СДСМ: Само по скапите часовници на Мицкоски сме меѓу првите во светот - Канал 5

СДСМ: Само по скапите часовници на Мицкоски сме меѓу првите во светот

Компанијата IFL Watches објави ранг листа на часовници кои ги носат шефовите на држави и влади на НАТО и колку чинат.

СДСМ: Само по скапите часовници на Мицкоски сме меѓу првите во светот

Мицкоски со еден негов часовник од 6.900 доалри е на врвот на таа листа, помеѓу топ пет, со најскапи часовници.

Не му го виделе имотниот лист на Мицкоски, со 60.000 евра колекција на скапи часовници, инаку сигурно би бил прв на листата.

Тажно е ова за Македонија и за сите нејзини граѓани.

Македонија е на последно место на светската ранг листа по животен стандард на Балканот.

Македонија е на последно место меѓу земји по висина на платите во Европа и по висината на минималната плата во регионот.

Македонија е во листата на САД на земји „од трет свет“.

Само кога се мерат скапите часовници на Мицкоски сме меѓи првите во светот.

Тоа покажува „колку е саат“ во Македонија. Власта служи само за лично богатење на функционерите во Владата додека народот едвај врзува крај со крај.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија на пат да деблокира сè

 Следната недела, унгарската влада ќе достави до парламентот нацрт-закон за борба против корупцијата, чие усвојување има за цел да ги исполни критериумите на Европската Унија за владеење на правото и е услов за ослободување на милијарди евра.

Унгарија на пат да деблокира сè

Следната недела, унгарската влада ќе достави до парламентот нацрт-закон за борба против корупцијата, чие усвојување има за цел да ги исполни критериумите на Европската Унија за владеење на правото и е услов за ослободување на милијарди евра замрзнати средства.

„Ова ќе биде сеопфатен закон против корупцијата, кој исто така ќе ја подобри транспарентноста на унгарскиот јавен живот. Ова претставува критериуми за владеење на правото што ќе ни овозможи да ги вратиме средствата од ЕУ дома“, изјави унгарскиот министер за транспорт и инвестиции, Давид Витези, за новинарите, објави Ројтерс.

Тој рече дека законот ќе ѝ овозможи на Унгарија да користи до десет милијарди евра од фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата на Ковид-19, за финансирање на транспортни проекти и обновливи извори на енергија, како и средства за поддршка на мали бизниси и изградба на станови за изнајмување.

Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, во мај обезбеди ослободување на 16,4 милијарди евра од фондовите на ЕУ за Унгарија, со ветување дека ќе ги откаже реформите на претходниот премиер Виктор Орбан, кои, според ЕУ, ѝ наштетиле на демократијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попоски: Документот нуди нови придобивки, но не нуди механизам за заобиколување на условите од преговарачката рамка

Значаен обид да се редизајнира логиката на проширување, вака дел од експертите го оценуваат актуелниот нон пејпер на Макрон и Мерц. 

Попоски: Документот нуди нови придобивки, но не нуди механизам за заобиколување на условите од преговарачката рамка

За аналитичарот, Тони Поповски, под актуелните околности, Македонија би добила лимитиран дел од предвидените придобивки, затоа што се уште нема отворено кластери, кои се клучни за стекнување одредени бенефици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноска: Познаваме поморбидни случаи од оној во Ѓорче Петров, неопходна е национална стратегија

Зачестените случаи на меѓуврсничко насилство го вклучи алармот за неопходноста од носење национална стратегија, вели во разговор за Канал 5, универзитетската професорка и социјолог, Татјана Стојаноска Иванова..

Стојаноска: Познаваме поморбидни случаи од оној во Ѓорче Петров, неопходна е национална стратегија

Сања Тајковска Ставров разговараше со неа..

Во видеото погледнете го целиот разговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер