СДСМ: Новиот директор на РЕК уште една алка од бизнис - шемата на Мицкоски - Канал 5

СДСМ: Новиот директор на РЕК уште една алка од бизнис - шемата на Мицкоски

Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РК е уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски во енергетиката кои ги објавува АКТ на СДСМ.

СДСМ: Новиот директор на РЕК уште една алка од бизнис - шемата на Мицкоски

Пензионерот Иван Куковски, близок до таткото на Мицкоски, прво беше назначен за претседател на надзорниот одбор на АД ЕСМ. Потоа си дава оставка поради идни професионални ангажмани, и е ангажиран како советник на Министерката за енергетика Сања Божиновска.

Потоа е назначен за координатор на РЕК Битола, и еве сега Директор на РЕК Битола.

Што се случува во РЕК откако Мицкоски е на власт?

Само да ги погледнеме бројките е доволно.

Над 200 милиони евра направени загуби за 2024 и 2025 година, само за три квартали во 2025 година загубата официјална е 90 милиони евра.

Потфрлањето во производството е рекордно од планирани 5000 GWh за 2026 година, произведени се само 3000 GWh, ова официјално е најлошото производство во историјата на Македонија.

Дали ова е намерно, за да се увезува повеќе струја и некој да прави бизнис со тоа и со провизиите од увозот?

Па на граѓаните тоа веќе им е јасно.

Омилен бизнис на Мицкоски е во енергетиката и бизнисот со струја.

АКТ на СДСМ ја открива целата бизнис мрежата во енергетиката. Од Адамовиќ, преку Кипар па се до Руднап и Божиновска.

Затоа веќе една година, нема директор за правни работи во ЕСМ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер