МакедонијаСДСМ: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан СалтировскиВласта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката Пулс во кој 62 деца го загубија својот живот, а 200 беа повредени.Христијан Мицкоски ги искористи сите механизми на власта, закани, уцени и присоци со единствена цел да ги заштити своите луѓе, односно оние кои се најодговорни за трагедијата која го снајде Кочани, а тоа се актуелните функционери на власта. Токму обвинителот Љубомир Коцевски кој беше под закана дека ќе биде сменет од актуелната власт, вчера ја затвори истрагата без ниту еден осомничен или обвинет актуелен функционер на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со што ли го држи Мицкоски Коцевски под своја целосна контрола? СДСМ остави простор истрагата да биде завршена целосно и се надеваше дека ќе има правда. Денес е јасно дека правда нема. Ниеден од актуелните финкционери не е обвинет! Од денес ги поставуваме клучните прашања и ги изнесуваме клучните докази кои очигледно се кријат за да се заштитат оние од власта. Прво заштитено лице е Дејан Салтировски. Обвинителството мора да одговори: Дали постои пишана наредба за акциска контрола во која стои дека вратите на дискотеката Пулс треба да бидат затворени? Ова е спротивно на стандардните операциски процедури. Прашуваме кој бил потпишан на таквата наредба? Зошто ако обвинителството поседува ваков документ нема ниту еден обвинет актуелен полициски функционер од таа вечер? Понатаму, Обвинтелството и Власта мора да одговорат зошто нема обвинение против тогаш актуелниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски? Тој знаел или морал да знае дека во наредбата за акциска контрола спротивно на СОП стои дека ќе бидат затворени вратите во дискотеката Пулс?! Понатаму, зошто обвинителството не го објави јавно видеото на кое се гледа началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски во периодот 12:30 до 01:20 част пред дискотеката Пулс во Кочани. Дали обвинителството го запраша Салтировски што барал во овој период пред дискотеката и зошто полицијата не влегла да врши акциска контрола како што било предвидено во 12:30 часот кога започнува забавата наместо на крајот од истата? Дали Дејан Салтировски во меѓувреме фалсификувал документација дека вечерта не бил на работа или за тоа постојат конкретни докази? Дали Дејан Салтировски е заштитен од кривичен прогон затоа што ее во кумовска врска со Орце Тодоровски - Ефто еден од најблиските соработници и бизнис партнери на Христијан Мицкоски со кој градеше хидроцентрални и кој беше обвинет за милионски криминал во случајот Делчевски ниви? Дали Дејан Салтировски е заштитен лично од Панче Тошковски кој што бил негов адвокат и не само што правно го застапувал туку како вработен во гранична полиција на полицајците им нудел потпишано полномошно од адвокат Панче Тошковски со цел да испумпуваат пари од буџетот на државата? Дали е точно дека Дејан Салтировски подолго време не можел да добие безбеносен сертификат и ако е така како е можно да биде поставен на една така висока позиција во МВР? Мајките завиени во црно и стотиците повредени најмалку што заслужуваат е правда! Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има! Вистината за трагедијата во Пулс мора да излезе на виделина! Јавно го повикуваме обвинителството да се ослободи од стегите на власта затоа што селективната правда е неправда! Во меѓувреме СДСМ ќе продолжи јавно да ги објавува сите информации кои ги има поврзани со трагедијата во Кочани се додека нема одговорност за актуелните функционери на власта. Ова е само првиот во серијалот пресови за она што се случувало во кочанската дискотека Пулс. Одговор на новинарско прашање на потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова За скандалозниот тендер во МВР очекуваме постапка од Обвинителство Ова е огромен скандал кој мора да биде расчистен до крај и да има одговорност. Тендер од 4 милиони евра да биде доделен на фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот, без седиште, без можност да потврди квалитет. Ние очекуваме не само реакција од ДКСК и отворање на предмет туку целосно расчистување со утврдување на одговорност. За тоа потребна е итна реакција од Јавното обвинителство кое мора да постапи и да лоцира одговорност. Каја Шукова, потпретседателка на СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
СветМаск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“ Американскиот милијардер, најбогатиот човек на светот, Илон Маск изјави дека не припаѓа на движењето MAGA на претседателот Доналд Трамп, иако со години јавно го поддржуваше.Маск зборуваше за својот однос со движењето на Трамп во средата на самитот „Дилбук“ (DealBook Summit), организиран од „Њујорк тајмс“. „Не сум сигурен што воопшто значи MAGA, но ако тоа подразбира некаква слепа лојалност кон политиката на Републиканската партија, тогаш тоа секако не е нешто што ме опишува мене“, рече Маск, објаснувајќи го својот однос со движењето на Трамп. За време на претседателската кампања во 2024 година, Маск отворено го поддржа Трамп, учествуваше на неговите предизборни собири и носеше капи со натпис MAGA, што е кратенка за слоганот на Трамп: „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again). На еден од предизборните собири на Трамп, тој изјави: „Јас не сум само MAGA, јас сум ’темен MAGA‘!“ Трамп му одговори Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на Маск во интервју за NBC News. Тој рече дека постојат различни толкувања на движењето MAGA, но исто така предупреди на последиците од отстапувањето од неговите принципи. „Постојат многу дефиниции“, рече Трамп за значењето на движењето MAGA. Тој додаде дека ова политичко движење има многу конкретно значење за него и дека оние што отстапуваат од неговите принципи не поминуваат добро.Тагови: Доналд Трамп Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВан Дајк ги открива планови за иднината- Дали летово ќе го напушти Ливерпул?Капитенот на Ливерпул, 35 годишниот Вирџил ван Дајк призна дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра за славниот англиски клуб од Енфилд Роуд следната сезона. Договорот на холандскиот централен дефанзивец истекува во јуни 2027 година, а во интервју за „Скај Спортс“ (Sky Sports), тој не ја исклучи можноста да го напушти „Енфилд“ по речиси една деценија. Ван Дајк дојде во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018 година и со клубот освои две титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите. „Најважно за мене е да се чувствувам добро и да се грижам за себе. Верувам дека можам да играм уште многу години. Ќе видиме што ќе се случи по оваа сезона. Ако некој тврди дека знае што ќе правам следната сезона, тоа не е точно, бидејќи во моментов, ни јас самиот немам поим“, изјави Ван Дајк. Тој објасни дека не сака премногу да размислува за иднината и дека моментално е фокусиран на натпреварите што му претстојат на Ливерпул: „Ова беше неверојатно патување за мене. До летото ќе поминат речиси десет години откако пристигнав, а Ливерпул стана огромен дел од мојот живот. Засекогаш ќе бидам благодарен за сè што доживеав. Дали ќе го продолжам договорот – ќе видиме. Ако не, ќе се збогувам на лето“. Оваа сезона, Ван Дајк останува еден од најважните играчи на Ливерпул; под водство на Андони Ираола, тимот моментално се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата по десет одиграни кола, со освоени 18 бода. Холанѓанецот ги одигра сите 900 минути во лигата досега, а во неделното дерби против Манчестер Јунајтед би можел да го забележи својот 350-ти настап во Премиер лигата. Ливерпул оваа сезона има остварено пет победи, три нерешени резултати и два пораза, со што заостанува девет бода зад лидерот на табелата, Арсенал. Во одбраната, Ван Дајк најчесто игра во тандем со 21-годишниот Жереми Жакет, кого клубот го доведе од Рен. Холанѓанецот го пофали својот млад соиграч, истакнувајќи дека – и покрај неговата возраст – тој веќе покажал зрелост неопходна за натпреварување на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПожар во ноќен клуб во Никозија – гости останале заробени на балкон Пожар избувнал во ноќен клуб во Никозија, при што повредено е едно лице. Поради чадот околу 50 лица останале заглавени во објектот и се засолниле на балконите каде што останале до гаснењето, при што биле безбедно евакуирани. Портпаролот на противпожарната служба на Кипар, Андреас Кетис, информираше дека околу 2:45 часот добиле пријава за пожар на влез на ноќен клуб во кипарскиот главен град, а од пожарот биле уништени тепихот и паркетот со кои бил обложен влезот на објектот. „Поради чадот, што се прошири на првиот кат, околу 50 лица (гости) останаа заробени во објектот. Еден маж се здоби со изгореници при обид да го изгасне пожарот“, изјавиле од противпожарната служба. Повредениот бил пренесен во болница, а во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила со екипи од противпожарните станици во Никозија.Причините за пожарот треба да ги покаже истрагата, а кипарските медиуми пожарот најверојатно бил подметнат, бидејќи извори од полицијата посочиле дека на влезот била пронајден запалива материја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook