ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
1ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
3 Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
МакедонијаСДСМ: Селективност за перење на ХристовскиСелективност за перење на Христовски, зошто Обвинителството не побарало одговор директно до ЕТS?Со одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, Јавното обвинителство се стави во улога на алатака во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо независен огран ослободен од политиката, да го брани јавниот интерес и владеењето на правото гледаме скандалозно селективни постапки за перење на Христовски и незаконското назначување за директор на АНБ. Зошто обвинителството не е побарало официјален одговор директно од ETS – Educational Testing Service, институцијата што ги издава ТОЕФЛ сертификатите? Зошто не е постапено идентично како со двете директорки на училишта и со директорката на болница во Дебар, кои беа гонети и осудени затоа што користеле фалсификувани ТОЕФЛ сертификати добиени од исто место како Христовски – јазичното студио „Јулија“? Во сите овие случаи, обезбедени се докази директно од ЕТS и тоа за многу кратко време. Зошто сега, кога станува збор за Христовски, партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ е целосно игнориран ETS од страна на Обвинителството? Оваа скандалозна одлука не само што ја руши довербата во институциите, туку и потврдува дека сѐ уште живее духот на тефтерчињата од времето на Груевски. Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, нема и не може да има правда. СДСМ - Центар за комуникации со јавностаТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менувашеНа СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци.РЕАКЦИЈА НА СДС Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција, нема кредибилитет да говори за понижување. Партијата која го избриша АСНОМ од Уставот, која вели дека Македонија постои од 1944 година, која вели дека сме биле Бугари пред тоа, е лицемерно да зборува за понижување. Настанот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност, е поздравен од сите граѓани и ја обедини државата, а само Филипче и тие неколкумина околу него пробуваат да го оцрнат проектот. Нам тоа ни е јасно, затоа што тие се политички глодари и лешинари кои не сакаат Македонија да оди напред. Години и години ќе ни требаат да ја поправиме штетата што вие, талогот на општеството, со децении и ја правите на Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМурињо требаало да го наследи Фергусон на клупата на Јунајтед: „Ми се јави и плачеше“ Во 2013 година, португалскиот фудбалски стратег, трофејниот Жозе Мурињо постигнал договор да го наследи Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед, но во последен момент се откажал и се вратил во Челзи.Мурињо таа година го завршуваше својот ангажман во Реал Мадрид, додека легендарниот Шкот се пензионираше по 27 години на клупата на клубот од „Олд Трафорд“. „Кога заминав од Реал Мадрид, се договорив да одам во Манчестер Јунајтед и да го заменам Сер Алекс“, откри Мурињо во документарниот филм за неговата кариера, чија премиера е закажана за вторник, 11 август. Неговите зборови ги потврди и Фергусон, кој лично разговарал со Португалецот и му ја понудил работата. „Да, му беше понудена работата. Седнав со него и му ја објаснив ситуацијата. Тој тогаш прифати, но само неколку часа подоцна се предомисли“, изјави Фергусон. Тренерот со најмногу трофеи во историјата на Манчестер Јунајтед исто така откри како изгледал емотивниот разговор во кој Мурињо му ја соопштил конечната одлука. „Една вечер ми се јави и плачеше. Рече: 'Алекс, не можам. Му дадов збор на Челзи и не можам да го погазим'. Можам да ја разберам причината што ја наведе, но ме разочара.“ Мурињо призна дека не му било лесно да се откаже од можноста директно да го наследи еден од најголемите тренери во историјата на фудбалот. „За мене, загубата на можноста да го наследам Сер Алекс Фергусон беше драматична. Сепак, не зажалив, бидејќи одлуката ја донесов со срцето“, изјави Португалецот. Јунајтед го ангажираше Дејвид Мојс по заминувањето на Фергусон, додека Мурињо се врати на „Стемфорд Бриџ“. Подоцна, Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“, каде што го предводеше Манчестер Јунајтед од 2016 до 2018 година. Со „Црвените ѓаволи“ ги освои Лига-купот, Комјунити Шилд и Лигата на Европа, па затоа се смета за еден од најуспешните тренери на Јунајтед во ерата по Фергусон.Тагови: Жозе Мурињо Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Водата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водовод и канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter