијата во овие млади луѓе се покажа како стратешки исправна за македонскиот спорт.

Селекторот Бошко Заборски:- истакна дека овој резултат е потврда за конкурентноста на македонските каратисти на светско ниво. Освоените медали, светската титула и тимските пласмани меѓу најдобрите во светот претставуваат еден од најголемите успеси во историјата на универзитетскиот спорт во Македонија. Но, можеби уште повредна од самите медали беше пораката што ја испрати оваа генерација спортисти. Во составот на репрезентацијата имаше каратисти Македонци и Албанци, момчиња и девојки од различни средини, обединети околу една цел – да ја претставуваат Македонија на најдобар можен начин. Под македонското знаме тие покажаа дека успехот нема етничка, верска или политичка припадност. На татамито настапуваа како еден тим, како една репрезентација и како едно семејство. Токму затоа овој успех има многу поголемо значење од освоените медали.

Оваа селекција покажа како треба да изгледа претставувањето на Македонија во светот – преку знаење, квалитет, меѓусебна почит, единство и заедничка борба за државните бои. Во време кога општеството често се дели по различни основи, овие спортисти покажаа дека најсилни сме кога сме заедно. Тие не освоија само медали, туку и почит, и станаа пример како се гради успешна и обединета Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Македонија чувствувa забрзување во пропаст!

Митева тврди дека граѓаните „ја чувствуваат промената“. 

СДСМ: Македонија чувствувa забрзување во пропаст!

Вистината е дека граѓаните ја чувствуваат промената, но сосема поинаква од онаа што им ја продава Владата.

Граѓаните ги чувствуваат високите цени во продавниците, малите плати, празните паричници и празните фрижидери.

Ги чувствуваат скапите цени на горивата, чекањето по 10 часа на граница и потполно отсуство на било каква перспектива за себе и за своите деца.

За две години на оваа криминална власт на ВМРО:

• Инвестициите се спуштија за 60%,

• Потрошувачката кошничка сега изнесува околу 70.000 денари,

• Државата се задолжи за 2,5 милијарди евра,

• Младите масовно ја напуштаат земјата,

• Земјоделците останаа без субвенции.

ВМРО навистина ги исполни сите свои предизборни ветувања - нема што, Македонија денес повторно е горда!

Добивме земја во која граѓаните едвај преживуваат, а криминална Владата се фали со статистики додека луѓето бројат денари до плата.

Трета економија во Европа, додека цела Европа е на колена.

Некој клекна и молеше за власт, денес клекна цела Македонија.

Мицкоски и неговата тендерска екипа, повторно гордо, како некогаш Груевски, ја водат во економски пропаст што граѓаните го чувствуваат секој ден на својата кожа.

Македонија забрзува во пропаст!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер