3ВМРО-ДПМНЕ: Колку пари требал да инкасира Богац за наместениот тендер за чистење на царинските терминали, вреден 18 милиони денари?
МакедонијаСДСМ: Нов скандал: 4 милиони евра за хонорари од 25.000 евра преку ЈПДП!Антикорупцискиот тим на СДСМ објавува нов скандал во ЈП Државни патишта тежок речиси 4 милиони евра.Точно 3,8 милиони евра, пари на граѓаните завршуваат во хонорари и до 25.000 евра месечно, најголем дел од нив странци. Преку тендер во ЈП Државни патишта на Коце Трајановски и склучен договор за техничка помош! Додека Владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата и македонските работници работат за мизерни 400 евра се трошат речиси 4 милиони евра народни пари за хонорари од 25 илјади евра месечно. Со одлука на Коце Трајановски ЈП годишно ќе плаќа околу 950.000 евра за само 13 експерти. Па каде е овде логиката? Вредноста е колку нето платите и надоместоците за 92 вработени во јавното претпријатие! Ова е голем скандал. Уште еден пример за криминални тендери. За 4 години ангажман, тим лидерот од овие експерти ќе добие 550.000 евра, половина милион евра. ВМРО-ОКГ им дели милиони на „експерти“ додека македонски работниците се отпуштаат од работа, над 1500 работници се останати без разбота поради Мицкоски. Кој ги одредил овие астрономски хонорари? Како е можно да нема пари за македонските работници, а има за привилегирани поединци? Кој профитира од ваквите договори? Дали на овој начин се пумпаат пари на граѓаните? Ова е криминален систем на тендери за кои АКТ постојано алармира, систем на испумпување на парите на народот.. СДСМ бара поништување и повлекување на овој скандалозен тендер. Бараме испитување на потребата, критериумите и на целата постапка. Одговорност мора да има! Прес конференција на АКТ СДСМ, Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
ФудбалНејмар подготвен за вториот меч на Бразил на МундијалотПредводникот на Бразил, трофејниот Италијанец, Карло Анчелоти, изјави дека закрепнувањето на Нејмар се одвива добро и дека тој би можел да им се приклучи на тимските тренинзи веќе следната недела.34 годишниот Нејмар има проблеми со повреда на листот на десната нога, но се очекува да биде подготвен најдоцна до вториот натпревар на Светското првенство. „Неговата ситуација е сосема јасна, работи одлично индивидуално. Ќе направи магнетна резонанца и ако сè биде во ред, следната недела ќе им се приклучи на тимските тренинзи“, изјави италијанскиот стручњак на прес-конференција. Бразил првиот натпревар на Мундијалот ќе го одигра на 14 јуни против Мароко, а вториот на 20 јуни против Хаити. Последниот меч во групата Ц, Бразил ќе го игра против Шкотска на 26 јуни.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијатаПретседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“.Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните сили мора да одговорат со единство, соработка и заедничка акција. „Скопската иницијатива е акција за зајакнување на регионалната соработка меѓу социјалдемократските и прогресивните политички партии во нашиот регион“, истакна Филипче. Тој оцени дека Западен Балкан се наоѓа во клучен момент кога по долгогодишни застои повторно постои реална можност за членство во Европската Унија. „Нашата генерација има единствена можност да го заврши овој процес. Имаме можност не само да исполниме една стратешка цел, туку и да го оствариме долгогодишниот сон на цела една генерација“, рече Филипче. Во своето обраќање тој предупреди дека европската перспектива на регионот е загрозена од организиран отпор кон реформите и демократијата. „Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, нагласи Филипче. Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат заеднички против европските вредности и реформските процеси. „Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, истакна Филипче. Тој посочи и на лицемерието на оние кои јавно настапуваат како противници на европската интеграција, додека својата лична и деловна иднина ја врзуваат токму за земјите членки на Европската Унија. „Овие самопрогласени патриоти и бранители на националниот идентитет најдобро ја откриваат сопствената хипокризија преку тоа каде ја обезбедуваат својата лична и деловна иднина – најчесто токму во Европската Унија – додека истовремено шират дезинформации за иднината на Европа меѓу своите граѓани“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ предупреди и на подемот на антидемократски движења кои, како што рече, се насочени кон поткопување на темелните прогресивни и антифашистички вредности на современите општества. Филипче порача дека единствениот одговор на овие предизвици е создавање силна прогресивна коалиција на регионално ниво. „За да ја победиме оваа црна регионална коалиција, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача претседателот на СДСМ, прогласувајќи ја конференцијата за отворена. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
МакедонијаОтворен повикот за научни трудови за ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026Седумнаесеттото стручно советување за подземна и површинска експлоатација на минерални суровини ќе се одржи на 30 и 31 октомври 2026 година во Охрид.Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026. По успешното минатогодишно издание, годинава се очекува уште посилно учество на претставници од академската заедница, рударската индустрија, институциите, регулаторната јавност и креаторите на политики од земјава како и еминентни меѓународни експерти и професори. Настанот ќе биде можност за стручна размена на знаења, презентација на научни истражувања, техничко-технолошки достигнувања и современи практики во рударството и геологијата. Во фокусот на советувањето ќе бидат актуелните состојби во подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, развојот на нови технологии, заштитата на животната средина, безбедноста при работа, управувањето со руднички отпад и отпадни води, рекултивацијата, законската регулатива, како и улогата на рударството во економскиот и технолошкиот развој. „Во време кога светската побарувачка за минерални суровини расте, а технологијата, енергетската транзиција и индустрискиот развој сè повеќе зависат од сигурно и одговорно обезбедување ресурси, ваквите стручни собири имаат особено значење. ПОДЕКС - ПОВЕКС е платформа каде што науката, индустријата и институциите можат заеднички да разговараат за решенија, предизвици и идни насоки за развој на рударско-геолошката дејност во Македонија и регионот“, велат од Организацискиот одбор. Во рамки на советувањето се предвидени стручни трудови, дискусии, панел-сесии и keynote презентации на теми важни за развојот на современото, безбедно и одржливо рударство. Крајниот рок за испраќање трудови е 25 август 2026 година, а информацијата за прифатените трудови ќе биде објавена на 1 септември 2026 година. Повеќе информации за начинот на подготовка и форматирање на трудовите се објавени на веб страницата https://www.zrgim.mk/ Организатор на советувањето е Здружението на рударските и геолошките инженери на Република Македонија, во коорганизација со Универзитетот „Гоце Делчев“, Факултет за природни и технички науки, Штип, и МАР, Македонска асоцијација за рударство. Советувањето ќе се одржи на 30 и 31 октомври 2026 година во Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter