СДСМ: Нова бомба: Чистење на буџетот, 161 тендер за семејната фирма на Томовски! - Канал 5

СДСМ: Нова бомба: Чистење на буџетот, 161 тендер за семејната фирма на Томовски!

Семејна фирма на директорот на СОЗР – Ивица Томовски добила 161 тендер во вредност од ОКОЛУ 5,5 милиони евра, обвинуваат од антикорупцискиот тим на СДСМ, во рамки на т.н Бомби 2.0..

СДСМ: Нова бомба: Чистење на буџетот, 161 тендер за семејната фирма на Томовски!

Од опозициската партија велат дека допрва ќе открија и каде точно, освен во џебовите на фамилијата Томовски, завршувале парите од тендерите.

-Со доаѓањето на ДПМНЕ на власт, семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306% и тоа само во 2024 година. Случајно, нели, им тргнало чистењето на буџетот. Само оваа, 2025 година фирмата добила 10 тендери од речиси половина милион евра. Сопственикот на „Сити Логистик“ во моментот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски, а управител е Слободан Кутановски, нивен близок роднина, потоа се менува името на фирмата – „Сити Аутсорсинг“. Иста адреса, ист матичен број на субјект само со друго име. - Александар Димитријевиќ – Генерален секретар на СДСМ

СДСМ изнесуваат невистини, посочената компанија не била негова, а во моментов нема никаква приватна фирма, вели Томовски во одговорот за Канал 5.

-Нема со гнасни соопштенија да покријат дека токму тие ги уништија македонските институции. А, вистината за случајот е следна. Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на СОЗР. Целиот мој живот работам чесно, И одговорно и посветено, така и ќе продолжам. СДС ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежнтие органи, - вели Томовски.

Инаку, „Бомбите 2.0.“ кои ги најави претседателот на СДСМ – Венко Филипче ќе се објавуваат по анализи од антикорупцискиот тим формиран од експерти и млади инстражувачи во рамки на партијата, кои ќе ги анализираат документите и ќе поднесуваат пријави до домашните и меѓународните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во брак

Светската музичка ѕвезда, Мајли Сајрус се омажи. Се запознале на состанок на слепо, а сега тајно го кажале судбоносното „да“.

Фото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во брак

Мајли Сајрус и Макс Морандо се венчаа на интимна церемонија на 21 ноември.

Мајли Сајрус и Макс Морандо официјално го кажаа судбоносното „да“. Како што пренесува порталот „Entertainment Tonight“, парот стапи во брак на 21 ноември во Палм Спрингс.

Во јавноста протекоа многу малку детали за самата церемонија, што не е изненадувачки со оглед на тоа што подготовките ги чуваа подалеку од очите на медиумите.

Извор близок до парот уште во март 2026 година за списанието „People“ откри дека тие не сакаат голема прослава, туку сонуваат за „помала и поинтимна“ свеченост.

„Мајли имаше свои замисли за тоа како сака сè да изгледа, но не планираше некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и едноставно не е таков тип на човек. Нивната венчавка беше замислена како нешто помало, што ќе има посебно значење за нив двајцата, а не како голема холивудска продукција“, изјави тогаш изворот.

Пејачката ја потврди свршувачката во декември 2025 година, кога на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“, позирајќи со Морандо, за првпат го покажа својот свршенички прстен со дијамант. Во јули оваа година, Морандо за списанието „Wonderland“ откри како се запознале во 2021 година.

„Сем од мојот бенд ’Liily‘ – односно пријател на неговата сестра – ја познаваше Мајли. Тие едноставно ни организираа ’состанок на слепо‘. Од перспектива на Мајли, тоа веројатно не е ни возможно во вистинската смисла на зборот, бидејќи таа е постојано под будното око на јавноста. Но, ако постоеше некаков начин таа да отиде на состанок на слепо, тогаш ова беше најблиску до тоа“, рече тој.

Тие веднаш почувствуваа силна поврзаност уште при таа прва средба и оттогаш, како што вели тој, „едноставно не се разделија“.

На Морандо му требаше одредено време за да се навикне на огромното внимание што Сајрус го привлекува каде и да се појави. „Кога првпат ја запознав, тој дел ми беше прилично чуден. Никогаш претходно немав доживеано луѓе да те чекаат пред локали или во слични ситуации. Но, како што минуваше времето, сега е некако обратно. Дури кога ќе отидеме на некој јавен настан, се сеќавам која е таа всушност. Сепак, сакам да одам со неа на одредени настани за да ја поддржам во сè што прави“, призна Макс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина

На покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Атина ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Министерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина

Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија

Европската куќа на кошарката, ФИБА Европа соопшти дека суспензијата за Русија и Белорусија останува на сила.

ФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија

Во петокот, во германскиот град Хамбург, ФИБА одржа важен состанок на Управниот одбор, на кој беше донесена значајна одлука во врска со националните тимови на Русија и Белорусија. Како што соопшти ФИБА Европа, одлуката останува непроменета: националните тимови на Русија и Белорусија нема да имаат право на учество во кошаркарските натпреварувања (во формат „5 на 5“) под покровителство на ФИБА.

Суспензијата беше воведена по почетокот на руската инвазија врз Украина, кога клубовите и националните тимови од овие две земји беа отстранети од меѓународната сцена.

Сепак, во кошарката „3 на 3“ веќе се забележуваат одредени промени.

На младинските селекции на Русија и Белорусија им е дозволено учество на меѓународни турнири, а во јули тие настапија на турнирот за играчи до 21 година во рамките на Лигата на нации, што се одржа во Кина.

Исто така, Извршниот комитет на ФИБА во септември одлучи да им овозможи на поединечни кошаркари, тренери, судии и други членови на кошаркарската заедница од овие две земји да се вратат на меѓународната сцена.

Сепак, прашањето за враќање на националните тимови и клубовите останува отворено, а најновата одлука на ФИБА Европа потврдува дека засега нема да има промени. За статусот на Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања повторно ќе се дискутира во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер