2Превентивни активности на СВР Скопје, СВР Штип и СВР Велес за безбеден сообраќај и спречување пожари
3Лишено од слобода лице од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква, следува соодветна пријава
МакедонијаСДСМ: Роаминг наместо реформиВМРО-ОКГ и Мицкоски денес се фалат со „Роаминг како дома“, како да се тоа нивен голем успех и како да го покренале токму тие.Да разјасниме: Ова не е проект покренат и реализиран од ВМРО. Ова е европска политика која важи во целата ЕУ и која ја спроведуваат сите земји кандидати за членство. Процесот е потпишан и започнат уште во времето на владата предводена од СДСМ. Наместо да работат на она што е навистина важно, на реформите - ВМРО се фали со нешто што и онака мора да се направи. Додека се фалат со роминг, граѓаните немаат пари за патувања, а оние кои сепак одат мора да чекаат и по 10 часа на граница. Толку за „олеснување на животот на граѓаните“. На реформите работеле толку „успешно“ што единствениот закон што се обиделе да го протуркаат - Законот за судскиот совет, Европа го врати на повторно реформирање. Толку за нивната посветеност на европскиот пат. Мицкоски и неговата банда не сакаат правосудство затоа што тоа значи независно европско правосудство. А независно правосудство значи дека повеќе нема да можат да наредуваат на обвинителите од собраниската говорница, преку медиуми или по телефон. Нема да можат да најавуваат пресуди во живо во своите програми. Тогаш доаѓа одговорноста и некој ќе мора да одговара за грабежот на државата. Затоа Мицкоски и ВМРО не сакаат реформи. Затоа нема напредок кон Европа. Затоа што Европа носи правда, а правда значи крај на заштитата на криминалот и корупцијата. Доста е со лаги. Реформи сега. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКоњановски на работна средба со градоначалникот на ХагПелагонија учи од холандските модели за иднината.Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, како дел од регионалната делегација на Пелагонија, оствари работна средба со градоначалникот на Хаг, Јан ван Занен, во рамки на студиската посета на Холандија организирана од „Про Локал". Средбата беше посветена на размена на искуства за локалното управување, циркуларната економија, одржливиот урбан развој и улогата на младите во креирањето на локалните политики. Во разговорите беше ставен акцент на современите предизвици со кои се соочуваат европските градови, управувањето со отпад, климатските промени, меѓуопштинската соработка и потребата младите да бидат активни чинители во развојот на своите заедници. Градоначалникот Ван Занен сподели и лични впечатоци од неговите посети на Македонија, посебно на Скопје и Охрид, истакнувајќи ги гостопримството на македонските граѓани и убавините на земјата. Средбата беше дел од поширока студиска посета реализирана во рамки на проектот „ПЕЛО", поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија преку програмата MATRA, со цел запознавање со успешни европски модели кои ги поврзуваат локалната самоуправа, младите, бизнис секторот и академската заедница во создавањето иновативни и одржливи локални заедници. Во делегацијата учествуваа градоначалниците на Битола, Прилеп, Ресен, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени, како и претседателот на Регионалната стопанска комора – Прилеп, Никола Мариноски. Во рамки на посетата, делегацијата оствари работни средби и посети на неколку водечки центри за иновации, одржлив развој и локално управување во Холандија, каде што беше презентиран начинот на кој локалните власти, универзитетите, бизнис секторот и граѓанските организации заеднички работат на решавање на конкретни општествени и економски предизвици. Во Хаг, делегацијата се сретна со претставници на Асоцијацијата на холандски општини (VNG) и Академијата за локално управување, каде што беше презентиран холандскиот модел на локална самоуправа, меѓуопштинска соработка и активно вклучување на младите во процесите на донесување одлуки. Посебен акцент беше ставен на начинот на кој младите се вклучуваат во креирањето на локалните политики преку директна соработка со општините, образовните институции и граѓанскиот сектор, како и на подготовката на младите за новите зелени работни места и економијата на иднината. Делегацијата го посети и „Titaan Hub" – еден од најиновативните центри за поврзување на младите, образовните институции и компаниите. Преку конкретни примери беше прикажано како младинските идеи добиваат простор за развој, тестирање и комерцијализација во соработка со приватниот сектор, создавајќи нови производи, услуги и стартап компании. Токму овој модел беше препознаен како особено релевантен за развојот на идните иницијативи во Пелагонискиот регион, каде што задржувањето на младите и создавањето нови можности за вработување претставуваат заеднички приоритет на локалните самоуправи. Посетата започна во Амстердам со „De Ceuvel" – еден од најпознатите европски примери за трансформација на загаден и запуштен индустриски простор во функционален центар за одржлив развој, иновации и претприемништво. Делегацијата се запозна со практичната примена на принципите на циркуларната економија и со начинот на кој локалните власти создаваат услови за граѓанските организации, експертите и младите да придонесат во обновата на урбаните средини. Во Делфт, делегацијата го посети Техничкиот универзитет Делфт, еден од најреномираните технички универзитети во Европа, како и „The Green Village" – уникатна лабораторија на отворено каде што истражувачи, студенти, компании и локални власти заеднички развиваат и тестираат решенија за справување со климатските промени и изградба на поодржлива инфраструктура. Презентираните решенија опфатија иновативни градежни материјали, енергетски ефикасни системи за греење и ладење, употреба на алтернативни извори на енергија, како и нови пристапи во проектирањето на јавната инфраструктура. За градоначалниците, овие искуства беа особено значајни бидејќи покажуваат како локалните самоуправи можат да соработуваат со академската заедница и бизнис секторот во креирањето поодржливи и поотпорни градови, подготвени да одговорат на предизвиците на климатските промени. Една од најсилните пораки што произлезе од посетата е дека успешните политики за одржлив развој не се резултат на активности на една институција, туку на партнерство помеѓу локалната самоуправа, младите, образовните институции, бизнис секторот и граѓанските организации. Токму ваквиот модел на соработка претставува важна насока за идниот развој на Битола и Пелагонискиот регион. Студиската посета овозможи нови контакти, размена на искуства и отворање можности за идна соработка со холандски институции, универзитети и иновациски центри, со цел добрите практики и успешните модели постепено да се прилагодат и применат во локалниот контекст. Општина БитолаТагови: Тони Коњановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности на СВР Скопје, СВР Штип и СВР Велес за безбеден сообраќај и спречување пожариДенеска (10.06.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, на територија на ПС Гази Баба реализираа превентивна активност насочена кон спречување на пожари. Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожар е кривично дело, кое соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“. Исто така, на територија на ПС Гази Баба, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди. Целта на активностите беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, при што беше укажано на обврската за носење заштитен шлем. Превентивни активности за безбеден сообраќај реализираа и полициски службеници од ОВР Пробиштип во Пробиштип, а полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачје на Велес. На пешаците им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации, а на возачите да не возат под дејство на алкохол и да го користат сигурносниот појас и секако да ги почитуваат сите сообраќајни правила и прописи. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишено од слобода лице од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква, следува соодветна пријаваНа 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје - Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје. На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото. Набргу, по преземени мерки, возилото било сопрено, а лицето приведено во полициска станица.. Со Д.М. бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Додека, при преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека ги користел за вршење на делото. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter