СДСМ повторно го поднесе Предлог законот за минимална плата, дава поддршка на барањето на ССМ за нејзино зголемување - Канал 5

СДСМ повторно го поднесе Предлог законот за минимална плата, дава поддршка на барањето на ССМ за нејзино зголемување

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска повторно го поднесе Предлог законот за измена на Законот за минимална плата, откако претходно бил вратен од претседателот на Собранието Африм Гаши поради, како што посочил, технички недостатоци.

СДСМ повторно го поднесе Предлог законот за минимална плата, дава поддршка на барањето на ССМ за нејзино зголемување

Претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче на денешната прес - конференција во Собранието изјави дека очекуваат законот да биде ставен на дневен ред во текот на месецов. Тој кажа дека во следниот период ќе се види дали постапката на враќање била направена со цел, како што вели, да се одложи неговото разгледување.

Филипче посочи дека СДСМ дава целосна поддршка на барањата на Сојузот на синдикатите за минимална плата од 600 евра, оценувајќи дека работниците заслужуваат „достоинствен живот“, особено, вели, во услови кога синдикалната кошница надминува 65.000 денари. Како можни извори на средства, тој ги посочи буџетските категории за патни трошоци и репрезентација, од кои, според него, може да се обезбедат средствата.

Тој повтори дека државата, според него, може да ги субвенционира придонесите за зголемените плати во приватниот сектор за да не се нарушела ликвидноста на компаниите.

Филипче упати критика до власта за најавите за купување нов владин авион, оценувајќи го тоа како „расипништво“ во услови кога граѓаните протестираат за повисоки плати.

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе и измени на Законот за административни службеници. Според Филипче, измените што Владата ги направила претходно довеле до намалување на платите на службениците во Собранието за 30 проценти, што, како што оцени, ја компромитира независноста на законодавниот дом. Тој побара поддршка од сите пратеници за да се врати претходното ниво на примања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таксист од Скопје под закана со нож ограбил Кинез, ќе се гони за разбојништво

МВР расчисти кривично дело разбојништво веднаш по пријавувањето, лишен е од слобода сторителот, следува соодветна пријава .

Таксист од Скопје под закана со нож ограбил Кинез, ќе се гони за разбојништво

На 08.09.2026 во 01:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(29) од Скопје.

Според пријавеното, тој претходно со неговото приватно такси возило го превезол Ј.Т.(26) од Кина на бараната дестинација, по што му побарал да плати повеќе отколку што реално чини превозот. Откако Ј.Т. не се сложил, А.К. со закана со остар предмет му одзел пари.

По целосно документирање на случајот ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ќе поднесат кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член .237 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во неготинско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 07.09.2026 во 18:30 часот во село Дуброво, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Х.Т.(20) од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга. 

Претрес во неготинско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Х.Т. и при преглед кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана, која Х.Т. ѝ ја дал кога ги забележал полициските службеници.

Тие биле приведени во полициска станица, со малолетничката бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски дрон погоди зграда на телевизија во Киев- најмалку петмина вработени се повредени (ФОТО)

Русија денеска изврши директен напад со дрон врз медиумите и новинарите во Украина, погодувајќи ја зградата на телевизиската станица „Ние сме Украина“, која е дел од националниот телефонски маратон „Јунајтед њуз“. 

Руски дрон погоди зграда на телевизија во Киев- најмалку петмина вработени се повредени (ФОТО)

Нападот во Киев се случил среде бел ден, додека новинарите биле во пренос во живо, објави Киев Пост.

Зградата била делумно уништена во нападот, а сите служби веднаш интервенирале на терен. Пожарникарите од Државната служба за вонредни ситуации го изгаснале пожарот, а според досегашните информации, повредени се пет лица. Надлежните служби предупредуваат дека овој број за жал може да расте.

„Европа и светот мора да реагираат“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го осуди нападот во објава на X, велејќи дека ваквите потези откриваат нови димензии на руските злосторства.

„Употребата на дронови од типот Шахед против медиумите претставува нова фаза на руска деградација, на која Европа и целиот свет мора да реагираат“, рече Зеленски. „Ниеден напад врз Украина и Украинците - врз самиот живот - не може да остане неказнет. Русија мора да биде запрена, а тоа е можно само со заеднички сили“.

Зеленски, исто така, ги сподели шокантните сцени од местото на настанот. Фотографиите прикажуваат рането и крваво лице на носилка од амбулантно возило опкружено со лекари и пожарникари, додека други слики покажуваат катастрофална штета на повеќекатната зграда со урнати фасади и скали, скршени прозорци и остатоци расфрлани низ дворот и паркингот околу објектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер