СДСМ: Расипништвото на власта продолжува, годинава потрошени 30.000 евра за јадење по ресторани - Канал 5

СДСМ: Расипништвото на власта продолжува, годинава потрошени 30.000 евра за јадење по ресторани

Денес е 1 Мај, денот кога работниците маршираат за своите права и повисоки плати. 

СДСМ: Расипништвото на власта продолжува, годинава потрошени 30.000 евра за јадење по ресторани

На овој ден, објавуваме нов скандал кој уште еднаш потврдува до која мера оваа власт е отуѓена од народот и длабоко заглавена во елитизам, расипништво расфрлајќи се со народните пари.

Во држава каде што работниците бројат денови до платата, министри од ВМРО-ДПМНЕ трошат десетици илјади евра – на јадење и пиење во луксузни ресторани.

Почитувани граѓани,

Верувале или не, во првите четири месеци од годинава, оваа власт потрошила над 30.000 евра во скапите скопски ресторани. Гозби, ручеци и вечери плаќале речиси сите министри, а сметките кои се достапни на „Отворени финансии“ се запрепастувачки. Одредени исплати се во вредност и по 3.000 евра! Ова се податоците кои се јавно достапни и ќе бидат дадени до медиумите.

Почитувани министри,

Малку ли ви беа папајата, аспарагусот и егзотичните набавки од 35.000 евра? Дали тоа не беше доволно за владата да се најаде, па требаше уште толку да се потроши и по ресторани?

Секој месец оваа година, почнувајќи од јануари, Владата трошела просечно по 10.000 евра од буџетот на кафеани, додека им објаснуваше на работниците дека 400 евра се доволни за живот. Нема пари за плати, но има за гоштевања на министрите.

Ова не е расипништво – ова е изживување. Ова не е власт на граѓаните – ова е елита што се изолирала од сопствениот народ.

Главни кафанџии според овие сметки, кои ги доставуваме до јавноста, се Дон Тимчо Муцунски, Дон Филков, сите трошаат како мафијаши, во време кога имаме најниски плати во регионот.

Замислете, дури и министерот за култура Љутков бил Дон, кој не беше кадарен да исплати плати на вработените во културата – плаќа баснословни суми по кафеани! Културните работници да знаат дека додека они немаа плати, барем министерот не бил гладен.

ВМРО-ДПМНЕ денес не е партија на народот. Тоа е затворен круг на луѓе што уживаат додека народот се бори.

Тие се изгубени во луксуз, без чувство, без срам, без контакт со реалноста. Приватни авиони, скапи ручеци, набавки на папаја и манго – ова веќе ги поминува сите граници.

Оваа власт е симбол на елитизам, ароганција и тотално отуѓување. Немаат врска со народот. Немаат совест. И очигледно, немаат намера да запрат.

На 1 Мај порачуваме:

СДСМ ќе продолжи да ја разобличува оваа власт, да ги брани граѓаните и работниците, и да се бори за нивните права.

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

YouTube video

Скопје, 1 мај 2025

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило

Сите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди.

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди.

Пет лица во Тетово (двајца малолетници), тројца во Скопје, двајца во Прилеп (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Гевгелија, Зајас и Демир Хисар возеле без возачка дозвола. Еден од малолетниците во Тетово и уште еден друг возач претодно учествувале во сообраќајни незгоди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски воен брод пукал кон јахта во Ламанш

Морнари од руски воен брод испукале предупредувачки истрел кон јахта што му се приближила во Ламанш, дознава британската новинска агенција „Press Association (PA)“.

Руски воен брод пукал кон јахта во Ламанш

Инцидентот се случил во вторник околу 11:40 часот, а според неофицијални информации, вмешана била руската фрегата „Адмирал Григорович“. Сè се случило во морската област помеѓу британскиот остров Вајт и францускиот регион Нормандија.

Истрел бил испукан кога цивилен брод кој се приближил кон руски воен брод

Крајбрежната стража во понеделник попладне добила дојави од цивилен брод под британско знаме што пловел во близина на руската фрегата „Адмирал Григорович“. Од британскиот брод било пријавено дека Григорович испукал предупредувачки истрел откако двата брода поминале опасно блиску еден до друг во каналот.

Настанот е најнов во низата индикации за растечки тензии меѓу Велика Британија и Русија.

Напад на командоси врз руски танкер

Само два дена претходно, во недела, британските сили спроведоа голема операција во истиот канал. Командосите на Кралските морнарички сили и Националната агенција за борба против криминалот (NCA) извршија рација и ја презедоа контролата врз танкерот „Смиртос“.

Бродот е под меѓународни санкции и припаѓа на таканаречената „флота во сенка“ на Русија, која се користи за таен транспорт на нафта.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Болнички службеник фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Административен службеник во ЈЗУ општа болница Прилеп е осомничен дека фотографирал дебитна платежна картичка на прилепчанец, а потоа со нејзините податоци извршил десетици интернет-трансакции, при што незаконски потрошил повеќе од 90.000 денари.

Болнички службеник фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Според пријавата од МВР, на 13 октомври минатата година, осомничениот, кој работел како административен службеник на шалтер за наплата во прилепската болница, ја фотографирал дебитната платежна картичка на лице од Прилеп. Потоа, во периодот до 19 февруари годинава, користејќи ги податоците од картичката, извршил вкупно 71 интернет-трансакција, при што била предизвикана штета во износ од 90 илјади денари

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер