СДСМ: Попис оваа година ќе има, тоа е патриотски чин важен за развој на државата

Попис оваа година ќе има, тоа е патриотски чин важен за развој на државата, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени.

Пописот е важна статистичка операција, тоа е патртиотски чин од највисоко значење за натамошен развој на државата.

Затоа, СДСМ и парламентарното мнозинство не прифаќаат никакви уцени од страна на деструктивецот и докажан губитник Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Законот од Собраниска процедура нема да биде повлчен, ниту пак ќе поддржиме неразумни предлози за одлагање на пописот.

По скоро 19 години без спроведен попис, никој нема право да го кочи или одолговлекува, тој мора да се одржи оваа, 2021 година.

Целосно е нејасно зошто на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи пописот, потонати се сите нивни изговори,

Паралелите со други држави кои ги одложиле пописот, не се никаков аргумент, затоа што ниту една од државите кои ги споменуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не биле доведени во ситуација да немаат 18 години попис. А ние немаме затоа што во 2011 година тој пропадна поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Пописот во 2021 ќе биде спроведен согласно прописите на ЕВРОСТАТ, ипо сите меѓународни стандарди.

Сега имаме Електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис, и податоците ќе бидат споредувани со податоците на други 10 институции.

Не е можно да се попишат лица кои не постојат. Исто како што не е точно дека ќе се попишуваат граѓаните само со матичен број како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Методологијата за спорведување на пописот исто така не е изговор, затоа што не може да има методологија без донесен Закон.

Зарем ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат да се знае колку наши сограѓани живеат во земјава а колку во странство и која е целта со повикот на бојкот на пописот? Да има помалку Македонци?

Без разлика колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, попис оваа година ќе има. Пописот не е политичка туку статистичка операција и Мицкоски треба да бара други причини за да ја задржи својата позиција во ВМРО-ДПМНЕ наместо да блокира се што е во интерес на граѓаните и државата.

СДСМ

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

 Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден случај за обљуба врз малолетничка. Четиресет и пет годишен жител на Радовиш се сомничи дека во периодот од јануари до април во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

притисни ентер