СДСМ: Полицајци прекршуваат забрани, Чулев и Мицкоски се неспособни

Техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев продолжува со незрелото, несериозно и неодговорно однесување.

Чулев не е способен да воведе ред ниту во Министерството за внатрешни работи, а не пак во државата.

Последен пример за тоа е синоќешното прекршување за забраната за јавни собири од страна на 7 полицијаци блиски до Чулев и Христијан Мицкоски.

Наместо да го обезбедуват почитувањето на мерките и задолженијата, полицајците на Чулев директно ја прекршиле забраната.

Со тоа припадниците на полицијата го прекршиле членот 206 од Кривичниот законик, односно не постапиле согласно здравствените прописи во време на епидемија.

Еве, фотографија на „домаќинот" на забавата сликан во пријателска атмосфера со Мицкоски и со Игор Јанушев.

Истовремено, јавноста беше сведок и на друго прекршување на забраната за собири од страна на припадници на МВР

Во Крушево, заменик командирот на полициската станица, Благојче Димсоски кадар на Наќе Чулев исто така ја прекршил забраната за собири за што постојат и јавно објавени фотографии.

Ваквите случаи директно ја поткопуваат довербата во полицијата и Министерството за внатрешни работи.

Наместо во обезбедување на почитување на мерките и задолженијата, Чулев злоупотреби полициски службеници за снимање на пропагандни спотови. Наместо ред и дисциплина, Чулев јавно кажа дека полицијата нема да ги казнува оние кои ги прекршуваат забраните.

Кратовскиот пир во режија на ВМРО-ДППМНЕ е потврда дека опозицијата свесно и со умисла, со недели го реализира подмолното сценарио за ширење на заразата.

ВМРО-ДПМНЕ освен по терористичкиот напад на крвавиот четврток ќе бидат обележани и како партија која направи здравствен пуч.

Чулев е најнеспособниот министер за внатрешни работи. Со неговото неработење поттикнува непочитување на мерките и директно го загрозува јавното здравје.

Затоа, граѓаните, јавноста со право очекува негова оставка веднаш.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

Герасимовски: Со видео надзор Општината ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните

Советот на Општина Центар на 35. Седница го прифати предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски во Општина Центар да се постави видео надзор, оппштија денеска од Општината.

Како што појаснуваат оттаму, станува збор за видео надзор поради обезбедување заштита на имотoт и имотните права на општината односно заштита на урбаната опрема (автобуски постојки, опрема во функција на туристички и културни и спортски настани, самостоечки рекламни паноа, детски игралишта, фонтани, чешми, клупи, корпи за отпадоци и други согласно законите), заштита на инфраструктурните објекти (улици, плоштади и други инфраструктурни објекти во надлежност на Општината), заштита на сообраќајни знаци и семафори и друга вертикална и хоризонтална сигнализација, заштита на улична јавна осветлување, броење и евиденција на возила за статистички мерења.

Герасимовски во образложението за дополнувањето на дневниот ред истакнал дека одлуката е преземена и модифицирана од други општини во кои веќе неколку години има поставен видео надзор и каде по поставувањето има намалување на штетите во општината.

-Се обидовме да ја заштитиме урбаната опрема особено детските игралишта, но по сите напори не успеваме да го направиме тоа. Тие не ни траат ниту два месеци, се кршат детските реквизити, обрачите на спортските игралишта, се крши се. Затоа овие снимки може да служат како доказ за нечие дивеење. Но Министерството за внатрешни работи или Јавното обвинителство, исто така ќе може да ги користат при евентуално сторено кривично дело, нарушување на јавен ред и мир, или кршење на друга урбана опрема. Верувам дека снимките ќе ја зголемат и безбедноста во општината. Суштината е снимката да се користи како доказ за евентуална судска кривична или прекршочна постапка со цел да имаме намалување на девијантните појави во општината, рекол Герасимовски на седницата.

Општина Центар ги известува граѓаните дека снимките од надзорот ќе може да се користат единствено само по налог на Јавно обвинителство и МВР и дека не постои никаква можност истите да бидат било како злоупотребени.

Целиот процес ќе биде направен со целосно почитување на Законот за заштита на лични податоци, а актите ќе бидат прецизирани со целосно вклучување на Агенцијата за заштита на лични податоци. Видео надзорот ќе биде поставен на видно место и за истиот ќе биде истакнато Известување дека се врши видео надзор од страна на Општината и ЈП ПОЦ.

Општина Центар, се нагласува во денешното соопштение, има за цел да го заштити јавното добро кое треба долгорочно да им служи на сите граѓани во општината, но и да го намали хулиганското однесување, уништувањето на урбаната опрема и детските игралишта. За реализирање на овој проект општината треба да направи ревизија на буџетот.

Фото. Пирс Броснан непрепознатлив, како вистински дедо!!

Холивудскиот актер Пирс Броснан моментално работи на новиот филм „Giant“, а фотографиите од сетот брзо станаа вирални и го обиколија светот. 

Големиот заводник сме навикнати да го гледаме во улогата на Џејмс Бонд, па неговата нова улога во филмот за боксерот Насим Хамед е прилично изненадувачка посебно ако се погледне неговиот изглед.

За потребите на улогата, Пирс изгледа многу постаро, речиси непрепознатливо.

Снимен е во тренерка, а поради шминката многу обожаватели воопшто не верувале дека тоа е Пирс Боснан.

притисни ентер