СДСМ поднесе закон: Двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш - Канал 5

СДСМ поднесе закон: Двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

Пратеничката група на СДСМ поднесе Закон за измени на Законот за Влада по скратена постапка, забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата и тоа веднаш, се наведува во соопштението од СДСМ.

СДСМ поднесе закон: Двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

Со ова, СДСМ поставува јасен принцип: исти правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок и тоа веднаш.

Измените коишто ВМРО-ОКГ ги најави на Законот за пратеници, со кои пратеник би можел да биде само лице со македонско државјанство, се уште една измама на власта.

Затоа што според нивниот предлог, овие измени би важеле дури од наредниот парламентарен состав, а не за актуелните пратеници.

Очигледно е дека целта е да се заштитат актуелните пратеници и министри на ВМРО-ОКГ кои имаат и други државјанства.

Ова е нечесно, лицемерно и спротивно на принципите на еднаквост и одговорност.

СДСМ ја разобличува оваа манипулација и презема конкретни чекори, освен Законот за влада ќе поднесеме и амандмани на предлогот на ВМРО да важи веднаш.

Двојно државјанство нема да има пратеник ниту избран и именуван функционер, и тоа да важи веднаш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш.

Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти.

Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води.

На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението.

„Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска.

Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население.

МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава

Делегацијата на Европската унија во Македонија изразува сериозна загриженост во врска со алармантниот број на фемициди, односно убиства на жени, пријавени само оваа година во земјава – вкупно седум регистрирани случаи.

Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава

Од делегацијата велат дека извештајот на Европската комисија за земјава за 2026 година нотира дека постојат недостатоци во пријавувањето, истрагата и гонењето што укажува на потребата од зајакната имплементација, одржливо финансирање, подобри институционални капацитети и ефикасни мерки за заштита.

Оттаму потсетуваат дека националното законодавство сè уште не е целосно усогласено со директивата на ЕУ за насилство врз жените и семејно насилство. Делегацијата на ЕУ ги повикува сите чинители да ги адресираат проблемите и да спречат натамошни фемициди, вклучително и преку овозможување пристап до правда и зајакната институционална поддршка за жртвите на семејно насилство, се вели во нивното соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер