СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност - Канал 5

СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност

Паничните постови во кои Тошковски ѝ држи лекции на опозицијата да не го критикува, се ништо друго туку доказ за одговорноста што тој и неговите началници ја имаат за Кочани. 

СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност

Тошковски многу добро знае дека, покрај моралната, постои и кривична одговорност кај неговите началници против кои не се водат постапки. Добро знае дека има одговорност и кај низа други актуелни функционери против кои, исто така, воопшто не се водат постапки.

Тошковски стигна до 2012 година барајќи виновници, но никако не сака да ги види одговорните кои му се пред носот. Правда за Кочани нема да има ако оние кои вечерта можеле да ја спречат трагедијата, а не го направиле тоа, не одговараат.

Патетични се изјавите на Тошковски кој прашува каде биле Артан Груби и Перпарим Бајрами. Па токму тој ги пушти да избегаат. До кога ќе глуми опозиција? Откако е на власт повеќе од една година, Тошковски има само скандали – со избегани терористи и челници на ДУИ.

Тошковски имаше шанса да биде херој, да го смени системот со тоа што ќе обезбедеше неселективна правда. Но, наместо тоа, реши да биде трагичар и да долее сол на раната на луѓето и семејствата од Кочани.

Бркање вештерки од минатото и селективна истрага не е правда за Кочани. Со ова, Тошковски докажа дека тој е системот против кој се борат граѓаните.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Средби со ММФ: Соодветните политики на НБ придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

И покрај периодот на исклучителни кризи, преку внимателно обмислени и добри политики и преку навремени мерки, Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата и во јакнењето на нејзината отпорност. 

Средби со ММФ: Соодветните политики на НБ придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

За овие достигнувања и за натамошните предизвици се разговараше на серија средби што ги оствари гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамките на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествува заедно со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и со нивните тимови.

Зајакнатата отпорност се согледува преку растот на девизните резерви коишто се повисоки за околу 40% во споредба со преткризниот период, што во голема мера е резултат на солидните приливи на странски директни инвестиции. Тие не само што имаат краткорочно позитивно влијание врз економската активност, туку го зголемуваат и долгорочниот потенцијал за раст на економијата. Во 2024 година, тие достигнаа 7,1% од БДП, едно од највисоките нивоа на странските директни инвестиции во нашата земја.

На средбите со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор, Јерон Клик, заменикот на извршниот директор, Марникс ван Риј, како и со шефот на Мисијата на ММФ, Анет Кјобе, беше исто така оценето дека е зголемена и отпорноста на банкарскиот систем, што е видливо преку значителното зголемување на капиталната позиција овозможувајќи солиден кредитен раст. Нашиот банкарски систем оствари најголем раст на адекватноста на капиталот во регионот, но и во споредба со земјите од Европската Унија.

„Надворешното окружување сепак е непредвидливо и неповолно, што може да се согледа и преку најновите проекции на ММФ со кои светскиот раст се ревидира надолу, а за процесот на дезинфлација се очекува дека ќе биде побавен. Исто така, ризиците за состојбата на светско ниво се претежно надолни, заради трговските војни и непредвидливите трговски политики. Во вакви околности, како централна банка и во иднина ќе им бидеме доследни на нашите политики за одржување на стабилноста во економијата, водејќи сметка за неизвесноста во светот и за домашните предизвици. Нашата цел е јасна – стабилен девизен курс и ценовна стабилност како темел за одржлив економски раст“, рече гувернерката.

Беше разговарано и за најновиот Светски економски преглед на ММФ, според кој светската инфлација и натаму ќе опаѓа до 4,3% во 2025 и 3,6% во 2026 година (минимална нагорна ревизија за по 0,1 п.п. од прегледот во јануари). Намалувањето и натаму ќе биде побрзо во напредните економии, додека земјите во развој и економиите во подем ќе се соочат со малку побавно приближување кон целите. ММФ препорачува внимателни економски политики и акцент на структурните реформи коишто ќе ја поддржат долгорочната стабилност.

На пролетните средби заедно со гувернерката учествуваат и вицегувернерот Фадил Бајрами и вицегувернерката Ана Митреска.

Кабинет на гувернерот - Односи со јавноста

Народна банка на Република Македонија

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција

Мицкоски потенцира дека партијата е во врвна кондиција и дека се очекува огромна победа на претстојните локални избори.

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ - ,,Љубиша Георгиевски" во соработка со ИФЕС денес и утре одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема - ,,Модернизирање на комуникациските стратегии за локалните избори 2025" на кој учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ИК на партијата.

На семинарот со свое обраќање на присутните им се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој кажа дека партијата е во контакт со членовите и граѓаните и дека секојдневно се унапредува комуникацијата со членовите и граѓаните.

Претседателот Мицкоски потенцира дека партијата е во врвна кондиција и дека се очекува огромна победа на претстојните локални избори.

Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ е огромна, а особено заради енормниот број на завршени проекти.

Претходно свое обраќање имаа и генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски и раководителот на ПИАЦ Светислав Васев, кои се обратија во делот на теренските активности и комуникацијата.

Во текот на денот предавањата беа одржани од Кристијан Седак, професор комуниколог од Хрватска.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот Андоновски ќе ги претстави новите дигитални услуги

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска ќе одржи прес - конференција на која ќе ги претстави новите дигитални услуги.

Министерот Андоновски ќе ги претстави новите дигитални услуги

Новите дигитални услуги ќе бидат достапни за граѓаните преку националниот портал uslugi.gov.mk.

притисни ентер