СДСМ. Пратениците на ДПМНЕ да не гласаат за скандалозниот закон за партиска милиција на Тошковски - Канал 5

СДСМ. Пратениците на ДПМНЕ да не гласаат за скандалозниот закон за партиска милиција на Тошковски

Пратениците на ДПМНЕ да не гласаат, Хелсиншки комитет, ЕУ, НВО да регираат за скандалозниот закон за партиска милиција на Тошковски.

СДСМ. Пратениците на ДПМНЕ да не гласаат за скандалозниот закон за партиска милиција на Тошковски

СДСМ остро се спротивставува на скандалозниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, кој денеска е во второ читање во Собранието, а е предложен од Панче Тошковски.

Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се освестат и да не гласаат. Затоа што и тие ќе бидат следни на удар на системот што сега слепо го поддржуваат.

Како што никој не беше поштеден во времето на Груевски, така и сега Тошковски подготвува режим во кој секој што нема да слуша ќе биде уценет, притиснат, замолчен.

Ги повикуваме Хелсиншкиот комитет, Канцеларијата на ЕУ, ОБСЕ, невладините организации, странските амбасади, сите демократски држави и целата демократска јавност итно да реагираат на овие опасни и режимски политики.

СДСМ алармира: ова е безбедносна, демократска и институционална криза во најава!

Овој предлог-закон не е ништо друго освен брутален обид за партизирање на полицијата и претворање на Министерството за внатрешни работи во партиска милиција под команда на Тошковски.

Директен напад врз безбедносниот систем, врз институциите, врз граѓаните.

Се руши професионалноста, се укинуваат критериумите за образование и искуство, се отвора вратата за вдомување на партиски војници.

Се урива системот на кариерно напредување, се бришат податоци, се амнестираат осудени и сомнителни кадри. Ова не е реформа, ова е реставрација на груевизмот преку Панче Тошковски.

Класичен режимски план за создавање на параполициски апарат, алатка за притисок, закани и политички прогон.

План за враќање на времето на „МВРО“ и апсолутна партиска контрола, кога полицијата беше во функција на партијата, а не на граѓаните.

Тошковски свесно ја уништува полицијата, во време кога државата се соочува со сериозни безбедносни предизвици.

Укинувањето на регионалните гранични центри е директен ризик за границите. Бришењето на полициски податоци е обид за прикривање злоупотреби и криминал.Зголемувањето на старосната граница за вработување е механизам за вдомување партиски кадри.

Полицијата мора да остане професионална, непартизирана и во служба на граѓаните.

Секој чекор спротивен на тоа е удар врз демократијата, безбедноста и иднина на државата.

Прес конференција на СДСМ, Миле Талески - пратеник

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола го одбележа Денот на државноста на Хрватска

По повод Денот на државноста на Република Хрватска, во Културно-информативниот центар (Офицерски дом) во Битола се одржa свечен настан во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола. 

Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола го одбележа Денот на државноста на Хрватска

Програмата понуди богата уметничка содржина. Препознатливиот далматински мелос, во Битола го пренесе далматинската клапа „Цетињани“ – здружение клапа Хрваце од Хрватска, а како специјални гости настапија учениците од Државното музичко училиште – Битола: Климент Ристески, Јан Неќак и Теона Ванеска.

На присутните им се обрати Бранко Маретиќ претседателот на МХД ХЦ „Марко Марулиќ“.

„Ги поздравувам сите присутни и гости на оваа манифестација, ден кога се одбележува еден датум значаен за хрватската историја“, изјави Маретиќ, и додаде: „Ден кога хрватскиот Парламент донесе одлука во 1991 година да се одвои од бивша Југославија и да се започне процесот на самостојна република Хрватска и ден кога е конституиран првиот демократски повеќе партиски Парламент на Хрватска. Денес ги славиме првите 36 години суверенитет на модерна демократска Хрватска, земја членка на ОН, Европа и НАТО. Без познавање на сопствената историја и корени, ни еден самосвесен народ не можел да преживее на историската сцена, и затоа посебно им оддаваме чест на бранителите и на првиот претседател, д-р Фрањо Туџман. Нашето здружение „Марко Марулиќ“ е основано кратко по тие историски 1990-ти, во 1994 година, фокусирајќи се првенствено на културни активности и зачувување на националниот идентитет, јазикот, културата, уметноста, фолклорот, музиката, но и на духовните вредности на хрватската нација, негувајќи ги и развивајќи ги хрватско-македонските врски и меѓусебните односи меѓу двата пријателски народи“.

Настанот го модерираше Неда Маретиќ, ПР на Хрватскиот културен центар, која потсети на проектите изминатите месеци.

„Оваа година го славиме и Денот на хрватското знаме. Неодамна гостувавме во Сплит, како дел од меѓународната конференција „Современи пристапи во обликувањето на библиотечните простори за деца и млади“, организирано од Градската библиотека „Марко Марулиќ“. Како дел од програмата во Далматинската библиотека, го претставивме нашиот културен центар и потпишавме Меморандум за соработка со директорката на Градската библиотека „Марко Марулиќ“ од Сплит, Гроздана Рибичиќ, и ја поврзавме Националната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола, во чие име директорката, м-р Емилија Стефановска Давкова потпиша Меморандум за соработка со директорката на ГКММ. Со ова ја обновивме соработката помеѓу двете библиотеки по подолга пауза и ги поврзавме на уште еден начин Битола и Сплит. Во рамките на 4-от Меѓународен детски фолклорен фестивал „Весел петок“во организација на КУД „Илинден“ од Битола, гостуваа членовита на КУД. „Далмација“ од Дуги Рат. Бевме дел и одбележувањето на Светскиот ден на културната разновидност во Битолa, организирана од Општина Битолa“.

Клапската изведба е заштитена од Унеско, па традиционално за Денот на државноста овој културен центар претставува некоја клапа во Битола. Клапата „Цетињани“ работи под уметничко водство на Јулија Галиќ, а претседател на здружението е Јошко Галиќ.

„Не ми е првпат да доаѓам во Македонија. Досега сум била двапати. Бев во Охрид. Имам многу пријатели кои се од Македонија. За мене Македонците се гостољубиви луѓе, опуштени, весели, блиски до нас по карактер. За нас, Македонија е земја која навистина со радост ја посетуваме“.

Директорката на Државното музичко училиште, м-р Марија Шамоска Буџаковски, ни истакна дека нивните ученици сами се пријавуваат кај професорите за да учествуваат во настаните на Хрватскиот културен центар. Учениците кои настапија се во класите на професорките м-р Маја Митровска и д-р Јана Четелева Белевска.

Помеѓу приситните беа: Бригадир Рајко Периќ, воено аташе при Амбасадата на Хрватска во Скопје за Македонија, Албанија и Косово, Стевче Стевановски градоначалник на Општина Новаци, конзулите на Бугарија, Франција, претставниви на Католичката црква, претставници на институции, КУД-ови, организации од Битола, Скопје и регионот.

Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Во текот на изминатите години Хрватскиот културен центар од Битола, воспостави соработка со сите релевантни институции од Македонија и Хрватска, беше иницијатор на неколку збратимувања со општини и КУД-ови. Одбележувањето на Денот на државноста на Хрватска во Битола е организирано во соработка со Културно-информативниот центар Битола, Општина Битола, Центарот за култура, Државното музичко училиште, Сплитско Далматинскиот округ и Централната канцеларија за Хрватите кои живеат надвор од Република Хрватска.

Фотографии: Александар Василевски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Две години одложувања, пропаганда и обиди за девалвирање на автопатот Скопје- Блаце, а денес се фалат со проектот што ние го создадовме и го заштитивме

Денес се претставува почетокот на работите на преостанатиот дел од автопатот Скопје- Блаце. Ова е добра вест за граѓаните и за стратешкото поврзување со Косово. 

ДУИ: Две години одложувања, пропаганда и обиди за девалвирање на автопатот Скопје- Блаце, а денес се фалат со проектот што ние го создадовме и го заштитивме

Но јавноста заслужува да ја знае вистината: ова е проект што беше осмислен, проектиран, финансиран и заштитен од владата предводена од ДУИ.

Во време кога првичните студии оценуваа дека изградбата на автопатот не е економски оправдана, ДУИ донесе стратешка и политичка одлука, преку која Блаце- како главна порта кон Косово и дел од Коридорот 8 треба да биде поврзано со Скопје преку модерен автопат, а не преку обичен магистрален пат.

За овој проект беа обезбедени 20 милиони евра грант од Европската Унија, беше подготвена техничката документација од американската компанија Hill, беа реализирани проектантските постапки за сложен терен со мостови, вијадукти и тунели, започна процесот на експропријација и беше обезбедено меѓународно финансирање за продолжување на изградбата.

Една од најважните одлуки беше изградбата на првите 2 километри од автопатот. Овој сегмент не беше изграден случајно, туку како стратешка гаранција проектот подоцна да не може да биде претворен во магистрален пат. Токму овие 2 километри практично го направија невозможно отстапувањето од првичниот концепт.

Владата предводена од ДУИ ги спроведе и тендерските постапки, на кои аплицираа 11 компании, додека на следната влада ѝ остана само да го избере изведувачот и да ги продолжи работите.

Наместо тоа, проектот беше блокиран две години и проследен со контрадикторни изјави, тврдења за промена на трасата, идеи за негово сведување на магистрален пат и обиди да се претстави како нов проект. Дополнително, беа потрошени околу 8.850.000 денари за анализи и измени, за на крај повторно да се вратат на решението што го подготви ДУИ.

Денес, оние што некогаш го оспоруваа овој проект и го одложуваа две години, се обидуваат да ги присвојат заслугите за него. Фактите говорат поинаку: автопатот Скопје- Блаце е производ на визијата, планирањето и работата на ДУИ.

Коридорот 8, Коридорот 10-Д, автопатот Скопје- Блаце, Патот Rruga e Arbërit, тетовската обиколница и проектите за олеснување на граничните премини се доказ за политика што инвестираше во регионалното поврзување и долгорочниот развој.

Го поздравуваме секој чекор кон завршување на автопатот, но нема да дозволиме пропагандата да ги замени фактите. Граѓаните добро знаат кој го започна овој проект, кој го заштити и кој го одложуваше две години.

ДУИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 13.06.2026 во 09:50 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишија од слобода Е.Н.(56) од Гостивар.

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом и помошни простории во Гостивар, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена тврда кафеава материја.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер