СДСМ: Се редат скандали во општина Куманово –фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски! - Канал 5

СДСМ: Се редат скандали во општина Куманово –фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски!

Општина Куманово, под водство на Максим Димитриевски, постојано е во центарот ама со скандали, со индиции за судир на интереси и можен коруптивен договорен систем за испумпување на парите на граѓаните.

СДСМ: Се редат скандали во општина Куманово –фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски!

Медиумите веќе објавија документи како општина Куманово склучува договори за изведба и надзор со фирми на блиски родини.

Општината скллучила договори за изведба на градежни работи со фирмата РМК ГРАДБА АС Дооел Скопје, во сопственост на Рафис Камберовски. Истовремено, надзор над тие исти проекти го вршела фирмата АК ИНЖЕНЕРИ ДООЕЛ од Цветово, во сопственост на Муарем Камберовски. Двајцата Камберовски се блиски роднини.
Значи едниот роднина Камберовски гради, другиот роднина Камберовски демек го контролира.
Па кај го има ова? Во Куманово, со Максим Димитриевски.
Ова ли е начинот на кој градоначалникот Димитриевски ја разбира „чесната и домаќинска“ работа?
Не, почитувани ова е основано сомнение за:
-Судир на интереси-Непотизам и фаворизирање на роднински фирми-Злоупотреба на јавните средства на граѓаните на Куманово
Прашањето е кој е интересот на Максим Димитриевски? Дали зад доделувањето на тендери на роднини во суштина се крие бизнис интерес на Димитриевски?
Го повикуваме Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, како и Јавното обвинителство, итно да се вклучат и да ги испитаат сите сомнежи за коруптивно однесување во овој случај.Граѓаните на Куманово заслужуваат одговори. Заслужуваат транспарентна, отчетна и одговорна локална власт. А не власт која ја движи само бизнис интересот на градоначалникот.
СДСМ ќе продолжи гласно да укажува на секој обид за злоупотреба и ќе се бори за одговорност. А одговорност ќе има.
Прес-конференција, Марина Манојловска, претседателка на Форум на Жени на СДСМ Куманово
YouTube video

Скопје, 2 јули 2025

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Улица „Бихаќка“ бр.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња волшебникот Лионел Меси, пред два дена се прости од аргентинската репрезентација на натпреварот против Бенин и со тоа заокружи една фантастична фудбалска приказна.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Сепак, Лионел Меси нема намера да застане кога станува збор за клупскиот фудбал, а пристигна и една многу интересна понуда.

Меси има освоено бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не настапил во Копа Либертадорес.

„Мислам дека му преостанува уште да заигра во Копа Либертадорес, па затоа го прашувам дали би го прифатил овој предизвик“, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез.

Иако фудбалерот на Интер Мајами сè уште не размислувал за оваа одлука, навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување.

Меси практично освои сè што можеше да се освои, а евентуалното освојување на уште еден трофеј во неговата богата кариера би претставувало вистинска круна на неговите достигнувања.

На 39-годишна возраст, Меси веќе зад себе има осум „Златни топки“, шест „Златни копачки“, четири титули во Лигата на шампионите, десет титули во Шпанија, две титули на Копа Америка, трофејот од Финалисима и Светското првенство во 2022 година, како и бројни други признанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2026 година е Наванетен Пилај.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Пилај е јужноафриканска адвокатка и судијка, позната по својата долгогодишна работа во заштитата на човековите права и меѓународната правда.

Таа ја доби наградата за нејзините напори во промовирањето на мирот и меѓународното право.

Гледајте ја церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во живо:

За потсетување, Норвешкиот Нобелов комитет доби номинации за 287 кандидати, од кои нешто повеќе од една четвртина се организации, објави претходно АП.

YouTube video

Како што објавува Тајм, 208 кандидати се поединци, а 79 се организации.

Овогодинешната церемонија на доделување на наградите ја одбележува 125-годишнината од Нобеловата награда за мир, која е доделена на 112 поединци и 28 организации од 1901 година.

Црвениот крст е награден три пати, а Агенцијата на ОН за бегалци двапати. Меѓу индивидуалните добитници беа 20 жени, од кои осум беа наградени во последните 15 години.

Минатогодишната добитничка беше лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која беше наградена за нејзината борба за демократска транзиција во Венецуела. Подоцна таа му ја додели Нобеловата награда на Трамп, но Нобеловиот комитет рече дека самата награда не може да му се додели на друго лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РСБСП: Одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома

 Апел на РСБСП до сите учесници во сообраќајот по повод престојниот празник 11 октомври- одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома.

РСБСП: Одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома

По повод престојниот празник 11 октомври, продолжениот викенд и очекувањата за зголемената раздвиженост и фреквенција на возила на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни, одговорни и доследни во почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Продолжените викенди се период кога поголем број граѓани патуваат, што значи зголемено присуство на возила и пешаци на патиштата, подолги патувања и поголем ризик од сообраќајни незгоди. Затоа, секое патување треба да започне со свест дека безбедноста не смее да биде оставена на случајноста.

РСБСП апелира до возачите:

* почитувајте го ограничувањето на брзината и прилагодете ја брзината на движење според условите и состојбата на патот;

* не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци

* не користете мобилен телефон и деуги електронски уреди додека управувате со возилото;

* користете сигурносен појас на секое патување, без оглед на должината на релацијата;

* користете соодветна детска седиште и задолжително обезбедете ги децата;

* одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични престигнувања и ненадејни маневри;

* пред подолго патување проверете ја техничката исправност на возилото, особено пневматиците, сопирачките и системите за осветлување;

* доколку сте уморни, не продолжувајте да возите – направете пауза и одморете се.

РСБСП посебно потсетува дека брзањето, невниманието и преценувањето на сопствените возачки способности можат да имаат несакани последици. Неколку минути порано на крајната дестинација, никогаш не се поважни од човечкиот живот.

Апелот се однесува и на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите – да бидат внимателни, видливи и да ги почитуваат сообраќајните правила, особено при преминување и движење покрај коловозот.

За време на продолжениот викенд, патувајте одговорно, возете внимателно и не ризикувајте го својот и животот на другите.

Нека 11 Октомври биде повод за празнување, дружење и безбедно патување, а не причина за сообраќајна незгоди и трагедии.

РСБСП со апел:

„Вози одговорно -Секој живот е важен.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер