Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаСДСМ: Платите ниски, цените растат а Владата на Мицкоски не презема ништоРаботниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај. Над 200.000 работници буквално преживуваат со плати кои не можат да ги покријат ниту основните животни потреби.Наместо да преземе мерки, Владата на Христијан Мицкоски одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра. Наместо поддршка за работниците, Мицкоски јавно ги навредува сите што бараат достоинствени плати и ги нарекува „хистерични“. Истовремено, на вработените во јавната администрација им порача дека платите им се добри „со оглед на тоа колку работат“, па дури и дека не им треба годишен одмор. Следно е да им каже дека не треба да јадат. Ова го зборува човек кој носи часовници вредни колку 150 минимални плати, за кои на еден работник му се потребни повеќе од 12 години работа за да ги заработи. Човек кој живее во луксуз им објаснува на работниците дека не им треба одмор и се хистерични кога бараат поголеми плати. Во меѓувреме цените постојано растат, Владата одбива да преземе мерки и да ја намали цената на горивата. Со поскапувањето на нафтата растат и цените на храната и основните производи. Во продавниците веќе има нови поскапувања, а зејтинот надмина 100 денари. Со вакво темпо на поскапувања, платите секој ден губат од вредност и наскоро ниту 600 евра нема да бидат доволни. Мицкоски зборува за „четврта економија во Европа“ и за „најевтино гориво“, додека платите во Македонија се најниски и во Европа и во регионот. Економијата е силна колку што се силни платите на работниците. А денес, за жал, тие се понижени од Мицкоски и оставени сами со ниски плати а високи цени. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПетмина загинаа во украински напад кај МоскваНајмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.Тагови: напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употребаВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење. Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветНов круг преговори меѓу Либан и Израел во РимВо Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.Тагови: Израел Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08