Хаос во Белфаст, маж се обиде да му отсече глава на човек - Маск ги повика луѓето да излезат на улица и да протестираат против мигрантите!
1Хаос во Белфаст, маж се обиде да му отсече глава на човек - Маск ги повика луѓето да излезат на улица и да протестираат против мигрантите!
МакедонијаСДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се опасни за граѓанитеДенес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром се расипал. Тоа значи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизација, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји. Ова не е само технички дефект, ова е последица на насилното вдомување на партиски кадри во една од најважните институции за безбедноста на сите нас. Наместо професионалци, таму се вработуваат луѓе по партиска линија и јасно е дека срга ќе гледаме хаос и импровизација. И македонското небото е под ризик од партизацијата која ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ секој ден. Власта беше глува на сите предупредувањата на контролорите дека клучната опрема, вклучително и радарите и софтверот, е на работ на функционалноста. Новото раководство вети дека наскоро ќе се инсталира целосно нов систем но тоа не се случи. Сега ќе понесе ли некој одговорност од власта? Наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори Македонската навигација во нов плен за партиски вработувања и договори за „своите“. Денес, резултатот е јасен: Граѓаните и патниците се изложени на ризик. Македонија изгледа несериозно пред светот. Институцијата што треба да биде симбол на професионализам е сведена на партиска филијала. Ова е истиот модел кој го гледаме насекаде од здравството, до образованието, до јавните претпријатија. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се „вдоми“ во некоја институција, следуваат корупција, неработење и колапс. Државата не смее да биде приватна фирма на една партија. Граѓаните заслужуваат институции што функционираат, кадри избрани по знаење. Затоа, денес прашуваме: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар? До кога безбедноста на граѓаните ќе зависи од импровизациите на ВМРО-ДПМНЕ? Уште колку институции ќе паднат во колапс пред ВМРО-ДПМНЕ да признае дека нивниот модел на владеење е опасен и погрешен? Граѓаните гледаат и паметат. СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на институциите на професионалците и на граѓаните, затоа што само така можеме да изградиме безбедна и сигурна Македонија. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХаос во Белфаст, маж се обиде да му отсече глава на човек - Маск ги повика луѓето да излезат на улица и да протестираат против мигрантите!Нападот се случил вчера околу 22:30 часот по локално време синоќа пред зграда во северен Белфаст. Вознемирувачко видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува напаѓачот како се обидува да ја отсече главата на жртвата. По страшниот инцидент со нож кој предизвика шок и осуда низ цела Северна Ирскасега властите стравуваат од големи немири во Белфаст. Некои на социјалните мрежи, вклучувајќи го и Елон Маск, ги повикаа граѓаните да излезат на улиците и да протестираат против мигрантите, објавува Гардијан. Инаку неколку мажи се обиделе да го спречат напаѓачот, дури еден од нив со дрвена палка го удирал. Нападнатиот маж, кој е во четириесеттите години, заврши во болница. Лекарите ја опишуваат неговата состојба како сериозна. Тој добил сериозни повреди на лицето, вратот и грбот. Полицијата соопшти дека уапсениот маж, за кој првично се верувало дека е од Сомалија, всушност бил Суданец во триесеттите години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Одговорност од Трипуновски за катастрофалната состојба во земјоделиетоВистина е дека за две години Влада на Мицкоски и ВМРО, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба.Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Наместо зголемени субвенции како што лажеа кога беа опозицијата, земјоделците од ВМРО добија намалување. Субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена е и поддршката за тутунот, од 100 на 80 денари за прва класа. Укинати се низа мерки кои директно ги поддржуваа малите земјоделци, лозарите и оризопроизводителите. Земјоделците не се соочуваат само со намалени, туку и со неисплатени субвенции. Илјадници сточари, житопроизводители, градинари и други производители сè уште ги чекаат средствата кои им следуваат, додека производните трошоци секојдневно растат. Во меѓувреме, откупот од малите земјоделци падна за 46,2 проценти. Тоа е директен показател за колапсот на земјоделското производство и пласманот. Сточарите протестираат поради доцнењето на субвенциите и поради намалените откупни цени на млекото. Млекарниците во повеќе наврати ги намалија откупните цени, а Владата остана нем набљудувач. Житопроизводителите влегуваат во жетва без позната откупна цена и без исплатени субвенции. Лозарите се оставени во неизвесност поради непочитување на законските обврски за утврдување на производна цена на грозјето. Оризопроизводителите останаа без значајни мерки за поддршка, а цената на оризовата арпа е драматично намалена. Дополнително, Владата ги поништи повиците за набавка на трактори, механизација и друга опрема преку Програмата за рурален развој. Укинати се или стопирани мерки кои со години им помагаа на земјоделците да инвестираат и да го модернизираат своето производство. На сето ова се надоврзуваат и сериозните корупциски скандали во секторот. Јавноста беше сведок на скандалото со ИПАРД програмата и митото од 50 илјади евра. Затоа политичката одговорност не смее да се избегне и СДСМ поднесе интереплација за Цветан Трипуновски. Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието. Скопје, 10.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредуваНа Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредува, за нив напредок е само преку национални отстапки.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања. Македонија е лидер во реформите и Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет. Тоа им пречи на СДС и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема напредок. Затоа граѓаните ги испратија СДС во опозиција, и неколкупати на избори им ја повторија пораката. Затоа што знаат дека на СДС не им е важна ниту државата, ниту народот, ниту идентитетот, ниту јазикот, ниту името. Нив ги интересира само власт, пари, моќ, амнестија. Бугарија ја ветоизира Македонија на евроинтегративниот пат, а Филипче постојано се усогласува со ставовите на бугарската министерка за надворешни работи, Петрова Чамова. Па така, Венко Филипче како специјален бугарски пратеник на Бугарија во Македонија, му се додворува на премиерот на Бугарија, Румен Радев, со некаква цел и замисла да дојде на власт. Доколку Филипче и СДС би биле власт веднаш би прифатиле секакви национални отстапки и повторно би ја обезличиле Македонија, како што тоа било правено наназад секогаш кога СДС е на власт. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook