Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаСДСМ: Рекордна финансиска поддршка за земјоделците, грижата за аграрот продолжуваЗемјоделците и сточарите имаат сојузник, пријател и поддржувач во Владата предводена од СДСМ, која е целосно посветена на активни политики за нивна поддршка и стимулација.Само во изминатава недела Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати над 617 милиони денари субвенции на фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, како и 182,3 милиони денари на сите фармери кои задржале женско јагне. Исто така со оваа исплата префрлени се и средства за тутунопроизводителите во износ од 11.4 милиони денари. Исплатена е и финансиска поддршка за засеани површини со сертифициран семенски материјал, како и исплата на субвенции и за пчеларство. Досега веќе се исплатени 5,5 милијарди денари, заедно со усвоениот ребаланс а со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат рекордни 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци. Покрај редовните субвенции, се грижиме и за поттикнување на младите кои се дел или имаат намера да се вклучат во овој сектор. До 29 август отворени се апликациите за финансиска поддршка преку мерката позната како „Млад земјоделец", која е наменета за сите регистрирани индивидуални земјоделци, кои имаат до 40 години и кои може да добијат до 10 илјади евра за инвестиции или отворање на сопствен агро-бизнис. Исто така, на почетокот на месецов, ресорното министерство објави четири јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, како дополнителен стимул за развој на оваа дејност. Јакнењето и повеќестраната поддршка на домашното земјоделско производство е клучен дел од нашата економска политика, која цели кон одржлив развој и модернизација. СДСМ како одговорна партија останува посветена на помош и поддршка на секој земјоделец, на секое земјоделско стопанство. Трпче Грозданоски, член на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)Бројот на повредени лица во тајфунот Чампи во Тајван се искачи на речиси 530, додека едно лице почина, соопштија властите.Според извештаите, човекот починал во четврток откако бил повлечен во морето од брановите во јужниот дел на островот. Бурата предизвикала голема штета во некои делови од Тајван. Властите регистрирале речиси 2.200 соборени дрвја и повеќе од 700 оштетени згради. Според извештаите на медиумите, повеќе од 280.000 домаќинства привремено останале без електрична енергија. Powerful waves battered Taiwan's eastern coastline Friday as Typhoon Champi approached the island, bringing dangerous conditions to coastal areas. Taiwan's Interior Ministry warned residents to stay away from coastlines and ports, citing dangerous waves and strong winds intensified by the approaching typhoon and northeast monsoon. — CBS News (@CBSNews) October 23, 2026 Налетите на ветерот достигнале 162 километри на час Чампи, кој накратко достигнал јачина на супертајфун, оттогаш ослабнал. Тајванската метеоролошка служба објавила постојани ветрови до 126 километри на час во близина на центарот на бурата, со налети кои достигнуваат 162 километри на час. Се очекува Чампи да се движи кон север и да помине во близина на кинеската крајбрежна покраина Џеџијанг до недела.Тагови: Тајван тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрозданов: Кочани се менува со одговорно работење – реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“Кочани се менува со одговорно работење – реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“, изградба на дом за стари лица и поддршка на студентите и младите спортисти.Кога ја презедов должноста градоначалник на Кочани, знаев дека пред нас има тешка и макотрпна работа. Градот го затекнав во еден од најтешките периоди во својата историја, со силни очекувања за промени, напредок и побезбеден живот, но и со болка, загуба и револт што не можат да се измерат со ниту еден отчет. Затоа, секој ден од мандатот го гледам како обврска да бидеме достапни за граѓаните, да ги решаваме нивните проблеми и да создаваме услови за подобар живот. Во изминатите 11 месеци работевме на решавање на конкретни потреби на придвижување на проекти што Кочани одамна ги очекува. Дел од нив се завршени, а дел се во тек. Пред вас ги претставувам најзначајните активности и постигнати резултати. На булеварот „Теодосија Паунов“, кој е во должина од 1.040 метри, се изведени атмосферската канализација, тротоарот, велосипедската патека, а поставен е завршниот асфалтен слој во една коловозна лента. Инвестиција која изнесува 88 милиони денари, од кои Министерството за транспорт обезбеди 85 милиони денари, а Општина Кочани околу 3,5 милиони денари. За изградба на атмосферската канализација на истиот потег, Владата одобри дополнителни 62 милиони денари. Поставивме камен-темелник за изградба на домот за стари лица во Кочани. Склучен е договор во вредност од околу 247 милиони денари, со државна поддршка од 200 милиони денари и учество на Општина Кочани од околу 47 милиони денари. Со поддршка на Владата напредува и изградбата на мостот помеѓу улиците „Вера Которка“ и „Лазар Андонов“. Испитана е носивоста на коловите, а во тек е армирањето и бетонирањето на столбовите, каде според планираната динамика, следува бетонирање на мостовската плоча. На влезот во Кочани од правец кон Грдовци се подготвува изградбата на Јужниот булевар, со должина од околу 900 метри во четири коловозни ленти. Министерството за транспорт склучи договор во вредност од околу 117 милиони денари, каде се извршени подготвителните работи, а за продолжување на изградбата потребно е да се премести постојната електроенергетска мрежа. Значаен зафат во водоводната инфраструктура е изградбата на дел од потисниот цевковод од Филтер-станицата кон подрачјето на Турските гробишта, за што Владата на РМ одобри 60 милиони денари преку Министерството за транспорт и во тек е интензивно извршување на истиот проект. Ја завршивме и реконструкцијата на улицата „Бел камен“, со нов коловоз, нови тротоари и обновена водоводна и атмосферска мрежа. Обезбедени се околу 10 милиони денари од Владата преку заем од Светска банка и 700 илјади денари од Буџетот на Општина Кочани. Со средства од општинскиот буџет ги асфалтиравме улиците „8“ и „11“ во Долни Подлог, „Маршал Тито“ и „Гоце Делчев“ во село Прибачево, а во тек се работни активности на улиците „Боро Ловџија“ и „Јане Сандански“, а следуваат и активности на улиците „Искра“ како и на улицата „Илинденска“ во Кочани. Овие зафати се обезбедени од општинскиот буџет во вредност од 8 милиони денари. Ја асфалтиравме и улицата „Мите Стојчев“ во Тркање во должина од 570 метри, со вложување од 4 милиони денари од општинскиот буџет. На повеќе локации изградивме тротоари, потпорни ѕидови и уредивме дел од пристапните улици и патеки. На преостанатите локации работите продолжуваат. Во тек е реконструкција на крак од улицата „Генерал Апостолски“, со вредност од околу 2 и пол милиони денари, каде се обезбедени средства со подеднакво учество на Општина Кочани и Бирото за регионален развој. Отпочнувањето на работните активности се планира до крај на месец октомври. Исто така ја изградивме и водоводната линија на улицата „563“, над каналот во зоната на Лесна индустрија. Обезбедивме грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и главниот доводен цевковод за геотермалната вода од геотермален систем. Во соработка со КЈП саниравме сериозни дефекти на водоводната и канализационата мрежа, ги очистивме бунарите во Грдовски Орман каде обезбедуваме посигурно водоснабдување. Комуналните екипи продолжуваат со редовно одржување на јавната хигиена на расчистувањето на дивите депонии, вклучително и на оние кои со години беа запоставени. Со донација од Република Чешка, вредна околу 8 милиони денари, територијалната противпожарна единица доби ново противпожарно возило, со што се зајакнуваат капацитетите за интервенција при пожари и други вонредни состојби. За Гинеколошко-акушерското одделение во Општа болница во Кочани, потпишавме договор за поддршка со Република Полска, во вредност од 48 илјади евра, наменети за набавка на медицинска опрема која ќе ѝ биде предадена на болницата. Отворивме Центар за услуги во Кочани, каде што граѓаните на едно место ќе имаат пристап до електронски услуги од повеќе институции. Обезбеден е и бесплатен безжичен интернет на јавен простор. Во Индексот на активна транспарентност за 2026 година Општина Кочани постигна висок резултат од 98 проценти. Продолжуваме со навремено објавување на документите и информации за работата на Општината. Во соработка со Црвениот крст на РМ и надлежните институции, услугата помош и нега во домот опфати 50 повозрасни наши сограѓани. Отворивме Дневен центар за лица со попреченост, обезбедувајќи дополнителна поддршка како за нив така и за нивните семејства. Изработивме проектна документација за групно домување, со предвидена изградба на седум објекти со по четири станбени единици, како чекор кон обезбедување на достоинствени услови за домување за семејствата од Старата касарна. Во месец јануари оваа година започна со работа новиот објект „Детелинки“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“, кој е со капацитет за повеќе од 120 деца. Исто така ја започнавме и постапката за јавна набавка за реновирање и опремување на централната кујна во објектот кој се вика „Сончогледи“, а е во заедничка соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади ги обезбеди средствата за опремувањето како и општината Кочани каде Министерството ги обезбеди соодветните средства, а Општина Кочани ќе ги финансира градежните работи. Исто така во соработка со Министерството вклучивме и деца Роми во предучилишното образование. За академската 2025/2026 година доделивме општински стипендии на 31 студент од Кочани, во износ од 4.000 денари месечно во тек на десет месеци. Ги наградивме и учениците за нивните успеси на натпревари, како и првенците на генерациите од основните и средните училишта, со по 20.000 денари. Министерството за образование и наука одобри 40 милиони денари за вложувања во училиштата. Предвидени се пет дополнителни училници во ОУ „Никола Карев“, обнова на подот и кровот во СОУ „Гошо Викентиев“ и фотоволтаици во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Оризари. Во тек се потребните постапки за реализација на планираното. Во населбата Калиманова Глава отворивме детски велодром – простор каде за најмладите ќе можат да го користат за возење велосипед и рекреација, а изграден од донација на Стопанска банка. За спортските клубови и младите спортисти обезбедивме поддршка во износ од над 7.000.000 денари. Ја поддржуваме работата на културните установи, библиотеката, локалните творци и здруженијата. Посебно место има манифестацијата „Денови на оризот“, преку која ја негуваме традицијата, по која Кочани е препознатлив. Почитувани сограѓани, jа одбележавме првата годишнина од трагедијата во која згаснаа 63 животи. Со комеморативна програма, молитва и положување на цвеќе им оддадовме почит на нашите сограѓани што прерано ги загубивме. Под наслов „Кочани Ви Благодари“ организиравме Ден на благодарноста за сите што несебично се вложија во спасувањето и закрепнување на нашите млади сограѓани. На настанот присуствуваа повеќе од 1.500 гости од земјата и странство, меѓу кои лекари, медицински персонал и лица од различни области кои со денови и ноќи се бореа за спас на секој еден живот. Со културно-уметничка програма, во која настапија и нашите великани Симон Трпчески, Игор Дурловски и други уметници во нивно и наше име им оддадовме признание на сите што помогнаа. По повод Петровден беше осветен крст во спомен на прерано починатите во трагедијата. Изграден е со поддршка од Брегалничката епархија и општествено одговорни компании, а Општина Кочани ги обезбеди проектната документација и одобрението за поставување. Во рамките на Црвениот крст на РМ отворивме Центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка. Одржуваме средби со семејствата на повредените со семејствата на починатите, помагаме во организирање на потребните прегледи и се грижиме за поддршка на сите деца. Ова останува наша понатамошна обврска. Почитувани, изминатиот период завршивме значајни зафати и отворивме услуги што им се достапни на граѓаните. Пред нас се проекти што треба да ги довршиме. Ќе продолжиме транспарентно да информираме за сработеното, за активностите што се во тек и за задачите што ни претстојат. Им благодарам на Владата на РМ на надлежните министерства, на вработените во Општината Кочани, на Советот, јавните претпријатија и установите, на донаторите, здруженијата, на волонтерите и на сите оние кои го даваат својот придонес. На вам драги сограѓани ви благодарам за довербата, предлозите но благодарам и за критиките. Тие се поттик да работиме уште подобро. Кочани заслужува посветена работа, одговорно управување и резултати што ќе им служат на граѓаните. Со таа обврска ќе продолжам да го извршувам мандатот што ми го доверивте и понатаму, рече Владко Грозданов, градоначалник на општина Кочани. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноСе роди бебе со мустаќи- снимката предизвика реакции низ целиот свет (ВИДЕО)Видео кое кружи на социјалните мрежи изненади илјадници корисници бидејќи прикажува новороденче со темна коса над горната усна и на дел од образот.Видео кое кружи на социјалните мрежи изненади илјадници корисници бидејќи прикажува бебе со темна коса над горната усна и на дел од образот, што го прави да изгледа како да има брада и мустаќи, пишува Metro Ecuador. Видеото брзо предизвика бројни коментари, шеги и прашања за тоа што би можело да го објасни овој феномен. Сепак, засега нема независна потврда за потеклото на видеото или дали прикажаните слики навистина претставуваат вистински случај. Un video de un bebé con vello facial se ha vuelto viral, generando miles de reacciones. Los expertos recuerdan que cada caso debe evaluarse con un profesional de salud. https://t.co/lEf5vwZ0cw — Ecuador Al Día 365 (@ecuadoraldia365) October 23, 2026 Може ли бебе да се роди со толку многу коса? Некои новороденчиња може да развијат таканаречено лануго, или фина и мека коса што покрива различни делови од телото за време на феталниот развој. Тие обично исчезнуваат природно по раѓањето. Сепак, ова не значи дека виралното видео може автоматски да се објасни со овој феномен. Не е можно да се утврди причината само врз основа на фотографија или видео објавено на социјалните мрежи. Постојат и претходни примери на бебиња кои станале вирални поради изразени влакна на лицето и телото. Таков случај е забележан пред неколку години во Бразил, кога видеата на едно момче станаа вирални на TikTok.Тагови: бебе мустаќи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook