СДСМ: Нова бомба: Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ - Канал 5

СДСМ: Нова бомба: Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ

​Фактите и доказите коишто денеска ги објавуваме пристигнаа до нас од свиркачи преку платформата МИЦКО.мк.

СДСМ: Нова бомба: Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ

Граѓаните ни се приклучија, заедно ја водиме борбата против криминалот и корупцијата.

И како што кажавме, нема да престанеме!

Одиме по ред.

Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер во вредност од 1,2 милиони евра од Пошта на Северна Македонија.

Договор што го склучила е за чистење и одржување на хигиена.

Фирма без работници, без претходно реализирани договори, без искуство.

Во моментот на аплицирање, оваа фирма не ги исполнувала основните услови наведени во тендерската документација.

Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години.

Па дури и немале техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана.

Како?

Со тоа што во групната понуда се појавува подизведувачот „Серта“, компанија со долгогодишно искуство во областа на хигиената.

Сомнително?

Само дваесетина дена откако фирмата го добива милионскиот тендер од Пошти, на 24 ноември 2025 година, нов сопственик станува Сашо Петровски.

Како фирмата да била основана исклучиво за да го добие тендерот. Сопственикот се менува непосредно по изборот на тендерот.

Но, извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода.

Дали е истото лице што мислите? Фирма поврзата со ЗНАМ.

ВМРО и ЗНАМ си делат милионски тендери додека нема пари за плати и пензии, нема за минимална плата.

АКТ продолжува со откривање на сите скандали, на сите криминални тендери за испумпување на парите на граѓаните.

Нема да запреме! Борбата против криминалот и корупцијата продолжува!

Сите ќе одговарате.

Работата не е завршена!

YouTube video

Прес конференција на АКТ, Рената Младеновска - Извршен одбор СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Холивудската ѕвезда, актерката Хали Бери објави серија фотографии кои се најсекси досега.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Атрактивната актерка Хали Бери ужива во жешкото лето и дава сè од себе за да го направи уште пожешко со провокативни фотографии.

59 годишната Хали Бери е позната по провокативните фотографии на кои не се двоуми да го покаже и своето голо тело, а неодамна објави и серија жешки слики.

Добитничката на „Оскар“ спакува разновидни комбинации за плажа за својот одмор на Фиџи со свршеникот Ван Хант, но изгледа дека не облече ниту една од нив...

Додека се сончаше покрај базенот, таа ја соблече речиси целата облека, што може да се види на фотографијата што ја сподели на Инстаграм за време на викендот – една од многуте што ги направи за време на ова идилично патување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Концерт под свеќи со Стефан Миленковиќ и „Профундис“

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“  од Македонија и српскиот виолинист Стефан Миленковиќ. 

Концерт под свеќи со Стефан Миленковиќ и „Профундис“

Во Предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот, тие ќе настапат под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.

Еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ ужива углед на профилиран солист и рецитален уметник кој настапува на меѓународната сцена веќе долги години покажувајќи врвна професионалност и безгранична креативност.

Повеќепати застанува на сцените на престижниот „Карнеги Хол“ во Њујорк, како и во „Кенеди центарот“ во Вашингтон, „Кадоган хол“ во Лондон, „Сантори Хол“ во Токио, како и на повеќето подиуми на театрите во Италија како „Ла Фениче“ во Венеција, „Сан Карло“ во Неапол, и театарот „Петруцели“ во Бари. Неговите настапи со оркестри ги вклучуваат: Симфонискиот оркестар во Индијанаполис, Берлинскиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар „Орфеус“, Филхармонијата во Хелински под диригентските палки, на меѓу другите сер Невил Маринер и Лорин Мазел. Настапува пред видни личности и светски лидери, меѓу кои Роналд Реган, Михаил Горбачев и папата Јован Павле II. Миленковиќ е лауреат на повеќе интернационални натпревари како: Меѓународниот натпревар во Индијанаполис (САД), натпреварот „Кралица Елизабета“ во Белгија, „Родолфо Липицер“ и Премио „Паганини“ во Италија, натпреварот „Лудвиг Шпор“ во Германија и натпреварот „Јехуди Мењухин“ во Велика Британија.

Ѓурѓица Дашиќ дипломира на Факултетот за музичка уметност на одделот – оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар. Од 2008 година е вработена во Македонската опера и балет како хор-мајстор. Учествува во поставувањето и во одржувањето на целокупниот репертоар во Македонската опера. Соработува со голем број истакнати диригенти во улога на соработник и на асистент-диригент, меѓу кои и Емил Табаков, Џанлука Мартиненги, Енрико Довико, Саша Николовски-Ѓумар, Вања Николовски-Ѓумар, Урош Лајовиц и со многу други.

Како оркестарски диригент, во својата матична куќа ги диригира оперите „Рита“ од Г. Доницети, „Севилскиот берберин“ од Џ. Росини и традиционалниот концерт Млади оперски надежи „Коста Трпков“. Активно учествува во подготовката и во реализацијата како оркестарски диригент на првиот македонски мјузикл „Тајно моја“, во чест на Тоше Проески.

Во 2019 година го формира камерниот оркестар „Профундис“ со кој активно работи како негов уметнички раководител и диригент и реализира исклучително успешни соработки и настапи.

Камерниот оркестар „Профундис” е формиран во 2019 година од страна на диригентката Дашиќ. Во него членуваат некои од најистакнатите македонски инструменталисти од повеќе различни генерации. Идејата на „Профундис” е да се создаде висококвалитетен професионален ансамбл кој покрај изведбите на капитални дела, ќе поставува праизведби на дела од современи автори од класичната музика, да биде во функција на македонските врвни изведувачи, како и на македонските современи автори, да носи светски имиња од светот на класичната музика како солисти и да ги поместува границите на креативноста како во смисла на изведбата, така и во смисла на сценскиот настап.

Оркестарот „Профундис” низ својата активност ќе забележи исклучително успешни концерти сo светски познатите солисти како виолинистите: Стефан Миленковиќ, Роман Симовиќ, Јован Богосављевиќ, Ирина Мурезану и Марио Хосен; виолончелистите: Петар Пејчиќ и Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки; Огњен Поповиќ – кларинет; Џузепе Нова – флејта; Даниеле Ајело – гитара; Антонио ди Кристофано – пијано; како и со македонските солисти: Владимир Костов, Ана Кондратенко, Благој Нацовски, Ема Попивода, Наде Талевска, Марија Ѓошевска, Славица Мицовска, Бранко Павловски, Љубиша Кировски и др.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија!

Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Со велосипеди влегле во забранетата зона и „фотографирале“ руска територија!

Видео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија!

Двајца германски туристи, кои со велосипеди влегле во забранетата зона во близина на границата меѓу Полска и руската област Калининград и ја фотографирале областа, биле приведени од полските граничари.

Туристите, како што изјавиле, сакале одблизу да ја видат надворешната граница на Европската Унија, но поради влегувањето во забранетата зона и снимањето на руската страна, биле казнети со вкупно околу 280 евра.

Инцидентот се случи во заштитната зона на границата меѓу Полска и Калининградската област. Двајца германски државјани, кои патувале со велосипеди, влегле во граничната зона и покрај јасно истакнатите знаци за забрана, сакајќи одблизу да ја видат надворешната граница на Европската унија.

На видеото се гледа како туристите се приближуваат до граничната ограда, по што припадници на граничната полиција, кои патролирале во тој дел, им приоѓаат и интервенираат.

Според соопштението на полската гранична служба, 63-годишен германски турист фотографирал делови од регионот Калининград, кој е дел од Русија, иако тоа е забрането.

Надлежните потсетија дека и неовластеното влегување во граничната зона и фотографирањето на територијата на соседната земја се строго забранети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер