3Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на населението на 10 милиони, покажуваат првичните проекции
МакедонијаСДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ изгоре 20% од територијата на државатаЦела Македонија повторно гори. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во пожари изгоре 20% од вкупната површина на шуми и пасишта. Тоа не е патриотизам тоа е предавство на сопствената држава. Кај оваа влада е одговорноста, потфрли во заштитата на имотот, природата, граѓаните. Од изминатата седмица, активни се над 100 пожари на територијата на цела држава. Гори во Берово, Радовиш, Василево. Веќе втора недела гори и Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка, Зелениково, Карбинци, Куманово, Липково, Гостивар, Желино, Старо Нагоричане… Наместо координирана интервенција и силно делување за гасење на огнената стихија гледаме тотална незаинтересираност и неорганизираност од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат во огнот. Општина Берово во изминатите денови е исто така оставена сама на себе, додека пожарот беснее на планината Готен. Само неколку пожарникари храбро се борат со огнената стихија, длабоко во планината, без никаква реална поддршка од државата. Ова е срамно и недозволиво. Секој ден се најавува помош, но помош досега никако да пристигне. Општината беше приморана да повика на мобилизација на локалното население и да побара помош од соседните општини за да спречи огнот да дојде до населените места како Владимирово и Русиново. Минатата година, Христијан Мицкоски ветуваше ревизија и модернизација на системот за заштита од пожари. Денес гледаме целосна деградација на тој систем. Наместо нови противпожарни возила – се купуваат службени мобилни телефони за 7 милиони евра. Наместо авиони за гасење пожар и пилоти – владата расфрла пари на приватни летови, луксузни хотели, скапа морска храна, папаја и манго. Наместо вработување пожарникари – се составуваат партиски списоци за вработувања во институциите. Не е патриотизам да оставиш имоти, шуми, пасишта да изгорат. Тоа е предавство. Скопје, 27.07.2025 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија26 годишна девојка од Македонија загина утрово во стравична сообраќајкаТешка сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија, при што животот го загубила 26-годишна девојка од струшкото село Ливада.Според првичните информации, автомобил управуван од жителка на Корча Албанија се судрил со возило со македонски регистарски таблички, кое го управувала македонската државјанка. Во несреќата смртно настрадала 26-годишната Е.Л., која била сопатничка во возилото со македонски таблички. Повредени се и двајцата возачи, како и уште двајца патници кои се наоѓале во двете возила. Сите повредени се пренесени во болница, каде што им е укажана лекарска помош. Според информациите на албанските медиуми, нивната состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност. На местото на несреќата извршен е увид, а истражните органи работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до трагичниот судир.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа за 80-тиот роденден на ТрампЈужниот тревник на Белата куќа денеска ќе биде домаќин на невиден спортски и политички спектакл.Како дел од двојната прослава за 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и големиот јубилеј – 250 години од Декларацијата за независност на САД, во претседателската резиденција е поставен октагон за борба. Претседателот Трамп, кој е долгогодишен страствен фан на мешаните боречки вештини, борбите според најавите ќе ги следи од првиот ред заедно со членовите на неговиот кабинет и илјадници вип гости Фото: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
СветШвајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на населението на 10 милиони, покажуваат првичните проекцииГласачите во Швајцарија го отфрлија предлогот за ограничување на населението на земјата на 10 милиони, покажуваат првичните проекции.Не се пребројани сите гласови, но сегашниот тренд покажува дека 55% од учесниците гласале против, во споредба со 45% кои биле „за“, пренесе Би Би Си. Предлогот дојде од десничарската швајцарска Народна партија, која долго време води кампања на антиимиграциска платформа. Во швајцарија која има над 9 милиони жители, една третина се лица кои се родени во странствоТагови: Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37