СДСМ: Платформата на Мицкоски против СДСМ - Канал 5

СДСМ: Платформата на Мицкоски против СДСМ

Ова не е борба за подобро СДСМ. Ова е обид за контролирана фрагментација на опозицијата.

СДСМ: Платформата на Мицкоски против СДСМ

Зад затворените врати на хотел „Лимак“, под превезот на таканаречените „Chatham House правила“, група поранешни функционери на СДСМ, заедно со претставници на ЗНАМ и членови на други партии, организираше средба чија единствена цел е обид за слабеење и уривање на СДСМ.

Ова не е реформска иницијатива. Ова е координирана операција за создавање на лажна опозиција која ќе ја држи СДСМ во состојба на постојана внатрешна криза, токму во моментот кога партијата се консолидираше по тешкиот пораз, до кој ја доведе токму оваа екипа која денеска се организатори на платформата.

Во таа група се наоѓаат луѓе кои директно учествуваа во креирањето на катастрофалните изборни резултати во 2024 година - од шефот на изборниот штаб во Првата изборна единица, до идеолозите на програмата со која СДСМ беше тешко поразен. Кога партијата се најде во најтешка состојба, тие се повлекоа.

Сега, кога СДСМ се опорави, истите тие се враќаат - не за да помогнат, туку за да ја нападнат однадвор, во координација со структури блиски до власта.

Фактот што средбата се одржува зад затворени врати, без никаква транспарентност, а главниот фокус е внатрешен напад врз раководството на СДСМ, а не критика на политиките на Мицкоски, говори сам за себе.

Ова не е борба за подобро СДСМ. Ова е обид за контролирана фрагментација на опозицијата.

Учесниците во оваа иницијатива - дел од старата и новата УДБА, луѓе кои ја доведоа партијата до историски најниска поддршка, и кои сега соработуваат со ЗНАМ и други партии - не се реформатори. Тие се политички опортунисти кои, откако не успеаа да ја урнат СДСМ одвнатре, сега се обидуваат да го направат тоа однадвор, во сервис на истата власт против која наводно се борат.

СДСМ нема да дозволи нејзината судбина да ја одлучуваат затворени состаноци во хотели, ниту пак луѓе кои ја напуштија партијата кога беше најтешко, а сега се враќаат како „спасители“.

Вистинската консолидација на СДСМ се случува на терен, меѓу членството и со раководство кое ја презеде одговорноста во најтешкиот момент.

Сè друго е само нова верзија на ЗНАМ - проект за слабеење на опозицијата во корист на националистичката власт.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Мекларен го враќа она што фановите го чекаа 34 години!

Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“.

Видео: Мекларен  го враќа она што фановите го чекаа 34 години!

Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“; инспириран од недовршениот проект M6GT на основачот Брус Мекларен, возилото треба да влезе во сериско производство во 2028 година.

Според Motor1, главната одлика на новиот модел е мануелниот менувач кој ја пренесува силата од V8-моторот на задните тркала – со што McL 6GT станува првиот Мекларен со ваков систем уште од легендарниот модел F1, претставен во 1992 година – додека конструкцијата дополнително се одликува со монокок и каросерија изработени од јаглеродни влакна.

McLaren го замислил автомобилот како спој на модерна технологија и традиционално возачко искуство; покрај дигиталните инструменти, тој располага со физички контроли, алуминиумски прекинувачи, хидрауличен систем за управување и класична рачка за менувачот, додека дизајнот вклучува бројни детали што им оддаваат почит на историјата на компанијата и на Брус Мекларен.

Целосните спецификации и цената сè уште не се објавени, но McLaren потврди дека серискиот модел McL 6GT ќе биде позициониран над моменталната палета на спортски автомобили и суперспортски возила на компанијата, што укажува на тоа дека ќе биде еден од најексклузивните модели на овој британски бренд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Кози „ без билет“ се возат со автобус

Две избегани кози предизвикаа вистински хаос во Портланд, откако талкаа низ улиците,  козите одлучиле да се качат  во автобус на јавниот превоз.

Видео: Кози „ без билет“ се возат со автобус

Две кози се впуштиле во необична авантура во Портланд, Орегон, откако залутале без надзор до автобуска станица, па дури и накратко се качиле во автобус на јавниот превоз.

Оваа необична глетка е забележана на станицата FX2, во близина на крстосницата меѓу Авенијата „Саутист 162“ (Southeast 162nd Avenue) и улицата „Дивижн“ (Division Street), каде што животните слободно се движеа.

„ТрајМет“ (TriMet), агенцијата што управува со јавниот превоз во Портланд, соопшти дека полицијата примила повик на бројот за итни случаи во врска со две кози што се движеле во близина на станицата.

Снимката од безбедносната камера го забележа моментот кога две животни му пријдоа на автобусот и влегоа во возилото. Сепак, нивното прво возење со јавниот превоз беше краткотрајно. Козите набрзо излегоа од автобусот и продолжија да талкаат кон блискиот трговски центар.

YouTube video

Овој необичен настан брзо привлече внимание токму затоа што животните, барем накратко, изгледаа како обични патници кои го чекаат својот превоз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер