СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак - Канал 5

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

Со шок и неверување СДСМ ја проследи намерата на Мицкоски да ги казнува дополнително граѓаните и да воведе данок на неженети и немажени.

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

Оваа длабока конзервативна и погрешна идеја директно гази на правата, слободниот избор на граѓаните и ја ништи нивната волја. Ваквите недемократски мерки немаат место ни во земјите од третиот свет, а не пак во демократски држави за кои се смета Македонија.

Од друга страна, Мицкоски со ова уште еднаш потврдува колку нема допир со реалноста и не ги разбира граѓаните ниту нивните проблеми.

Не ги разбира ниту младите, ниту луѓето што живеат сами, ниту семејствата што едвај врзуваат крај со крај. Наместо решенија, тој нуди казни.

Има огромен број на луѓе кои сакаат да се во брак и да имаат деца што ќе ги гледаат како растат во радост, но од здравствени или други причини и не можат да ги имаат.

Свесен ли е Мицкоски дека секое трето дете живее во сиромаштија? Свесен ли е дека половина милион граѓани живеат со плата под просечната?

Што напарави Мицкоски да им обезбеди подобри услови на живот на овие луѓе, поголеми плати или пак сигурна иднина? Што направи за да им овозможи услови да растат деца во достоинство и со нормален приход?

Проблемот е што младите со години ги бројат парите од месец за месец и гледаат што побрзо да заминат од тука. Проблемот е што премногу луѓе веќе ги спакуваа куферите и заминаа.

Мицкоски е човек од високата класа со саати од 60.000 евра кој јаде папаја и манго за доручек.

Тој не разбира што значат економски проблеми.

Понекогаш луѓето не остануваат сами затоа што така избрале — туку затоа што животот ги принудил, а има и такви кои се плашат дека нема да можат да се изборат со сè што оваа држава им става на плеќи.

Партнерството, љубовта и децата не се само желба, туку и одговорност, и тие многу добро ја знаат таа одговорност. Проблемот не е што луѓето се себични, туку што државата ги остава сами во таа борба.

Ова не е време за казнување на луѓето, туку време за вложување во нив. Време е да се обезбедат плати од кои може да се живее, училишта со учебници, градинки со доволно места, здравство кое не ги остава родителите да молат и да чекаат со месеци. Време е да им се даде на луѓето причина да останат, да сакаат, да се венчаат и да имаат деца тука — затоа што веруваат дека тука има иднина.

Решението за негативниот наталитет и иселувањето не е во понижувачки даноци. Решението е во тоа да се покаже дека секој тука има своја вредност, своја шанса и своја поддршка. Оние што сакаат да останат и да изградат живот овде се храбри. Наместо да ги казнуваме, треба да ги поддржиме, се наведува во партиската реакција.

Десеттина пелагониски села без вода

 Десеттина пелагониски села утрово се без вода поради технички  зафат на регионалниот водовод, односно спојување на стара челична цевка со ново изведена цевка Ф400.

Десеттина пелагониски села без вода

Од јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола соопштија дека интервенцијата почна во 7 часот утрово и ќе се одвива до завршување на интервенцијата.

-Фирмата изведувач БВ инжинеринг-Битола го затвори регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со новоизведената цевка Ф 400 , со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите во населените места Горно Оризари, Раштани, Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево,Мусинци и Далбеговци. Прекинот со водоснабдување ќе трае од 07:00 часот до завршување на работите, нагласија од битолски „Водовод“.

Модриќ потпиша за Милан

 Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ потпиша договор со Милан, објави синоќа италијанскиот гигант.

Модриќ потпиша за Милан

Триесетидеветгодишниот Модриќ во Милан ќе го носи дресот со број 14, кој го носеше во Тотенхем од 2008 до 2012 година.

„Милан со задоволство објавува дека Лука Модриќ потпиша договор со клубот до 30 јуни 2026 година, со можност за продолжување за уште една година – до 30 јуни 2027 година“, соопшти клубот од Милано.

Модриќ се пресели во Милан од редовите на мадридски Реал, чиј дрес го носеше 13 сезони, а последниот натпревар го одигра минатата недела на Светското клупско првенство.

Модриќ за Реал одигра 597 натпревари и постигна 43 голови, станувајќи најтрофејниот играч во историјата на клубот од Мадрид со 28 титули.

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 20 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 20 минути

На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот,

сабота од 09:00 до 18:00 часот и

недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

петок од 15:00 – 22:00 часот,

сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

недела од 07:00 до 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

притисни ентер