СДСМ: Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ и врските со Москва? - Канал 5

СДСМ: Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ и врските со Москва?

Со денови прашуваме и нема одговор од Христијан Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во соседна Србија?

СДСМ: Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ и врските со Москва?

Јавноста знае за неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана.

Јавноста знае за бројните криминални афери со кои се поврзува, вклучително и сомнежи поврзани со оружје, како и за неговите врски со Москва, функционер на СНС, сестринската партија на ВМРО-ОКГ.

Ако тоа се „критериумите“ за почесен конзул – тогаш секој со криминално минато, фотографии со оружје и цитати од радикални политичари пред руско знаме може да биде конзул.

Како Симе на пример кој има албум со фотографии заедно со Мицкоски и кој исто може да биде именуван за конзул бидејќи ги исполнува сите услови.

Во вторник во Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, прашање е што ќе му каже Мицкоски за Адамовиќ и за вицепремиерот Стоиљковиќ- неговиот најблизок соработник во Владата, за нивните врски со Русија?

Дали тоа е соодветно за земја членка на НАТО?

Дали ваквите кадри на Мицкоски ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција?

Јавноста заслужува одговори.

Но, имаме чувство дека Мицкоски не смее да каже.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија со 174 гласа избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН

За првпат од осамостојувањето Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027–2029 година добивајќи поддршка од дури 174 земји членки на гласањето во Њујорк.

Македонија со 174 гласа избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го оцени изборот на Македонија за членка на економски и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како значаен дипломатски успех и силна потврда за довербата што меѓународната заедница ја има во државата.

Во објава на социјалните мрежи, Силјановска-Давкова истакна дека овој резултат е плод на активна, принципиелна и доследна надворешна политика, како и на долгогодишни дипломатски напори за обезбедување меѓународна поддршка.

И премиерот Христијан Мицкоски оцени дека изборот претставува признание за вложените напори во надворешната политика и за довербата што Македонија ја гради со своите меѓународни партнери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трам повторно „задрема“ на состанок во Белата куќа?

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека повторно задремал за време на состанокот во Белата куќа. 

Видео: Трам  повторно „задрема“ на состанок во Белата куќа?

79 годишниот Трамп ги „одмори“ очите неколку моменти за време на состанокот за енергија и се потпре на столот.

На американскиот претседател му се придружија министерот за внатрешни работи Даг Бургум, министерот за енергетика Крис Рајт и администраторот на Агенцијата за заштита на животната средина, Ли Зелдин.

Белата куќа одговори на тврдењата изнесени од некои американски медиуми.

Портпаролот Дејвис Ингл ги отфрли обвинувањата и рече дека Трамп е „најпаметниот, најдостапниот и најенергичниот претседател во американската историја“.

Тој додаде дека претседателот „работи деноноќно за да ја направи земјата уште поголема од кога било досега“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре, 06.06.2026 година (сабота), ќе биде домаќин на меѓународна конференција на којшто ќе биде промовирана „Скопска иницијатива“.

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре, 06.06.2026 година (сабота), ќе биде домаќин на меѓународна конференција на којшто ќе биде промовирана „Скопска иницијатива“, заедничка активност која ги обединува регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии за демократски, европски и просперитетен Западен Балкан.

„Скопската иницијатива“ ја покрена претседателот на СДСМ, проф.д-р Венко Филипче со што прогресивните сили од регионот и Европа заеднички застануваат во борбата против авторитарните режими, борба против корупцијата и европска интеграција на регионот.

Целта на на меѓународната конференција е зајакнување на соработката меѓу социјалдемократските партии од регионот и Европа, како и креирање заеднички одговор на предизвиците со кои се соочува Западен Балкан.

Меѓународниот состанок претставува продолжение на регионалните и европските напори за мобилизација на прогресивните сили и се надоврзува на пораките од Самитот за глобална прогресивна мобилизација во Барселона.

Овој собир на високо ниво се одржува и во година кога Корчуланската школа одбележува 15 години постоење како значаен регионален форум за политички дијалог, лидерство и промоција на прогресивни и социјалдемократски вредности.

Настанот е во организација на СДСМ и Корчуланската висока школа а во партнерство со Интернационалниот центар „Олоф Палме“ и Центарот за нови иницијативи.

На состанокот, кој е на високо ниво, ќе присуствуваат и претставници на социјалдемократски и прогресивни фондации од регионот, од Партијата на европските социјалисти (PES), Групата на социјалисти и демократи(S&D Group), Социјалистичката интернационала (SI), Фондацијата за европски прогресивни студии (FEPS), од сестринските партии од Европската Унија, како и членови на Управниот одбор и Советодавниот совет на Родовата мрежа на Централна и Источна Европа и други партнери на Корчуланската школа.

Скопје, 05.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер