3Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
МакедонијаСДСМ: Нов ценовен удар за граѓаните, народот плаќа а на Мицкоски око не му трепнуваНов ценовен удар за граѓаните - горивата денеска повторно поскапеа, втор пат за две недели. Уште едно поскапување после најавите на Мицкоски дека цените ќе се намалат.Ова ново поскапување на горивата ќе значи и поскап транспорт, повисоки трошоци за компаниите и нов бран на веќе поскапените цени на храната за кои Мицкоски не презеде никакви мерки. За 10 илјади денари е поскапена синдикалната кошничка за последните 2 години и надмина 70.000 денари. Сметката повторно ја плаќаат граѓаните, кои крај со крај не можат да врзат во месецот. Луѓето живеат крпен живот. Го бројат секој денар, прават невозможни математики како да го протуркаат месецот, со платата која едвај стигнува за храна, а не па за сметки или други потреби. На Мицкоски баш му е гајле, око не му трепнува. СДСМ со месеци предлага конкретни решенија, замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, поддршка за најранливите категории, повисока минимална плата и мерки за заштита на стандардот. Мицкоски и неговата ВМРО одбија се што е во интерес на граѓаните, затоа што не им е грижа за граѓаните, важно им е само како да украдат од народот за да има повеќе за нивните партиски тендери. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаСобраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министриПратениците цел ден расправаат за реконструкцијата на Владата, со која во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски ќе се сменат 8 министри.Со последните информации, од пред собранието ја имаме Јана Јосифовска. Исходот е извесен со оглед на големото владејачко мнозинство, единствено неизвесно е кога ќе биде гласањето. Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРаспишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорецМинистерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што во петокот избега од полициската станица во Кочани, каде што бил на распит откако бил фатен со дрога.Според информациите, тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден. Директорот на БЈБ, Александар Јанев, објави дека денеска бил во полициската станица во Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот, кој, како што вели, сериозно ја наруши довербата во полициската служба. -Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. – објави Јанев. Опозиската СДСМ, преку соопштение ја обвини власта дека намерно го пуштала Лазаров и побараа оставка од министерот Панче Тошковски.Тагови: Цуната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаПревентивни активности на РЦУК Свети Николе за заштита од пожариАктивностите се реализираат согласно заклучоците од координативниот состанок на надлежните институции за заштита од пожари.Во насока на намалување на ризикот од пожари на отворен простор, тим составен од претставници на Подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи (ПО на РЦУК) Свети Николе, ОВР – Полициска станица Свети Николе, ТППЕ Свети Николе и ПШС „Шумарство“ Свети Николе спроведува заедничка координативна превентивна акција за заштита од пожари на територијата на општините Свети Николе и Лозово. Во рамките на акцијата се посетуваат населени места, каде на средбите со граѓаните се укажува на опасностите и последиците од предизвикување пожари, а се дистрибуира и промотивно-едукативен материјал со препораки за превенција. Паралелно, се вршат контроли во шумските подрачја со цел да се утврди дали се почитува забраната за движење во шумите. Активностите се реализираат согласно заклучоците од координативниот состанок на надлежните институции за заштита од пожари, во соработка со општините Свети Николе и Лозово, со цел подигнување на јавната свест и намалување на ризикот од појава на пожари.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55