3Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч
МакедонијаСДСМ: Снемува пари - спремаат избори, шверцерски сакаат да ја укинат Техничката владаГраѓаните се соочуваат со сè повисоки цени и сè потежок живот, а владата на Мицкоски нема решенија. Нема зголемување на платите, нема мерки за подобар стандард, економијата тоне. Снемува пари. А кога ќе снема пари во буџетот… ете ни избори, се наведува во соопштението од СДСМ. Сѐ што СДСМ го посочуваше изминатиот период се потврдува. Власта шверцерски протнува законски измени на Законот за Влада, сакаат да ја укинат техничката влада односно единствениот механизам за контрола во изборен период. Ова доаѓа по силниот пад на довербата на граѓаните во ВМРО-ОКГ од над 150.000 гласови. Падна и менторот на Мицкоски – Виктор Орбан, се очекуваат сите процеси во Унгарија за испитување на бизнис релациите да започнат со формирањето на новата влада. Очигледно почнува да му се брза на Мицкоски. Целосно е окупиран правосудниот систем, воспоставена е контрола врз обвинителството и судството со подобни обвинители и судии блиски до Мицкоски. Премиерот Мицкоски јавно дели задачи од собраниска говорница, нарачува прогон врз опозцијата со неговите „чувства“. Сите институции се партизирани и поклопени, се спроведува брутална партизација и на МВР. Не ги прифатија законските измени за заштита на граѓаните од злоупотреба на податоците и видео снимките од „Сејф сити“. Црната кампања преку Орбановата мрежа на медиуми е во полн ек. Институциите со месеци не постапуваат по пријавите за корупција и криминал на СДСМ за власта. Сега им снемува пари, се менуваат закони. Ваквите закони во времето на СДСМ се носеа со консензус а не шверцерски како што тоа се обидува да го направи владата на ВМРО. Зошто сега турка без согласност на СДСМ? СДСМ предупредува, секој обид за укинување на техничката влада во вакви услови е директен напад врз демократијата и слободните избори и ние ќе се спротивставиме. Техничката влада мора да остане затоа што последна институционална линија на одбрана од злоупотреба на изборниот процес и единствен обид за фер и демократски избори. СДСМ Центар за комуникации со јавностаТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрва детска градинка во Долно Лисиче - важен чекор за подобра иднинаОпштина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче.Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата. Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација. Со ова се поставуваат темелите за понатамошна реализација на проектот и создавање нов простор за згрижување и развој на децата. Советничката група на Левица не го поддржа овој предлог. Со посветена работа и чекор по чекор, продолжуваме да вложуваме во проекти што носат трајни придобивки за граѓаните. Грижата за најмладите и создавањето подобра иднина остануваат наш приоритет. Општина АеродромТагови: детска градинка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч11:22Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28
Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч11:22
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
СветАвион се урна на Бахамите: Нема преживеани (ВИДЕО)Мал авион се урна на Бахамите, западно од главниот град Насау, при што загинаа сите 10 лица во авионот, соопштија денес локалните власти.Цесна 402, управувана од локалната авиокомпанија Фламинго Ер, полета од меѓународниот аеродром Линден Пиндлинг во главниот град Насау во петокот кон аеродромот Сан Андрос. Авионот наишол на тешкотии за време на летот и се урнал во грмушки кратко пред слетувањето, објави Би-Би-Си. Премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, првично изјави дека едно лице преживеало, но подоцна беше потврдено дека починало од повредите. Идентитетите на жртвите, нивните имиња и возрасти, сè уште не се официјално објавени, објави Би-Би-Си. Одделот за истрага на воздушни несреќи на Бахамите ја истражува точната причина за трагичната несреќа. Бахамите, кои се наоѓаат во западниот Атлантски Океан северно од Карипското Море, вклучуваат повеќе од 700 острови и над 2.400 острови, а малите авиони се главно средство за транспорт меѓу островите. A small passenger plane crashed in the Bahamas All those on board — the pilot and 9 passengers — died. pic.twitter.com/jH6v53mO4W — NEXTA (@nexta_tv) July 11, 2026 Тагови: авион Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч11:22Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28
Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч11:22
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаЛишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/чНа 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој бил исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против него е поднесена соодветна пријава.Тагови: автопат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter