СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на Народната банка Трајко Славевски - Канал 5

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на Народната банка Трајко Славевски

Опозициската СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на Народната банка  Трајко Славевски.

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на Народната банка Трајко Славевски

Вчера од Обвинителството се огласија за случајот со народната банка. Тврдат дека досега не пронашле докази дека гувернерот Славески постапил незаконски за двете вицегувернерки кои пет месеци по истекот на нивниот мандат работат и одлучуваат во советот на Народната банка. Од анткорупциска пак рекоа дека денеска ќе одлучуваат дали ќе го стават случајот на дневен ред, додека од Заводот за ревизија велат доправа ќе одлучуваат дали ќе извршат вонредна контрола за работата на НБРМ и гувернерот Трајко Славевски.

Гувернерот тврдеше дека постапката се одвива законски и дека предлозите веќе се доставени до собранието.

Рече дека не чувствува одговорност и напомена оти и со истечен мандат, постојните вицегувернери имаат целосни овластувања до избор на нови. Опозицијата го обвинува за одложување и можно кршење на законските рокови.Според нив, рокот за избор бил пробиен уште во 2025 година.

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на НБРМ, Трајко Славески. Димитријевиќ посочи дека кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело - несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик.
„Денеска поднесуваме нова кривична пријава, против Трајко Славески, гувернер на Народната банка, за основано сомнение за сторено кривично дело - несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека гувернерот Трајко Славески, со несовесно постапување, предизвикал штета врз Буџетот и правниот поредок“, рече Димитријевиќ.
Како што појасни Димитријевиќ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.
„Прво, пробиен е законскиот рок за предлог на вицегувернери, со што е директно загрозено легалното функционирање на Народната банка. Второ, постојат сериозни индиции дека по истекот на мандатите, на лицата им се исплаќале плати за функции кои веќе не смееле да ги вршат. Трето, овие лица продолжиле да носат одлуки во Советот на Народната банка и по истекот на роковите, што ги прави тие одлуки правно спорни и ништовни“, рече Димитријевиќ.
На прес-конференцијата, Димитријевиќ порача обвинителството да постапи, да ги испита сите наводи и да покрене постапка.
„Бараме Обвинителството да постапи, да ги испита сите наводи, да обезбеди докази и да покрене постапка. Ајде да видиме дали обвинителството ќе постапува по закон или по налог на Мицкоски? СДСМ нема да молчи. Ова е само почеток. Нема да не запре никој. Борбата продолжува. И сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат, ако не денес, тогаш кога правосудството ќе биде слободно“, рече Димитријевиќ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Ограбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот.

„Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер