СДСМ: САД највуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие? - Канал 5

СДСМ: САД највуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Од САД пристугнуваат најави за Закон за демократија и просперитет во Западен Балкан, кој беше усвоен во Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес минатата среда.

СДСМ: САД највуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Посебен фокус се става на состојбите во соседна Србија, особено состојбата на демократијата која е оценета како „загрижувачка“, авторитарната контрола но и корупцијата.

САД реагираат дека власта на СНС ги обвинува мирните демонстранти, опозицијата и граѓанското општество за дестабилизираат Владата, што е оценето како „загрижувачко тврдење кое ја загрозува безбедноста на важни сегменти од српското општество“.

Секако тука е и корупцијата која се споменува меѓу главните политички лидери.

Граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Сите политиките им се исти. Мицко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“ Вучиќ.

Лажни вести, манипулации, напади на опозицијата, криминални тендери, корупција со бизнис шеми, контрола врз судството, задушување на медиумите, задушување на демократијата, на говорот за слобода, изолација од ЕУ....листата е огромна.

Copy-paste, исто како Вучиќ.

После воведувањето на овие санкии од САД за Вучиќ во Србија, прашањето е дали Христијан Мицкоски мирно спие?

Нема да ви помине истото сценарио!

Македонија не сака изолација! Македонија сака напред, во Европа!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјоделците загрижени поради падот на откупните цени на доматите за двојно

Падот на откупните цени на доматите од 50 на 25 денари за килограм уште на стартот на масовната берба сериозно ги загрижи струмичките градинари.

Земјоделците загрижени поради падот на откупните цени на доматите за двојно

Земјоделците предупредуваат дека доколку продолжи откупуто по вакви ниски откупни цени и со ограничувања од трговиците кои најавуиваат дека не можат да откупат големи количини, ќе претрпат сериозни загуби, нема да можат да ги покријат ниту основните трошоци за производство и во струмичкото поле на секој чекор ќе се формираат депонии од фрлени домати.. Според нив, цените кои во моментов ги нудат откупувачите се значително пониски од очекуваните.

Дел од производителите се сомневаат дека на домашниот пазар можеби влијае и увозот од Албанија, која важи за сериозен конкурент во производството на градинарски култури.

Земјоделците велат дека вложувањата годинава биле високи, а дополнителен проблем претставуваат поскапите репроматеријали, наводнувањето и работната рака. Се надеваа дека барем на почетокот чќе имаат добри цени за да покрија дел од тие зголемени трошоци за да не бидат во загуба. Од министерството за земјоделство засега велат дека ги следат случувањата со откупните цени на доматите.

Откупната цена на доматите не ја утврдува Министерството за земјоделство, туку се формира согласно пазарните услови. Но, Министерството внимателно ја следи состојбата и ќе остане во редовна комуникација со сите производители и откупувачи.

Откупувачите, пак, имаат поинакво објаснување за состојбата. Велат дека во овој период нагло се започнати бербите во Македонија, со што значително се зголемила понудата на пазарот. Во исто време за берба стасуваат и доматите во Србија, како и во другите балкански земји каде што традиционално се извезува македонското производство.

Она што се откупуваше во мај полесно се продаваше и имаше дробра цена за извоз иако Албанија бере многу порано од нас. Според нив, зголемената понуда во регионот и намалената побарувачка на извозните пазари довеле до пад на откупните цени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евробарометар: 53% од граѓаните на ЕУ го поддржуваат проширувањето, Шпанија лидер, Франција најскептична

Мнозинство граѓани на Европската Унија и натаму го поддржуваат проширувањето, покажува најновиот Евробарометар.

Евробарометар: 53% од граѓаните на ЕУ го поддржуваат проширувањето, Шпанија лидер, Франција најскептична

Според анкетата, 53% од Европејците се за прием на нови членки, што е за 3% помалку од лани. Најголема поддршка има меѓу граѓаните во Шпанија со 71% и Литванија со 70. Поддршката е висока и во Хрватска, Романија, Полска и Словачка, додека во Бугарија 49% од граѓаните се за проширување.

Најголем скептицизам има во Франција, каде само 35% го поддржуваат проширувањето, и во Германија со 43%, токму земјите, чии лидери, Макрон и Мерц деновиве излегоа со заеднички нон-пејпер за забрзување на проширувањето, со постепена интеграција на кандидатите уште пред полноправното членство. Сепак надворешниот советник за европски прашања во кабинетот на претседателката, Драган Тилев оценува дека големите одлуки за проширувањето не зависат само од јавното мислење, туку од политичка визија и долгорочен европски интерес.

-Голем ентузијазам кај овие две држави особено не постоел ни претходно..Доколку се донесуваат одлуки од ваков висок политички и стратешки интерес, врз основа на јавните мислења во одредени држави тогаш веројатно ни ЕУ немаше да постои и да се прошируваше. Не ја намалувам важноста и тежината на јавното мислење но кога се донесуваат големи стратешки одлуки, во тој случај одлучуваат политичарите со визија,- Драган Тилев

Но, паралелно со европските дебати за проширувањето и условот за Македонија да го донесе уставните измени, земјава се соочува и со уште еден предизвик, блокадата која Софија ја става на акцискиот план за малцинства, како што откри премиерот Мицкоски. Тоа според, Тилев може дополнително да го искомлицира формалниот почеток на преговорите, зашто како што вели, Македонија е единствената земја чие усвојување на акцискиот план е директно поврзан со отворањето на првиот кластер.

--Според правилата на одлчување кои навистина има обиди да се џрелативизираат, да се олабават, да се ослободи притисокот на ветото врз процесот на пристапни преговори, тоа сега се случуваше и на дебатите во Тиват и во документите како нон-пејпери кружеа во Тиват, но се додека тоа не се промени важат правилата кои што се во моментов на сила, а тоа е дека една држава може да даде вето на нашиот напредок, што во случајов е Бугарија но може да биде било која друга држава,- Драган Тилев

Во Брисел и натаму трае дебатата за воведување на квалификувано мнозинство, наместо принципот на едногласност за прашања од надворешната политика, за која земјите членки остануваат поделени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија ги почнува преговорите со ЕУ за „Роаминг како дома“

Македонија в петок ги почнува преговорите со ЕУ за системот „Роаминг како дома“, на 12ти е закажан првиот состанок меѓу министрите од Западен Балкан и претставниците на ЕК на кој треба да се разговара за главните елемнти на преговарачката рамка.

Македонија ги почнува преговорите со ЕУ за „Роаминг како дома“

Македонија в петок ги почнува преговорите со ЕУ за системот „Роаминг како дома“, на 12ти е закажан првиот состанок меѓу министрите од Западен Балкан и претставниците на ЕК на кој треба да се разговара за главните елемнти на преговарачката рамка, следните чекори и статусот на подготвеност на секоја земја, по што ќе следи индивидуално преговарање на секоја од земјите.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски е оптимист дека Македонија ги исполнува предусловите, и како што вели подготвена влегува во процесот. Очекува земјава да биде меѓу првитте од Западен Балкан која ќе ги заврши преговорите. Намерата е земјите кандидатки од регионов да добијат претпристапни бенефеиции меѓу кои е и бесплатниот романиг со ЕУ, а токму ова прашање се најде на маса и на Самитот ЕУ Западен балкан во Тиват.

„Од наша страна клучниот дел од подготовките е завршен, регулаторниот пакет измените на законот за електронски комуникации и дополнителните измени на подзаконските акти се подготвени законот е утврден на седница на влада испратен до еу .... Очекуваме да добиеме повратен одговор во почетокот на преговорите. Следниот чекор е сектроски преговори на секоја од државите поеднично кој што ќе започнат со првиот состонок на министерите. “-Стефан Андоновски – министер за дигитална транфорамција.

Андоновски, иако вели роковите не зависат од нас туку од ЕУ, се надева дека веќе од јануари 2027ма македонските граѓани кои ќе патуваат во Мадрид, Рим, Париз, Амстердам да зборуваат и користат интерент по цени исти како и дома.

„По истите цени кои што граѓаните ги плаќаат пакетите за користење на мобилни услуги, повици, смс пораки и интернет во државата по исти цени ќе може да ги користат и поволностите на истите овие мобилни услуги во Европската унија“-Стефан Андоновски – министер за дигитална транфорамција.

На денешниот брифинг со новинарите, Андоновски го презентираше и системот СМАРТ лиценци, кој вели претставува уште еден практичен чекор во дигиталната трансформација на јавните услуги.

Целта според министерот е државата да престане да бара од граѓаните и компаниите да бидат курири на документи и да обезбеди податоци кој ќе бидат точни, достапни, проверливи и безбедни.

Овој систем почнува со примена токму во неоговот министтерство , а псоред најавите во напредна фаза на развој и тестирање се и лиценците на Министерството за економија и труд, кои се однесуваат на ноќен клуб, дискотека, кабаре, бар и хотел, а се очекува тестирањето да заврши до крајот на јуни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер