2 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
МакедонијаСДСМ: Повторно дефокус - платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на МицкоскиПовторно дефокус. Платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на Мицкоски.Токму кога СДСМ го разоткри планот на Мицкоски за распродажба на Македонија, отворање рудници и експлоатација на антимон без согласност од граѓаните. Токму кога објавивме дека приватна компанија за оружје платила над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски. Дефокус од платформата ЗНАМ 2.0. Напад врз СДСМ и претседателот Венко Филипче. Прашањето е едноставно: кому му одговара дефокус и пренасочиување на вниание на граѓаните од криминалот на Мицкоски и неговата организирана криминална група? Само на арамијата Мицкоски. Не случајно се платени преку тендери вредни 1,6 милиони евра. СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски. ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг. Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо. ЗНАМ 2.0 нема да помине! Скопје, 25.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Го охрабруваме Филипче да не се откажува и да продолжи да го води СДСЈа разбираме состојбата во која се наоѓа Венко Филипче и бројните внатрепартиски проблеми во кои се наоѓа неговата партија.Тоа што Венко Филипче ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за деликатноста на внатрепартиските состојби и поделеноста во СДС е само со цел да го оттргне вниманието од проблемите и да се обиде да ја задржи кохезијата внатре во партијата. Од аспект на ВМРО-ДПМНЕ, вистината говори дека за нас нема подобро решение од тоа Венко Филипче да биде претседател на СДС. Го охрабруваме да не се откажува и да продолжи да го води СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканХрватски фудбалер уапсен со 14 килограми дрога, родителите му работат во полицијатаДваесет и шестгодишен фудбалер од Загреб е уапсен откако полицијата пронашла речиси 14 килограми марихуана во неговиот автомобил.Хрватскиот портал „Индекс“ пишува дека неговите родители се вработени во полицијата, а идентитетот на фудбалерот не е објавен. Тој се сомничи за неовластено производство и трговија со дрога. Граничната полиција во Вргорац го запрела неговиот „Мерцедес“ во вторникот попладне, на 22 септември, на автопатот А1. При контролата на возилото, полициските службеници забележале две спортски торби во багажникот. Автомобилот потоа бил пренесен во полициската станица, каде што бил извршен претрес врз основа на судски налог. Во торбите биле пронајдени 20 пакувања со вкупно 13 килограми и 848 грама марихуана. Според полицијата, дрогата била наменета за продажба. „По завршувањето на криминалистичкото истражување, 26-годишникот е предаден на надлежниот орган со кривична пријава за неовластено производство и трговија со дрога“, наведуваат од загрепскиот портал.Тагови: марихуана Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканФото: Драма во Атина: Силна експлозија ги разбуди луѓето, насекаде има урнатини Нешто пред 8:00 часот утринава, во најстарата атинска населба Плака одекна експлозија, при што тешко е оштетена станбена зграда, а полесно беше повреден еден минувач, соопшти локалната противпожарна служба.Експлозијата се случила во стара двокатна зграда на улицата Лисикрат, спроти Столбовите на Олимписки Зевс, пренесува „Прототема“. Противпожарната служба, која интервенирала на лице место, евакуирала две жени од соседната зграда, кои биле пренесени во болница. Σύμφωνα με τις πρώτες πληροφορίες κατάρρευσε παλιό διώροφο κτίριο στην οδό Λυσικράτους 5. Οι ίδιες πληροφορίες κάνουν για λόγο για έκρηξη που προήλθε από διαρροή φυσικού αερίου. Μεγάλη είναι η κινητοποίηση της Πυροσβεστικής, ισχυρή δύναμη της οποίας έσπευσε στην Πλάκα με τρία οχήματα και 12 πυροσβέστες. Πληροφορίες κάνουν λόγο για έναν τραυματία από θραύσματα, ενώ στο σημείο υπάρχει μικρή εστία φωτιάς. 👉🔗https://t.co/oAgiWB5pMw — in.gr/news (@in_gr) September 25, 2026 Експлозијата била исклучително силна и се слушнала во голем дел од центарот на Атина, а делови од зградата оштетиле паркирани автомобили, додека ударниот бран оштетил и продавници во околината. Противпожарната служба соопшти дека експлозијата предизвикала и помал пожар. Според првичните информации, експлозијата била предизвикана од истекување на природен гас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook