СДСМ: Нови примери од анти ЕУ кампањата - Канал 5

СДСМ: Нови примери од анти ЕУ кампањата

Владата на ВМРО намерно создава конфликти со соседите како Бугарија и Грција, за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите, со обвинувања дека ЕУ е виновна.

СДСМ: Нови примери од анти ЕУ кампањата

Кои се последните примери од оваа анти ЕУ кампања?

Владата на Мицкоски прво намерно создаде конфликт околу македонскиот јазикот, прашање што одамна е затворено. Потоа ги демантираше и Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Но, повторно продолжија со прозивки, одбија да одат на средба, чекаат да видат кога повторно ќе ги поканат. Сега доаѓа нова критика од Бугарија за Македонија.

На кого сè уште не му е јасно што прават?

Ова се делови од анти-ЕУ кампањата на власта која има за цел да предизвика негативна реакција кај граѓаните кон ЕУ, да се претстави Унијата како виновник а не Владата на Мицкоски.

Тоа се политиките на намерна изолација на земјата.

Затоа денес имаме проблеми со влезот за камионџиите и со транспортот. Цели 6 месеци владата имала време нешто да преземе и да го реши проблемот, знаеле а не го решавале проблемот.

Водат анти ЕУ кампања.

Високи 71% од граѓаните даваат поддршката за членство во ЕУ, покажуваат последните истражувања на јавното мислење.

Ова покажува дека политиката на изолација на ВМРО оди против волјата на народот, водејќи ја земјата кон економска и политичка маргинализација.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсена

Четири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.

Четири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсена

Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз.

Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон.

Повредените се однесени во болница

Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот.

Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена.

Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско Езеро

При пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат.

ДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско Езеро

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) отстрани опасни неексплодирани експлозивни средства (НУС) – гранати и други оружја од минатите војни во почетокот на август, што беа пронајдени и во Кумановско и на крајбрежјото, во водата на Охридско Езеро, со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции од државата.

Конкретно, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги отстранува согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари. Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско. Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев.

Инаку, при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на ДЗС соодветно ќе ја остранат опасноста по граѓаните и материјалните добра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дејство на „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко (ВИДЕО)

Дејство на еден од авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко.

Дејство на „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко (ВИДЕО)

На видеото се гледа дел од вчерашното воздухопловно дејство на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење - ликвидација, на пожарот во кавадаречко.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер