3Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“
1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
МакедонијаСДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи меркиНов ценовен шок за граѓаните - од утре за шест денари поскапува дизелот и ќе изнесува рекордни 101 денар за литар. Ова поскапување е директен удар врз ионака осиромашените семејните буџети на граѓаните. Поскапувањето на дизелот значи поскап транспорт, поскапо производство и на крајот – поскапа храна. Цените на храната веќе се до плафон. Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со кирија, а платите стагнираат. Половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци. Овој ценовен бран затоа ќе биде уште потежок Инфацијата од 2,6% што денеска ја измери статистика, за граѓаните не значи поевтин живот. Цените веќе пораснаа. СДСМ постојано ја повикуваше власта да преземе мерки и предупредуваше дека еднаш зголемените цени, потоа нема да се вратат назад. Тоа и се случи - Цените не се вратија назад. За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 %. Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена. На граѓаните не им требаат статистиките и проценти од Мицкоски. Нивната статистика е празниот фрижидер и паричник. Додека Мицкоски се фали со економски бројки, со некаква трета економија, граѓаните плаќаат поскапа храна, поскапи сметки и повисоки трошоци за живот. Мицкоски и неговата Влада, наместо мерки за граѓаните, трупаат нови долгови, врз грбот на граѓаните. За само две години создадоа нов долг од околу 4 милијарди. Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра или над 65 % од БДП. Ова не се пари за мерки за граѓаните, ова се пари за криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата ВМРО -ОКГ. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСе урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)Во центарот на Рим, се урна кат од деловна зграда, но за среќа четири лица беа спасени, соопштија властите.Зградата на Виа Кола ди Риенцо, во која се наоѓаат продавницата „Норт Фејс“ и хотелот „Консоли“, моментално е затворена поради несреќата, според агенцијата „АднКронос“. Хотелот е во процес на реновирање. Директорката на противпожарната служба, Беатрис Танци, изјави дека таванот помеѓу приземјето и првиот кат делумно се урна. Иако четири лица беа спасени, екипи со кучиња трагачи и специјалисти кои го пребаруваат подрачјето сè уште бараат. Таа додаде дека во тек се работи за реновирање во хотелот „деи Концоли“ и истакна дека не е исклучено „натрупаниот материјал“ на градилиштето да ги „преоптоварил подовите“. #Roma, crollo solaio in una palazzina in ristrutturazione in via Cola di Rienzo: dalle 10:30 #vigilidelfuoco al lavoro con 2 squadre, nucleo #USAR e cinofili, esclusa la presenza di persone coinvolte. Operazioni di messa in sicurezza dell’area in corso [#7settembre 12:15] pic.twitter.com/ppviTk1iNt — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) September 7, 2026 Тагови: зграда Рим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаУапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДесет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..Тагови: Денот на независноста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter