МакедонијаСДСМ: Скопјани со денови се трујат, горењето на Дрисла е сериозна опасност за уште поголема катастрофаПожарот во Дрисла се уште не е изгаснат, власта со денови не може да се справи додека скопјани се трујат. Ова е крајно неодговорно кон граѓаните, кон најважното-здравјето и претставува сериозна закана за уште поголема катастрофа, поради тоа што постои опасност пожарот да дојде до метанот кој се наоѓа под слоевите земја и да настане и експлозија, се вели во соопштението. Страшно е ова што се случува, скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште. Виновници за труењето на скопјани се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои 4 години не мрднаа со прст, не ги исолнија ветувањата и не го решија проблемот. Депониите се симбол на нивната неспособност и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници пред 4 години ветуваа „затворање на Вардариште, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување“. Тимчо Муцунски ветуваше „дислокација на претоварната депонија Вардариште“. Мицкоски и Арсовска ветуваа „зелена зона Вардариште“ со спортско-рекреативни терени на канцерогеното земјиште. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше „фабрика за селекција на отпад“ во Дрисла. Ништо од ова не е реализирано. Скопје и натаму е задушено, Вардариште и Дрисла горат, а воздухот повторно е отров за граѓаните. Мицкоски ги слуша гласовите на мајките кои ги затвораат прозорците за да ги заштитат децата од чадот, гледа како скопјани се гушат во облаци канцерогени честички, гледа телевизиски прилози со чадови од Дрисла и Вардариште, и пак не презема ништо. Иако е претседател на ЗЕЛС, ниту Орце Ѓорѓиевски не направи ништо. Наместо решенија, се крие од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и нивната неспособна власт ја претворија метрополата во еколошка бомба. Скопјани паметат, скопјани знаат и ќе ги казнат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на локалните избори. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ќе ја одржи 125. седницаСобранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.Пратениците по скратена постапка ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог-законот за изменување на Законот за шумите. На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чумаСветската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума. Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа. СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО. На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО. Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа. Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59