МакедонијаСДСМ: Остануваат уште 19 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформите од страна на МицкоскиУште 19 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформите од Владата на Мицкоски.Додека Тимчо Муцунски тврди дека владата постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда реалноста е сосема поинаква. Нема реформи, нема резултати, нема напредок. Единствено што гледаат граѓаните се секојдневни конфликти и нови изговори за неисполнување на реофрмите. Бидејќи нема никакви реформи, Христијан Мицкоски повторно ја активира добро познатата стратегија за мачкање очи на јавноста и дефокусирање од сопствениот неуспех. Намерно ги заострува односите со Бугарија, создава нови тензии и конфликти, наместо да гради позиции за напредок на државата и продолжување на европскиот пат. Паралелно ја напаѓа СДСМ и шири лажни обвинувања дека некој друг е виновен за тоа што Владата не спроведува реформи. Но самиот Мицкоски призна дека за реформите не му е потребна опозицијата. Тој постојано се фали дека има апсолутно мнозинство во Собранието. Истото тоа мнозинство без консензус ја укина техничката влада. Со истото тоа мнозинство може да ги донесе и сите закони и реформи ако навистина сака. СДСМ не му е потребен за реформи. СДСМ му треба само како алиби за сопствениот неуспех и за фактот дека Владата не ги исполнува условите за продолжување на европскиот пат и отворање на поглавјата. Тоа е вистината која Мицкоски се обидува да ја сокрие зад нови лаги и конфликти. Како што ги лажеше граѓаните дека ќе го укине Преспанскиот договор без последици, дека ќе го врати името, дека македонскиот идентитет бил загрозен, така и денес повторно лаже за реформите и европската иднина на државата. Тогаш клечеше и молеше за власт, а денес ја држи Македонија на колена. Мицкоски не сака Европска Унија, за да продолжат криминалните тендери без контрола и без одговорност, тоа е суштината. Затоа нема реформи и затоа со оваа криминална власт нема членство во ЕУ, македонските граѓаните се заложници на интересите на една криминална група ВМРО. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во Центар.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната брогада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook