Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
МакедонијаСДСМ: Орце не може да исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часаНеспособноста и лагите на Орце Ѓоргиевски, се вистинска слика за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.Орце не можеше да ги реши основните проблеми на општина Кисела Вода, не успеа ниту сметот да го исчисти. А сега истиот тој Орце ветува дека ќе го исчисти целиот град за 72 часа. Граѓаните не може да му веруваат дека ќе исчисти Скопје за 72 часа, кога четири години не успеа да ја исчисти ниту Кисела Вода. „Расадник“ е школски пример за неговата неспособност. Погледнете, ѓубре на секој чекор, неподнослива нечистотија, граѓани кои со денови не можат да ги отворат прозорците. Инфраструктурен хаос, недостиг на паркинг места и кучиња скитници насекаде. За Ѓоргиевски 72 часа не се доволни само „Расадник“ да го среди, а камоли цело Скопје. Ова е вистинското лице на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Од Данела Арсовска до Орце Ѓоргиевски, резултатот е катастрофа. Скопје е претворено во град на ѓубре, диви депонии и загадување. Со Орце и ДПМНЕ Скопје никогаш не било повалкано и позапуштено. По четири години целосна власт во Скопје, граѓаните живеат во град кој претставува ризик по нивното здравје и живот. За оваа состојба ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорно. На скопјани им е преку глава од лаги, нечистотија и депонии. Ѓоргиевски и ВМРО-ДПМНЕ не се решение на проблемот со ѓубрето во Скопје тие се самиот проблем! Затоа следува казна од граѓаните на изборите. Скопје заслужува подобро. Кети Штерјова – кандидатка за советничка во Град СкопјеТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,4 степени ги погоди Филипините денес, соопшти Европско-медитеранскиот центар за предупредување од земјотреси и цунами (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 35 километри. Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување за цунами. Покрај честите земјотреси во областа неодамна, Филипините се справуваат и со обилни дождови предизвикани од силна бура, во која загинаа 15 лица во лизгање на земјиштето на југот од земјата.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски за Изборниот законик: Подобро е да донесете нешто отколку ништоПодобро е да се донесе нешто, отколку да не се донесе ништо, оцени лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.Тој даде одговор на новинарско прашање дали може да се очекува скоешно усвојување на нов Изборен законик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРаботник загина при пад од височина на градилиште во СкопјеПедесет и двегодишен работник од Куманово загина при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера попладнето на 10 јули околу 14:05 часот, кога тој паднал од височина додека работел на градилиштето. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. Според здружението за заштита при работа, лани во земјава загинале 31 работник, што е речиси двојно повеќе во однос на 2024-та, кога биле регистирани 17 жртви.Тагови: градилиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook