СДСМ: Пожарите беснеат на сите страни, ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална неспособност - Канал 5

СДСМ: Пожарите беснеат на сите страни, ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална неспособност

Ситуацијата со пожарите во земјава е алармантна: над 50 пожари се регистрирани за едно деноноќие, веќе со денови гори на планините и во шумите, пожари има во Берово, Прилеп, Катланово, Петровец, Кичево, Кратово, Крива Паланка,

СДСМ: Пожарите беснеат на сите страни, ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална неспособност

Ситуацијата со пожарите во земјава е алармантна: над 50 пожари се регистрирани за едно деноноќие, веќе со денови гори на планините и во шумите, пожари има во Берово, Прилеп, Катланово, Петровец, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Желино, Македонски Брод..., се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува во интегрална форма.

Над 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се изгорени, претворени во пепел.

Наместо брза, координирана и силна реакција, владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа катастрофлана неспособност во справување со пожарите.

Се доцни со интервенцијата на терен, со што се дозволува пожарите да земат огромен замав, нема нова опрема, нема доволен број на пожарникари, нема доволно лица на теренот.

Иако власта ветуваше дека оваа година биле најспремни за пожарите и нема да дозволат да земат замав се покажа дека се било голема лага.

Нема нови противпожарни возила, затоа што за ВМРО-ДПМНЕ приоритет беше купивањето службени мобилни телефони за дури 7 милиони евра. Колку противпожарни возила можеа да се купат со 7 милиони евра?

Нема нови системи и авиони за гасење пожар затоа што власта се расфрлаше со парите на граѓаните за приватни летови, за скапа морска храна, папаја и манго.

Нема вработување на нови пожарникари, нема зголемување на платите на пожарникарите затоа што за ВМРО-ДПМНЕ приоритет беа партиските списоци за вдомување на партиските членови.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ги одбиваше сите предлози на СДСМ.

Последно, во Собранието ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа ниту амандманите на СДСМ со ребалансот да се обезбедат повеќе пари, 500 милиони денари за зголемувањето на бројот на пожарникарите, за зголемување на нивните плати, како и набавка на нова опрема.

Страшно, жално и крајно неодговорно е однесувањето на Владата кон целата состојба со пожарите.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

26 годишна девојка од Македонија загина утрово во стравична сообраќајка

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија, при што животот го загубила 26-годишна девојка од струшкото село Ливада.

26 годишна девојка од Македонија загина утрово во стравична сообраќајка

Според првичните информации, автомобил управуван од жителка на Корча Албанија се судрил со возило со македонски регистарски таблички, кое го управувала македонската државјанка. Во несреќата смртно настрадала 26-годишната Е.Л., која била сопатничка во возилото со македонски таблички. Повредени се и двајцата возачи, како и уште двајца патници кои се наоѓале во двете возила. Сите повредени се пренесени во болница, каде што им е укажана лекарска помош. Според информациите на албанските медиуми, нивната состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност. На местото на несреќата извршен е увид, а истражните органи работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до трагичниот судир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа за 80-тиот роденден на Трамп

Јужниот тревник на Белата куќа денеска ќе биде домаќин на невиден спортски и политички спектакл.

УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа за 80-тиот роденден на Трамп

Како дел од двојната прослава за 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и големиот јубилеј – 250 години од Декларацијата за независност на САД, во претседателската резиденција е поставен октагон за борба. Претседателот Трамп, кој е долгогодишен страствен фан на мешаните боречки вештини, борбите според најавите ќе ги следи од првиот ред заедно со членовите на неговиот кабинет и илјадници вип гости

Фото: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на населението на 10 милиони, покажуваат првичните проекции

Гласачите во Швајцарија го отфрлија предлогот за ограничување на населението на земјата на 10 милиони, покажуваат првичните проекции.

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на населението на 10 милиони, покажуваат првичните проекции

Не се пребројани сите гласови, но сегашниот тренд покажува дека 55% од учесниците гласале против, во споредба со 45% кои биле „за“, пренесе Би Би Си. Предлогот дојде од десничарската швајцарска Народна партија, која долго време води кампања на антиимиграциска платформа. Во швајцарија која има над 9 милиони жители, една третина се лица кои се родени во странство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер