Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!
Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк
1Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!
2Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаСДСМ поднесе кривична пријава за гувернерот на НБРМ Трајко Славески Опозициската СДСМ му поднесе кривична пријава на гувернерот Трајко Славески за, како што посочија, сторено кривично дело – несовесно работење во службата. Од партијата велат дека Славески со своето постапување предизвикал штета врз државниот буџет и правниот поредок, а со пробивањето на рокот за избор на нови вицегувернери директно го загрозил легалното функционирање на НБРМ – Очекуваат обвинителството да постапи. -Прво, пробиен е законскиот рок за предлог на вицегувернери со што е директно загрозено легалното функционирање на народната банка. Второ, постојат сериозни индиции дека по истекот на мандатите на лицата им се исплаќале плати за функции кои не смееле да ги вршат. Трето овие лица продолжиле да носат одлуки во советот на НБРМ и по истекот на роковите, што ги прави тие одлуки правно спорни и ништовни. Бараме обвинителството да постапи, да ги испита сите наводи, да обезбеди докази и да покрене постапка, ајде да видиме дали обвинителот ќе постапува по закон или по налог на Мицкоски,- Александар Саша Димитријевиќ – Генерален секретар на СДСМ. Од обвинителството, кои вчера на прашање на Канал 5 вчера одговрија дека испитувањата не резултирале со докази дека постои кривично дело кај гувернерот, велат дека по добивањето на кривичната пријава, која ја поднесе СДСМ, истата ќе ја распоредат кај обвинител, кој ќе треба да ги испита наводите во нејзе. Во однос на тоа дали работата на Славески ќе подлежи на ревизорски проверки, од државниот завод за ревизија за Канал 5 велат дека имаат опција да постапат по допрен глас, но веќе догодина, оти годишната програма веќе им била усвоена. Доколку наведената состојба не биде надмината и не се произнесат другите надлжени органи, во тој случај наведената состојба би била еден од можните критериуми при селејкција на субјектите на ревизија опфатени со Годишната програма за работа за 2027 година – велат заводот за ревизија за за Канал 5. За случајот со Славески, денеска расправаше и антикорупциска кои оцениле дека основ за нивно постапување немало. -Оценивме дека нема основ за наше постапување, од причина што евентуалната одговорност на гувернерот, за неговото заминување и разрешување е надлежно собранието или евентуално обвинителството, дотолку што повеќе, веќе е поднесена кривична пријава против него од страна на политичката партија СДСМ. Нема основ за постапување на антикорупциска, – вели за Канал 5 првиот антикорупционер Адем Чучуљ . Во меѓувреме и натаму се очекува ставот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, која посочи дека анализира дали гувернерот Славески, кој беше нејзин предлог, го прекршил законот, по што ќе одлучи дали има основа за нов предлог, овојпат за негово разрешување. Тагови: СДСМ Трајко Славески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!По средбите со стотици земјоделци низ државата и врз основа на нивните реални потреби, СДСМ поднесе Предлог-закон за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци, соопшти претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„Бевме на терен кај лозарите, сточарите, млекопроизводителите, оризопроизводителите и производителите на пиперка. Ги слушнавме нивните проблеми и врз основа на тоа што навистина им е потребно го подготвивме овој Предлог-закон. Ова е конкретна, директна и навремена помош“, рече Филипче. Со Предлог-законот се обезбедува финансиска поддршка за лозарите од осум денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. За лозарите кои нема да успеат да го продадат грозјето е предвидена поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад. „Дел од лозарите ни велат дека субвенцијата веќе не им врши работа кога никој не го купува грозјето. Токму затоа предлагаме обесштетување од 300.000 денари по хектар“, истакна Филипче. За производителите на пиперка ајварка е предвидена поддршка од 10 денари за секој килограм продадена пиперка, како и дополнителни 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина. Производителите на пченица ќе добијат по пет денари за секој произведен килограм, без разлика дали пченицата е продадена кај регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад. За сточарите се предвидува поддршка од 8.000 денари за секое грло добиток, за оние кои биле опфатени со програмата за 2025 година и се евидентирани и во 2026 година. Со законот се опфатени и оризопроизводителите, за кои се предлага поддршка од 10 денари за секој килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година. Корисници на финансиската поддршка ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. „Со овие средства земјоделците ќе можат да ги планираат следните чекори и производството за 2027 година. Сите категории се опфатени и никој нема да биде оставен настрана. Мерките се подготвени врз основа на нивните барања“, истакна Филипче. Тој ги повика пратениците од власта да го поддржат Предлог-законот бидејќи станува збор за опстанокот на илјадници семејства, а не за политичка разлика меѓу власта и опозицијата. „Ако не реагираме веднаш, земјоделците ќе ги напуштат нивите, а државата ќе се соочи со пусти ниви, пусти села и градови, недостиг од домашна храна и поскап увоз. Не распродавање на македонската земја и вода за туѓи интереси и за туѓи профити. Македонската земја треба да обработуваат македонските земјоделци. Водата треба да се користи прво за пристоен живот, понатаму да се наводнува земјиштето“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаДимитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во ЊујоркМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД).Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум. Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“. На сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.Тагови: Димитреиска -Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио КоштаМакедонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше претседателот на Европскиот совет.„Учество на седницата во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации, со која претседаваше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Момент на важни разговори и размена на ставови за прашања од глобално значење, во рамки на највисоката меѓународна платформа за дијалог и соработка“- објави Мицксоки на Фејсбук. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook