Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
2Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
МакедонијаСДСМ: Потсвесна поврзаност на Јанкуловска со процесите против нациститеКако партија, сметаме дека во оваа фаза не е ниту потребно, ниту етички, ниту правно основано да се коментира материјалната суштина на предметот – затоа што таа постапка сè уште не е ни започната.Изјавите на Гордана Јанкуловска и обидите да се претстави себеси како дел од „судените во Нирнбершките процеси“ се единствено и само потсвесни, од аспект на тоа што тие процеси биле насочени против нацистите и злосторниците од тогашната нацистичка Германија. Ништо повеќе. Ситуацијата со апликацијата на Јанкуловска пред Европскиот суд за човекови права е правен механизам што секој граѓанин има право да го искористи. Станува збор за формално дозволување на една апликација – чекор кој претставува само утврдување дека се исполнети процесните услови за Судот евентуално да пристапи кон суштинска анализа. Ништо повеќе. Судот во оваа фаза утврдува исклучиво формални елементи: дали се исцрпени домашните правни лекови, дали постои статус на жртва, дали е почитуван рокот и дали апликацијата е компатибилна со Конвенцијата. Тоа е стандардна процедура, дефинирана во член 35 од Европската конвенција за човекови права. Како партија, сметаме дека во оваа фаза не е ниту потребно, ниту етички, ниту правно основано да се коментира материјалната суштина на предметот – затоа што таа постапка сè уште не е ни започната. Но едно е јасно и останува длабоко врежано во сеќавањето на граѓаните: Гордана Јанкуловска, која денес се претставува како жртва, беше дел од системот што години наназад ги кршеше човековите права на секој граѓанин на оваа држава. Таа беше министерка која од позиција на моќ овозможуваше масовно прислушкување, изборен инженеринг, политичка репресија и брутална злоупотреба на институциите во корист на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Наместо Мицкоски да ја ретушира историјата и да ја брани својата сопартијка, подобро би било конечно да се огради од зулумите што тие 11 години ги правеа врз македонските граѓани. Зашто македонската јавност не заборавa, жртви беа сите граѓани, а „апликантката“ која денес зборува за човекови права беше токму таа која ги газеше.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евраДве вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани. Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските. Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарОд ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното.. Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook