3Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
МакедонијаСДСМ: Систем, не спектакли и пи-ар: Шукова и Битиќи со граѓаните за чисто и одржливо СкопјеКандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото Граѓанско климатско собрание.Аерозагадувањето во Скопје и реалните, граѓански решенија за негово надминување, се итна тема и од суштинско значење. Шукова ги сослуша приоритетите на граѓаните, и јасно се заложи за нивна имплементација. Таа порача дека препораките кои произлегле од Климатското собрание се основа врз која треба да се гради новата еколошка политика на градот, но не како политички маркетинг, туку како план за опстанок. „Овие препораки не се само листа на желби, тие се мапа за здрава иднина. Она што недостасуваше изминативе четири години е токму ова, дијалог, храброст да се именува проблемот и волја да се постапи. Јас се обврзувам да ги ставам граѓаните и науката во срцето на политиката за Скопје“, рече Шукова. Таа најави реформа на јавниот превоз преку набавка на еколошки автобуси и редизајн на улиците за да станат пристапни за велосипедисти и пешаци. Поддршка ќе добијат домаќинствата за премин кон еколошко греење, со субвенции и долгорочни решенија што ќе ја намалат зависноста од загадувачките извори. „Ако сакаме почист воздух, мора да се справиме со реалниот предизвик, затоплувањето во домаќинствата. Тоа е нешто за кое зборував и пред пет години, и тогаш тоа не беше популарно. Денес е значајно за сите“, истакна Шукова. Таа ја посочи нефункционалноста на јавните претпријатија, предупредувајќи дека без реорганизација и вложување во човечки ресурси, ниту една стратегија нема да даде резултати. ,,Имаме документи и стратегии, но немаме имплементација. Сè што треба да направиме, веќе е измислено. Само треба да престанеме да се плашиме од промени и да почнеме да ги применуваме решенијата што постојат”, нагласо Шукова. На средбата учествуваше и Фатмир Битиќи, пратеник и поранешен вицепремиер за економија, кој потенцираше дека вистинските промени не доаѓаат со спектакли, туку со поставување на системи што функционираат. ,,Не можеме да очекуваме да имаме инспектор зад секој проблем. Македонија е мала земја, ни требаат дигитални решенија, автоматизирани системи и пред се, ред. И тука ја гледам разликата, Каја не ветува чудо, туку ред и систем“, констатира Битиќи. Тој посочи и примери од други европски градови, каде воведувањето на зони со ограничен сообраќај за загадувачки возила дало мерливи резултати во квалитетот на воздухот. ,,Во Скопје, улиците се чистат еднаш на 14 дена, нема техничка вода, опремата е дотраена, а комуналната хигиена е сведена на добрата волја на граѓаните. Тоа не е политика, тоа е хаос. А од хаос, нема напредок”, посочи Битиќи На средбата заеднички се заклучи дека граѓаните, институциите и стручната јавност мора да работат заедно, а не паралелно. Вистинскиот напредок, според Шукова, нема да дојде преку камери, ПР акции и еднократни спектакли за чистење, туку преку дневна, упорна работа на системот што ќе функционира без разлика кој е на власт. Кандидатката на СДСМ испрати јасна порака дека Скопје не смее повеќе да биде град на пропуштени шанси. Последните четири години, под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, градот стагнираше. Таа потенцира дека многу беше ветено, малку, ако воопшто и нешто беше испорачано. Институциите беа ослабени, комуналниот сектор занемарен, а граѓаните оставени сами да се борат со загадувањето, сообраќајниот хаос и урбанистичката деградација. „Доаѓа време кога Скопје ќе престане да биде синоним за разочараност. Мојата визија не е базирана на имиџ, туку на суштина. Верувам во град каде воздухот е чист, институциите се достапни, а јавниот интерес стои над приватниот“, заклучи Шукова. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
АвтомобилизамАвтомобилскиот гигант очекува трошоци од милијарди евра поради поскапите суровини и чиповиПовисоките цени на суровините и електронските компоненти ќе резултираат со значително зголемени трошоци за „Stellantis“ и неговите добавувачи. Трошоци што ќе достигнат милијарди евра, предупреди Антонио Филоса, раководител во мултинационалниот автомобилски гигант. „Во 2027 година, а веројатно и во 2028 година, ние и нашите добавувачи се соочуваме со значителен пораст на цените на суровините, како и на трошоците за мемориски чипови, печатени плочки и полупроводници“, изјави Филоса во четвртокот на годишното собрание на „ANFIA“, италијанското здружение на производители на автомобилски компоненти, одржано во Милано. За „Stellantis“, зголемувањето на трошоците се мери во милијарди евра, истакна раководителот. Портпарол на компанијата подоцна за „Ројтерс“ појасни дека Филоса мислел на вкупната годишна база на трошоци на компанијата, која изнесува неколку милијарди евра. Сериозни проблеми „Stellantis“ веќе се соочува со проблеми при набавката на електронски компоненти и го прекина производството на моделот „Fiat 500“ во својата фабрика „Мирафиори“ во Торино, сè до крајот на следната недела. Компанијата предупреди дека недостигот на клучни компоненти за контролните единици на моторите би можел да предизвика тешкотии во производството на одредени модели во Италија до крајот на годината. Филоса смета дека решението за повисоките трошоци лежи во подобрување на конкурентноста, со поддршка од италијанските и европските власти, преку мерки насочени кон намалување на трошоците за енергија и прилагодување на индустриските регулативи, вклучително и оние што се однесуваат на емисиите на јаглерод диоксид. Тој исто така потврди дека кинескиот партнер „Leapmotor“ ќе соработува со „Stellantis“ на развојот на нови електрични автомобили, кои ќе се произведуваат во фабриката на „Stellantis“ во Помиљано, Италија. Се очекува продажбата да започне во 2028 година. Оваа нова категорија на достапни електрични возила има за цел да го оживее европскиот пазар за помали и поевтини автомобили – сегмент што моментално бележи пад. „Партнерството со 'Leapmotor' ќе обезбеди поддршка за нашите европски фабрики и ќе овозможи заеднички развој на идни електрични и електронски решенија, една од главните области на соработка ќе биде развојот на нова категорија електрични автомобили“, заклучи Филоса. Извор: Индекс.хрТагови: Stellantis чипови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветГренланд ќе ја промени временската зонаКако што пренесува гренландскиот весник „Сермитсиак“, до крајот на 2027 година, поголемиот дел од Гренланд ќе се врати во својата претходна временска зона, GMT-3.Ова следува по одлуката донесена вчера од локалниот парламент за промена на начинот на сметање на времето. Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми за еден час – на четири часа – додека разликата во однос на Вашингтон ќе се намали за еден час – на два часа. Гренланд и понатаму ќе го применува летното сметање на времето. Прашањето за тоа кон која временска зона треба да припаѓа овој арктички остров со години е предмет на дебата на Гренланд. Дури во 2023 година, поголемиот дел од Гренланд премина во временската зона GMT-2, со цел да го усогласи своето време со Данска и остатокот од Европа. Иако Гренланд е дел од Кралството Данска, тој ужива висок степен на автономија. Собрани околу 4.000 потписи како поддршка за промената Во парламентот, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен се спротивстави на враќањето во претходната временска зона, предупредувајќи на можни негативни економски последици, со оглед на тоа што најважните трговски партнери на Гренланд се наоѓаат во Европа. Тој исто така истакна дека промената ќе го скрати временскиот прозорец во кој здравствениот систем на Гренланд може да се консултира со медицински специјалисти во Данска, а предупреди и на можни компликации во авионскиот сообраќај кон и од Европа. Сепак, според „Сермитсиак“, многу жители на Гренланд се залагаат за враќање во претходната временска зона. Граѓаните собраа околу 4.000 потписи како поддршка за оваа промена. На Гренланд живеат околу 56.000 жители. Извор: Индекс.хрТагови: Гренланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветЕпидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртвиДемократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај. Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход. За овој сој не постои одобрена вакцина или третман Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“. Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда. Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook