СДСМ: Разоткривање: Алфа ТВ како пропаганден столб и политичка алатка на ВМРО - Канал 5

СДСМ: Разоткривање: Алфа ТВ како пропаганден столб и политичка алатка на ВМРО

Денеска АКТ прави уште едно разоткривање.

СДСМ: Разоткривање: Алфа ТВ како пропаганден столб и политичка алатка на ВМРО

Во средината на политичко-финансиската мрежа на оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, преку нивните партии, банки, бизнис интереси, и лажни договори за реклами има и клучен пропаганден столб: Алфа телевизија.

Денеска ќе ја разоткриеме позадината на оваа пропаганда, на политичките врски и бизнис мрежите.

Граѓаните ќе видат, зошто токму преку Алфа телевизија се водат црните кампањи, хајки, јавниот линч врз СДСМ и претседателот Филипче.

Зошто оваа Телевизија делува како политичка алатка на ВМРО? Зошто Жан Митрев беше искористен?

Ништо не е случајно.

Прво да видиме кој стои зад Алфа ТВ?

Петер Шац, унгарски медиумски бизнисмен и човек од тесниот круг на Виктор Орбан. Преку компанијата CHS Invest Group, Шац контролира 57% од „Алфа Скоп ДОО“, фирма - стопроцентен сопственик на телевизијата.

Контролата ја презема во 2017 година - токму во периодот кога Орбан започнува агресивна експанзија на своето медиумско влијание на Балканот.

Петер Шац е познат по блиските врски со Виктор Орбан и неговата партија Фидес, при што неговите медиумски активности често се користат за промоција на агендата на Орбан, вклучувајќи ширење пропаганда и финансиски трансакции кои биле под истрага поради сомнежи за перење пари.

Пред тоа, Алфа била во сопствеништво на српски бизнис-структури, меѓу кои и групацијата Comtrade на Веселин Јевросимовиќ - човек со документирани релации со Александар Вучиќ и СНС.

Континуитетот е очигледен: сопствениците се менуваат, политичката линија останува иста.

Орбан е поврзан со бизнисите на Шац, но особено е важна врската со Хабоњи и поддршката за Груевски (на кому Орбан му даде азил).

Во 2020 година, Шац беше обвинет за даночна измама во Северна Македонија поради непријавување на приход од 190.000 евра во неговата компанија CHS Invest Group.

Истражувањата на ИРЛ и Oštro покажаа дека таканаречените „рекламни договори“ (маслиново масло, сувенири, онлајн продавници без реален пазар) биле користени како механизам за трансфер на милиони евра кон медиуми под контрола на Шац.

Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка, сопственост на Давор Мацура, банкар близок до Вучиќ, отвора сериозни прашања дали истиот механизам (банки - реклами - медиуми - политичко влијание) повторно се активира, овојпат преку српско-унгарска оска, во услови кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.

Не е случајно што кујните на ВМРО, порталите како Плусинфо.мк и Експрес.мк се преплавени со реклами поврзани со Алта.

Дури и логото на Алфа и Алта банка се слични, сменети во иста година.

Дали сега се појасни навредите и нападите кои доаѓаат од Бетмен, Героски, Ивона Талеска?

Сега доаѓаме и до Жан Митрев. Човекот кој токму на Алфа ТВ започна црната кампања и јавен линч против Претседателот Филипче со изнесување на лаги.

Освен што беше обвинет дека со умисла довел во заблуда 283 пациенти во неговата клиника, кои други активности го поврзуваат Жан Митрев со оваа оска?

Тим на болницата „Жан Митрев“ ја претставувал Македонија на меѓународен турнир во „walking football“ во Будимпешта во 2025 година.

Финансиран преку македонскиот државен фонд за здравство.

Еден од тимовите-учесници на овој турнир е Фехервар од Унгарија, тим - поврзан со поранешниот клуб Видеотон каде што играл Орбан. Киниши е вториот тим учесник на турнирот со Жан Митрев исто така од Унгарија.

Да појасниме, Орбан е познат по својата опсесија со фудбалот – тој е поранешен играч, голем фан и го користи спортот како дел од својата политика.

Ништо не е случајно.

Прашање е дали кога бил во Будимпешта Жан Митрев сретнал со својот драг пријател Никола Груевски, голем помагач на неговата болница уште од самото основање?

Колку средства добил од буџетот на Фондот за здравство во 2025 година?

Дополнително Жан Митрев Клиника учествувала на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад (одржан од 27 до 29 ноември 2025 година. Добила и награда за „придонес кон иновациите и професионалниот пристап на клиниката како водечка дестинација за медицински туризам“.

Министерството за култура и туризам на Северна Македонија, како дел од Владата била поддржувач а наградата ја врачил македонскиот министер Зоран Љутков.

Нови Сад не е случајна точка на мапата. Со години градот беше под директна контрола на Милош Вучевиќ, долгогодишен градоначалник, претседател на СНС, поранешен премиер и денешен советник на Вучиќ за регионални прашања.

Токму таму се вкрстуваат интересите: саеми, бизниси, банки, здравствени институции, политички покровителства. Таму се доделуваат награди, се градат „регионални партнерства“ и се цементираат неформалните врски меѓу владејачките елити.

Не случајно што е формирано и здружението „ВМРО-ДПМНЕ Србија“, предводено од Марјан Јованоски, поранешен дипломат и кадар од времето на Антонио Милошоски. Ова не може да се чита изолирано.

Во комбинација со блиските односи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СНС, станува јасно дека станува збор за регионално политичко позиционирање, а не за културно здружение.

Доаѓаме до заклучокот за оваа политичка, бизнис и медиумска оска – Орбан-Вучиќ-Мицкоски.

Алфа телевизија не е „само медиум“. Таа е политички проект.

Проект кој произлегува од пропагандна матрица, финансиран преку сомнителни шеми, со документирани врски со политичка и бизнис структура на оската Орбан-Вучиќ-Мицкоски.

Постојаните црни кампањи, нападите врз опозицијата, врз СДСМ антиамериканските и анти-ЕУ наративи не се „грешка на новинар“. Тие се директен производ на сопственичката, финансиската и политичката структура зад медиумот.

Како и во времето на Груевски, Алфа повторно функционира како центар за црни кампањи, јавен линч и координирани напади, овојпат со регионална поддршка.

Ова е нивното разоткривање!

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 12. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за четврток 12. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 12. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Пред вас е ден во кој не само што ќе бидете забавбни , туку и со љубезниот став и однесувањето ќе ги придобиете сите околу себе.

Кариера

Ќе успеете да се договорите за се , зашто нема да бидете тврдоглави , а другата страна ќе има поопуштен став.

Здравје и совет

Прошетајте се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидете да ги игнорирате грижите и да се сконцентрирате на она позитивбнотио што постои во вашата врска.

Кариера

Не измислувајте чудни изговори за да избегнете одговорност. ова за вас е голема шанса. Прифатете го предизвикот.

Здравје и совет

Однесувајте се позрело.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Со помош на добрите пријатели , ќе најдете пат како повторно да го освоите срцето на саканата личност.

Кариера

Ќе чувствувате дека на работа ви е се понапорно , зашто барањата се поголеми , а тука е и притисокот што се засилува.

Здравје и совет

Правете редовни паузи.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се замислувате во некоја друга улога , поинаква од онаа во која живеете. Најмногу би сакале да побегнете , но немате каде.

Кариера

Некои денеска ќе земат мала пауза ,з а да ги соберат мислите и да се доведат вом ред. Оние кои работат , нека се држат до редовните должности.

Здравје и совет

Не одете преку своите граници .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе бидете подготвени на различни лудости со кои ќе ја збунувате саканата личност.

Кариера

Не инсистирајте да биде нешто по ваше , зашто нема да ве разберат. Одработете го она што морате и бидете трпеливи.

Здравје и совет

Мал душевен немир.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Задоволни сте од својот сегашен однос со личноста која ви се допаѓа. Наоѓате многу заеднички интереси.

Кариера

Малку работи сега може да ве запрат . Ги совладавте сите лекции и можете истите да им ги држите на другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Мали нестабилности во односите со саканата личност ќе бидат поврзани со доминацијата. набргу ќе се договорите.

Кариера

Ќе изгледа како да сте многу позрели од своите шефови. Ако треба , тактично посоветувајте ги како понатаму.

Здравје и совет

Пијте повеќе вода.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате доколку не прифаќате , ниту пак барате некаква обврска во личнит еодноси.

Кариера

Денеска веројатно ќе ви опадне концентрацијата за посериозни задачи. Оние кои имаат поопуштена работа, ќе поминат добро. Другите нека внимаваат.

Здравје и совет

Наспијте се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска семејството ќе бара од вас дополнителен ангажман. Партнерот ќе има разбирање.

Кариера

Најдобри ќе се искажете во кореспонденција и соработка со другите. Оние јкои учат , ќе имаат успеси.

Здравје и совет

Само немојте да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Со задоволство ќе споделувате се со другите , па така и со саканата личност. Денеска нема да се одвојувате.

Кариера

Пофалбите ви се пријатни и ве поттикнуваат на натаможни предизвици. Истовремено, други бараат помош од вас.

Здравје и совет

Помогнете со вашето знаење.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се однесувате таинствено и на тој начинќе ја привлечете другата страна. Сепак станува за вистинска измама. Само глумите мистерија.

Кариера

Влегувате во нова деловна фаза кога се ќе поминуваа поопуштено. Подготвени сте за отворена соработка со сите.

Здравје и совет

Уживајте во нежните соништа .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Мнгумина и денеска добро ќе се забавуваат , а вљубените навистина ќе уживаат. Ќе бидете задоволни.

Кариера

Она што го работите на вас ви изгледа лесно и едноставно , но тоа не го мислат и другите околу вас. Помогнете им.

Здравје и совет

Нема потреба за брзање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите?

ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња?

Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард?

Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ве загрижува ли честото ? Знаци на кои треба да обрнете внимание

Доколку често се борите со краткотрајно губење на помнењето, збунетост или проблеми со перцепција на просторот, просторна ориентација, можеби е време да посетите специјалист. 

 Ве загрижува ли честото ? Знаци на кои треба да обрнете внимание

Ризикот од развој на деменција се зголемува со возраста, особено ако оваа состојба е присутна и во вашето семејство. Но, како да знаете дали вашите повремени тешкотии во размислувањето, помнењето и носењето одлуки се само знаци на стареење или, пак, рани показатели за деменција?

„Деменцијата, генерално кажано, претставува состојба при која доаѓа до значително опаѓање на способноста на лицето да размислува, а оваа промена води кон намалена способност за функционирање и грижа за себе“, објаснува невропсихологот Арон Бонер-Џексон, пренесува „Кливленд клиник“ (Cleveland Clinic).

Д-р Бонер-Џексон ги наведе 10-те најчести рани знаци на деменција и даде конкретни совети што да преземете доколку сте загрижени дека можеби развивате деменција.

Во повеќето случаи, луѓето кај кои се развива деменција, без оглед на нејзиниот тип, првично доживуваат релативно слични симптоми кои со текот на времето се влошуваат. Овие симптоми не влијаат само врз способноста за јасно размислување и дејствување, туку можат да влијаат и врз физичкото, менталното и емоционалното здравје. Честопати, раните знаци на деменција се јавуваат во комбинација со тешкотии при прилагодување на промени во секојдневната рутина, како и со специфични обрасци на однесување и размислување.

1. Проблеми со краткорочната меморија

Губењето на краткорочната меморија често е најран знак за деменција и Алцхајмерова болест. Тоа се разликува од повремената заборавеност и се јавува почесто во различни ситуации, при што може да го попречи извршувањето на секојдневните активности. На пример, може да заборавите да завршите одредени задачи, како што се гасење на светлата или ставање на алиштата во машината за перење; може да заборавите што сте правеле среде некоја активност; или, пак, за време на разговор, да заборавите за што сте зборувале или кои биле одговорите на одредени прашања. „Луѓето можат совршено да се сетат на работи од пред многу години“, забележува д-р Бонер-Џексон. „Но, фрустрирачки е тоа што не можат да се сетат што правеле вчера или утрово.“

2. Промени во расположението или однесувањето

„Често гледаме промени во расположението или однесувањето уште во раната фаза на деменцијата“, додава д-р Бонер-Џексон. „Лицето може да покаже помал интерес за работи во кои претходно уживало. Може да стане поповлечено во социјална смисла и да не сака да биде во друштво на луѓе толку често како порано. Можеби веќе не наоѓа задоволство во работите во кои некогаш уживало. Исто така, може да стане пораздразливо, лесно да се фрустрира или да чувствува поголема вознемиреност отколку претходно.“

3. Губење во познати средини

Кога имате деменција, може повремено да заталкате или да се изгубите во познати средини – како што се вашето соседство, вообичаената рута до работа или училиште, па дури и во сопствениот дом. „Мислам дека најмногу загрижува кога луѓето ќе отидат со автомобил до продавница, што е оддалечена само еден километар, а потоа ќе се изгубат на враќање – патување кое инаку би требало да биде сосема едноставно“, вели д-р Бонер-Џексон.

4. Зголемена збунетост

Во раните фази, може да се најдете збунети во различни ситуации. Може да имате потешкотии да сфатите каде се наоѓате или кој месец е, и да не бидете во можност сами да ги решите овие или други проблеми. Неможноста да се обрне внимание дури и на најситните детали, како и тешкотиите во расудувањето, дополнително ја влошуваат оваа збунетост. „Ако некој е задолжен за плаќање на сметките за домаќинството, може да почне да заборава да ги плати – или пак, може да плати некоја сметка, да заборави дека веќе го сторил тоа и повторно да ја плати, или едноставно да направи грешка. Слушаме приказни каде што некој прави грешка во износот – на пример, додава една нула повеќе – и одеднаш должи голема сума, или на крајот плаќа многу повеќе отколку што всушност должи“, објаснува тој.

5. Тешкотии при справување со промени

Во раните фази на деменцијата, промените можат да бидат исклучително тешки за прифаќање. Може да почувствувате засилен страв, раздразливост или дезориентираност кога ќе се соочите со нови предизвици или пречки, што може да ве наведе цврсто да се држите до познатите рутини. Ако нешто ја наруши вашата рутина, може да ви биде тешко да се прилагодите на промената. „Чест пример е промената во режимот на земање лекови“, појаснува докторот. „Лицето треба да земе нов лек, кој не е дел од неговата вообичаена рутина. Токму тогаш може да почне да заборава дека треба да го земе лекот.“

6. Промени во рационалното расудување и просторната свесност

Лицето со деменција може да доживее суптилни или значителни промени во своите обрасци на однесување или во способностите за расудување. Ненадејните, импулсивни постапки – како што се преминување на улица без да се провери дали доаѓа возило или грубо однесување кон другите може да станат почести, дури и ако таквото однесување претходно не било карактеристично за таа личност.

7. Тешкотии при донесување одлуки

Чувството на парализираност пред потребата за носење одлуки може да биде ран знак за деменција, особено ако ви е потребна помош да направите избор. Заморот од носење одлуки може да го отежне извршувањето на секојдневните активности, како што се избирање облека, купување одредени предмети или одлучување помеѓу подготовка на вечера и одење на прошетка. „Ако некој има проблем при донесување одлуки или лесно се збунува во ситуации со кои инаку би можел без проблем да се справи, тоа може да биде причина за загриженост“, истакнува д-р Бонер-Џексон.

8. Тешкотии при извршување нови или познати задачи

Еден од раните знаци за деменција е суптилната тешкотија во извршување на секојдневните задачи. На пример, може да ви биде тешко да следите рецепт, да се придржувате до упатствата за составување нов мебел или да управувате со финансиите, сметките и буџетот. Ако имате симптоми на деменција, дури и учењето нови хобија или вклучувањето во нови активности може да ви изгледа покомплицирано отколку порано. „Лицето со деменција веројатно ќе има поголеми тешкотии при учење нови вештини или навики, што го отежнува започнувањето ново хоби или учеството во нова активност. На пример, може да имаат потешкотии да ги запамтат правилата на нова игра со карти или да се сетат на следните чекори во некој проект за шиење“, вели докторката.

9. Чувство дека не сте толку брзи

Нормално е да забавите малку како што стареете, но тоа не треба премногу да влијае на вашата способност да функционирате во текот на денот. „Некои забележуваат дека се чувствуваат помалку координирано. Некои чувствуваат како да им се забавило размислувањето и можеби одат побавно“, вели д-р Бонер-Џексон.

10. Тешкотија во следење на разговорите

Дел од тоа забавување често влијае на способноста за одржување на комуникација. Можеби ќе имате проблем да ги изразите вашите мисли, да разберете што зборуваат другите или да ги најдете вистинските зборови во тековниот разговор. Други физички симптоми на деменција може да се појават во форма на губење на видот или слухот. „Губењето на слухот е фактор што може да предиспонира за деменција. Ако видот е слаб, ќе биде потешко да се обработат информации“, објаснува тој.

Рани знаци кај мажите и жените

Познато е дека Алцхајмеровата болест различно ги погодува жените - тие побрзо се влошуваат по дијагнозата, особено ако го имаат генот аполипопротеин Е (APOE)-ε4 (кој е наследен). Всушност, две третини од дијагностицираните случаи на деменција и Алцхајмерова болест во САД се жени. „Не знаеме точно дали овие повисоки стапки се поради тоа што жените живеат подолго од мажите или дали жените имаат поголем ризик на истата возраст. Но, знаеме дека ризикот од Алцхајмерова болест и деменција воопшто се зголемува со стареењето“, вели докторот.

Што да се прави?

Клучно во дијагностицирањето деменција е прво да побарате стручна помош, а прв чекор е вашиот лекар. Доколку е потребно, тој ќе ве упати кај невролог или друг специјалист за целосна проценка. Пред дијагнозата, лекарите ќе направат неколку тестови кои вклучуваат тестирање на рамнотежа, координација и рефлекс, когнитивно тестирање, невропсихолошко тестирање, скенирање на мозокот и тестови на крвта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер