Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
1Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
2Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
3Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаСДСМ: Платформа на ВМРО за уривање на СДСМ и дефокусГраѓаните имаат можност да видат како во пракса веќе години наназад функционира организираната криминална група ВМРО, користејќи 40% од медиумите преку Орбан.Моментално во земјата има сериозна криза. Се очекуваат нови поскапувања. Работниците не добија зголемување на минималната плата до 600 евра. Наскоро и тоа ќе биде недоволно за преживување. Владата досега не усвои економски мерки, како сите земји во регионот и Европа, за да не скокнат цените. Овој тренд ќе продолжи и ќе има до синџир на реакција – поскапување на сите животни намирници. Од друга страна, владата наместо да се грижи за економијата, се занимава со обиди за уривање на СДСМ, единствената неконтролирана опозиција, која секојдневно објавува криминал и корупција на владејачкиот режим, составен од тендер-коалицијата ВМРО-ОКГ и ЗНАМ. Бидејќи не поминаа разните лажни афери и вести што секојдневно ги пласираат преку своите медиуми, применија тактика на уривање на СДСМ одвнатре. Прво со Депотовски, па со Шилегов кој ја претстави „Платформата на ВМРО за уривање на СДСМ“ јавно на Телевизија. Уцени, пари, бизнис… сè нудат на некои поединци, но СДСМ не се тие поединци што години наназад го уриваат угледот на партијата, ставаат кочници во тркалата и намерно работат против својата партија, како вистински квислинзи. Бидејќи и тоа не успеа, а сега веќе на сите им е јасен историски најнискиот рејтинг на ВМРО (што го знае и самиот режим по анкетата што ја правеа, а не сакаат да ја објават пред јавноста), повторно се вратија на фабрикување вести што служат за ДЕФОКУС од горливите проблеми што се одразуваат на животниот стандард на граѓаните. За нивна жал, дефокусот повеќе не поминува. Граѓаните сè гледаат, сè слушаат, а сега и го чувствуваат во своите џебови. СДСМ има нова енергија, Нова сила. Нас нема да нè запирате, купувате или уценувате. Тоа до сега треба да ви биде јасно. Лагите ви помогнаа еднаш кога ги лажевте гласачите за името на државата, за јазикот и националниот идентитет. Сега сите знаат дека сте лажеле за сè. Немa да ви помогнат нови лаги, нов дефокус за да избегате од својата одговорност. Власта ќе се врати во рацете на народот, а не на поединци како сега. Нам ни треба систем, а не некој лидер што прави бизнис за себе и за своите најблиски. Таков еднаш веќе имавме - еве го во бегство, во Будимпешта! Наскоро Македонија повторно ќе биде слободна, на патот кон своето членство во ЕУ, во друштво на вистински демократски и успешни земји, во кругот на европското семејство! Тоа го заслужува Македонија и сите нејзини граѓани! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваАна Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи ЕрменијаМакедонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири. Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат. Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПодводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркачПодводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. Пештерата Врело на Матка испиша светска историја.Полскиот нуркач Бартломиеј Питала достигна длабочина од 338 метри, поставувајќи нов светски рекорд. Успехот е резултат на заедничката експедиција на нуркачи од Македонија,Полска и Италија. Девет часа под вода за историски подвиг. Полскиот нуркач рекордот го постигнал на 16 октомври, надминувајќи ја претходно истражената длабочина за 51 метар. По подвогот, тој кажа дека немал никакви проблеми со видот, ниту пак почувствувал вртоглавица. Вели дека се чувствувал удобно и на толку голема длабочина, а секоја секунда од деветчасовното нуркање му останала врежана во сеќавањето. ,,Експедицијата во Матка во 2026 година заврши со извонредно достигнување – истражување на пештерата до длабочина од 338 метри под вода, со што таа стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Искрено, сè уште не можам целосно да го сфатам тоа. Но, да, сега ова е најдлабоката истражена подводна пештера во светот, а ова беше и најдлабокото нуркање. Сепак, рекордите и самата длабочина не беа нашата цел, нели? Нашата цел беше истражувањето. Сакавме да одиме подлабоко од границата до која стигнавме минатата година, кога експедицијата ја завршивме на 287 метри.“ Дополнително Матка продолжува да ги привлекува туристите од целиот свет. Странските посетители се воодушевени од природните убавини, а многумина изразуваат желба одблиску да ја запознаат и пештерата. Експедицијата откри два нови подводни канала и над 150 метри нови ходници, а македонските нуркачи за првпат поставија и воздушна комора на длабочина од девет метри. Зад рекордот стоеја 12 безбедносни нуркачи, со поддршка од медицински тимови, МВР и полцииската единица „Тигар“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часотСо огромна излезност и без посериозни инциденти и неправилности поминува изборниот ден во Србија, која гласа на предвремени парламентарни избори.. Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, од рано утринава се гледа незапамтен интерес за гласање, кои се последните податоци за одѕивот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter