Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија
2Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија
МакедонијаСДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?Нов скандал со безбедносните служби е на повидок. Јавно се објавени сомнежи за незаконско именување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.Дали директорт на БЈБ, Александар Јанев не ги исполнува условите за функцијата? Според информации објавени во неколку медиуми, поднесена е анонимна претставка до ДКСК поради основани сомнежи за незаконитост на дипломата за магистерски студии на Јанев, на Универзитетот Скопје. Оваа диплома е меѓу основните законски услови за да може да биде назначен за директор на БЈБ.Како што е објавено, во неговата официјална биографија објавена на страната на МВР нема точен датум на стекнување на звањето "магистер". Дополнително, ниту на сајтот на Универзитетот Скопје нема никакви податоци за јавна одбрана на магистерски труд. Не може да се најде ниту запис во електронските системи на универзитетот или Министерството за образование за проверка на плагијат. Сето ова е законски задолжително. Според Законот за научноистражувачка дејност, секој магистерски труд мора најмалку 30 дена пред одбраната да биде внесен во системот за проверка на плагијати. Јанев бил именуван на 28.6.2024 година. Дали е точно дека системот не функцонирал токму во тој период? Овие сомнежи и овој случај отвора сериозни прашања кои мора да бидат одговорени: •Дали Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело на БЈБ избрале човек кој не ги исполнува законските услови? • Дали станува збор за фалсификување документи заради партиски интереси? • Зошто МВР молчи за овие јавно објавени сомнежи? СДСМ бара одговори на овие прашања и итна истрага од Јавното обвинителство. Додека јавноста се уште чека разрешница со директорот на АНБ за неговиот сертификат сега се отвора втор скандал во највисоките безбедносни институции и позиции во државата, Агенцијата за национална безбедност и Бирото за јавна безбедност. Безбедноста на граѓаните е ставена во канџите на партиски луѓе за кои прашање е дали воопшто ги исполнуваат законските критериуми. Ова е сериозна безбедносна закана. СДСМ ќе продолжи гласно да го разобличува секој скандал, секој фалсификат и секој обид за окупирање на институциите по незаконски пат. Функционирањето на безбедосните служби не смее да биде жртва на партиската држава која ја инсталира ВМРО-ДПМНЕ повторно. Линк до видео: https://youtu.be/0lumG_F-rt8 Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролкаТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајмалку 13 жртви во украински напад на руската Република ТатарстанНајмалку 13 луѓе загинаа, а 70-на се повредени во украински напад со дронови врз руската Република Татарстан, што се смета за еден од најсмртоносните украински напади врз Русија од почетокот на војната.Главна мета на нападите бил индустрискиот град Нижне-Камск, оддалечен 1.100 километри од Украина, каде што според руските власти, цел биле и цивилни и индустриски објекти. Дел од руските медиуми пишуваат дека била погодена петрохемиска фабрика, а меѓу жртвите имало и дете. Украинската војска потврди дека стои зад нападите и соопшти дека ја погодиле рафинеријата танеко, во која избил пожар. Москва нападите ги оцени како директни терористички напади и соопшти биле пресретнати 450 украински беспилотни летала над Русија и Крим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕрупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во КатанијаВисоката вулканска активност на Етна предизвика нарушувања на авиосообраќајот во Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества лава и пепел.Според Националниот институт за вулканологија, густи текови лава истекуваат од два отвора на надморска височина од над две илјади метри.Поради потенцијалната опасност за воздушниот сообраќај, сите слетувања на аеродромот во источна Сицилија во Катанија се прекинати до 17 часот, соопшти операторот. Погодени се и летовите од Сицилија, поради што туристите морале да го користат аеродромот во Палермо, главниот град на островот или да патуваат со воз. Во моментов е во сила највисокото, црвено ниво на тревога. Тоа значи дека ерупција проследена со значителен облак од вулкански пепел е неизбежна или веќе е во тек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
ЖивотЏеф Безос со партнери купуваат една третина од ЛиверпулКонзорциум, во кој е вклучен и основачот на „Амазон“, мулти-милијардерот Џеф Безос, е блиску до договор за купување на околу една третина од сопственичкиот удел во славниот фудбалски клуб „Ливерпул“. Мнозинскиот сопственик на клубот, „Фенвеј спортс груп“ (FSG), кој управува со „Ливерпул“ од 2010 година, се подготвува да објави трансакција што би можела да се реализира уште оваа недела. Детали за инвестицијата Доколку дојде до склучување на договорот, Безос ќе му се придружи на Едуардо Саверин, еден од коосновачите на „Фејсбук“, во инвестициската група. Групата ја предводи Амит Батија, зет на индустријалецот Лакшми Митал и до неодамна акционер во клубот „Квинс Парк Ренџерс“. Според еден извор, објавувањето на веста се очекува во наредните денови, но постои можност тоа да се одложи за следната недела. Со влезот на овој конзорциум во сопственичката структура, некои од најбогатите луѓе во светот ќе станат косопственици на „Црвените“ од Енфилд. „Форбс“ го проценува богатството на Безос на повеќе од 280 милијарди долари, а она на Саверин на повеќе од 32 милијарди долари. Со оваа инвестиција, вредноста на клубот би се проценила на шест милијарди долари, со што договорот би се вброил меѓу најскапите во историјата на спортот. Иако Безос претходно не се поврзувал со бизнисот во фудбалот, неговото можно вклучување во конзорциум за Ливерпул потврдува дека инвеститорите сè повеќе го гледаат спортот како посебна класа на средства. Во 2022 година, Саверин (44) беше дел од конзорциум што неуспешно се обиде да го купи Челзи на аукција организирана по руската инвазија врз Украина. Извор запознаен со преговорите укажува дека договорот би можел да биде поголем од првично објавеното и потенцијално да вклучува удел поголем од 30 проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05