Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена
2Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена
МакедонијаСДСМ: По Груевски, слободен е и Латас - јасен доказ дека Мицкоски управува со ОбвинителствотоПо ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението. Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството. Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат. Кога е во прашање политички неистомисленик или критичар на режимот, тогаш Обвинителството е многу ревносно и ефикасно. Ова е токму она што го спречува европскиот пат на Македонија. Европската унија бара независно судство и независно обвинителство. Додека Мицкоски има контрола врз тоа кој ќе биде гонет, а кој ќе биде заштитен, Македонија не може да напредува кон ЕУ. Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе. Ова не е правна држава. Ова е систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот. Скопје, 16.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМеси: „Победа поголема од која било друга“Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, призна дека пласманот во финалето на Светското првенство, по драматичната победа над Англија, зазема посебно место меѓу успесите на неговата репрезентација.Аргентина направи голем пресврт во Атланта, победувајќи со 2:1 и освојувајќи го финалето против Шпанија, а Меси по натпреварот истакна дека овој триумф имал посебна емотивна тежина поради долгогодишното ривалство меѓу двете земји. Меси, кој запиша асистенции за Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез за големиот пресврт при крајот на натпреварот, не ги криеше своите емоции. „Иако беше само еден натпревар, доживеавме нешто посебно. Нашите навивачи ја посакуваа оваа победа повеќе од која било друга, поради сето она што го значи дуелот со Англија во полуфиналето и пласманот во уште едно финале на Светското првенство“, изјави Меси. Аргентина губеше со 1:0 сè до 85-тата минута, но во самиот финиш направи уште еден голем пресврт. Меси смета дека карактерот е најголемата сила на неговата репрезентација. „Овој тим никогаш не престанува да се бори. Излеговме на теренот да играме фудбал и покажавме огромна решителност. Ги притиснавме на нивната половина и докажавме дека можеме да победиме во регуларното време.“ Капитенот на Аргентина нагласи дека никој во тимот не сакал да изгуби таков натпревар. „Ниту еден Аргентинец не сакал да го изгуби овој натпревар. Целиот турнир беше неверојатен, а ова полуфинале против Англија имаше посебно значење.“Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаМАНУ потврдува дека Македонија има сериозни капацитети на бакар од бенефит за државатаОд друга страна во Стратегијата за минерални суровини 2026-2046 на која работеше МАНУ, се нотира дека тие резерви просто не се искористуваат. Таков е примерот со инвестицијата за рудник за бакар во Иловица-Штука.Дури ни отворањето на шест огромни рудници за бакар годишно во следните две децении нема да ја задоволи глобалната побарувачка. Вака проценува светскиот рударски инвеститор Френк Џустра, предупредувајќи на сериозна криза во синџирот на снабдување. Стратегијата за минерални суровини 2026-2046 изработена од МАНУ, децидно потврдува дека Македонија располага со сериозни капацитети на бакар кои не се искористуваат. Пример за ова е Иловица-Штука, каде инвеститорот „Еуромакс ресоурцес“ утврди ресурси од 237 милиони тони и резерви од 225 милиони тони руда (околу 410 илјади тони бакар, со стапка на искористеност од 84%). Проектот предвидуваше експлоатација од 10 милиони тони руда годишно и век на експлоатација од 23 години. Покрај Иловица, присуство на бакар беше утврдено и во Казандол и Кожуф, но овие инвестиции останаа нереализирани. Џустра се повикува на прогнозите на „JPMorgan“, според кои се очекува дефицит на бакар од два милиони тони до 2030 година, кој ќе порасне на осум милиони тони до 2035 година. Само центрите за податоци ќе потрошат околу 500.000 тони до крајот на деценијата, а на новите наоѓалишта им се потребни меѓу 10 и 20 години за да почнат со производство. „Бакарот е столбот на речиси секоја електрификациска индустрија во светот“, нагласува Џустра. И додава дека битката за стратешки минерали прераснала во геополитичко ривалство: „Светскиот поредок каков што го знаевме одамна веќе е мртов“, додава инвеститорот. Додека Кина почна да обезбедува наоѓалишта пред 25 години, САД и Европа дури неодамна ја сфатија важноста на критичните минерали. Поради бавниот развој на новите рудници, високите цени на бакарот остануваат единствениот механизам за балансирање на пазарот. Финансиската групација „Macquarie“ заклучува дека бакарот е „заглавен“ помеѓу инвестицискиот оптимизам и слабеењето на капацитетите. Цената на металот се искачи од 12.000 долари за тон во март на над 14.000 долари во мај годинава. Трговците веќе се позиционираат поради можните американски мерки за извоз, што според „Macquarie“ ќе донесе континуирана неизвесност и ќе го остави остатокот од глобалниот пазар под силен притисок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Елегантната Џеј ЛоСветската музичка ѕвезда Џенифер Лопез ужива во Италија, од каде што објави неколку фотографии кои предизвикаа лавина од коментари меѓу нејзините фанови, едно од најброните прашања е дали покажала премногу. По исклучително забележаниот стајлинг на Вимблдон, популарната Џенифер Лопез замина на заслужен одмор по успешната турнеја и новиот филм „Office Romance“, како и по уште една во низата бројни успешни години во нејзината кариера. За своја дестинација за одмор таа ја избра Италија, па моментално ужива на Сицилија. За да не ги заборави своите 240 милиони следбеници дури и во деновите кога ужива во морето и сонцето, таа ги почести со неколку фотографии во вистинско летно издание, кои брзо станаа вирални. Латино дивата позираше во летен бел фустан без градник, па нејзиното деколте остави малку простор за имагинација. На фотографиите таа носи фустан од модната куќа „Dolce & Gabbana“, а стајлингот го заокружила со бела марама со истиот дезен, носена како моден додаток на главата. Изминативе денови ја видовме и во други фантастични изданија, па јасно е зошто таа го има статусот на модна икона. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08