СДСМ: Скандалозен тендер на Тошковски од 4 милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот - Канал 5

СДСМ: Скандалозен тендер на Тошковски од 4 милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

Панче Тошковски продолжува со скандали и криминал, овој пат медиумите објавија сомнителен и криминален тендер вреден речиси 4 милиони евра,.

СДСМ: Скандалозен тендер на Тошковски од 4 милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

Тендерот е доделен на фирми кои немаат ни основни капацитети, ни релевантно искуство – а некои се формирани буквално 20 дена пред распишување на тендерот.

Модното студио „Ле Бранд Дизајн“ од Битола, кое последните години има просечен приход од 20.000 евра годишно и само двајца вработени, добива договор вреден 2.130.000 евра за шиење на специјални униформи, иако до вчера шиеле женски фустани.

Фирмата „Памитекс Тим“ е формирана 20 дена пред тендерот, без никаква историја на јавни набавки, без веб-страница, без контакт, со адреса во стан и непознато потекло на капацитети – добива тендер вреден 1.710.000 евра.

Ова е класичен пример на тендерските мрежи на ДПМНЕ, тука мириса на корупција и злоупотреба на службена должност.

Министерството под водство на Тошковски намерно ги отстранило сите критериуми што би овозможиле транспарентна и правична конкуренција – нема услов за претходно искуство, нема минимум приходи, нема проверка на реални капацитети. Наместо тоа, тендерот е шиење по мерка – не за полицијата, туку за партиските и бизнис интереси блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Кој ќе ги шие униформите? „Ле Бранд“ од битолската улица или некоја анонимна трета фирма? Каде завршуваат парите на граѓаните? Кој ќе одговара ако униформите не стигнат, или ако бидат небезбедни и неупотребливи за полициските специјалци?

Панче Тошковски нема веќе легитимитет да ја води институцијата која треба да биде симбол на интегритет и правна држава. Бараме јавно обвинителство веднаш да отвори постапка за сомнеж за злоупотреба на службена должност, местење на тендер и можно перење пари. Бараме поништување на скандалозниот тендер и отворање транспарентна постапка со јасни и објективни критериуми.

Граѓаните не заслужуваат вакво безочно крадење. Оваа срамна зделка мора да биде последната капка во корумпираното однесување на оваа влада. СДСМ ќе се бори до крај за вистината, за отчетност и за казна за сите вмешани!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци

Утринава цвеќе се положи и пред споменикот  во селото Љубанци, а во 12 часот, одбележување ќе има  и  пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана.

25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе  се положи и пред споменикот  во селото Љубанци

Претседател на одборот на бранители Марин Најдов вели дека 25 години бранителите беа омаловажувани и партиски манипулирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили.

Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили.

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации.

Вечна им слава на бранителите!- напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот турнир од серијата „Мастерс 1000 “ во Синсинати, за кој се подготвува на вообичаената локација.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Како и секоја година, Ѓоковиќ поголем дел од летните месеци го минува во Црна Гора, а така е и сега.

Неколку дена пред настапот на турнирот од серијата „Мастерс“ во САД, најуспешниот гренд-слем шампион во историјата се подготвува на брегот на Јадранското Море.

Откако во саботата уживаше на концертот на Владо Георгиев, во неделата е снимен како тренира во Портонови, во Бока Которска.

Мастерс-турнирот во Синсинати започнува во сабота, а по повлекувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Александар Зверев.

Ѓоковиќ трипати победил во Синсинати, последен пат во 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер