Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
МакедонијаСДСМ: Нема брза пруга, ќе има мигрантиМицкоски и ВМРО денеска се фалат дека „ќе има брза пруга“, а дека „нема мигранти“. Ова е уште една во низата нивни лаги. Пред неколку дена јасно кажавме: Скопје не е на мапата на европската брза пруга. Нема проект, нема пари, нема ништо. Сега, кога немаат што да кажат, повторно се фалат со празни ветувања. Сето ова Мицкоски го прави затоа што сака предвремени избори. Нема ниту еден реален успех на оваа влада, па повторно мора да измислува проекти како предизборни ветувања. Така ветуваше промена на името, укинување на Преспанскиот договор, па сега ветува брза пруга. Истото важи и за мигрантите. Уште на почетокот на годината предупредивме дека Мицкоски договара мигранти. Тоа го потврдија и светски медиуми. Во Давос, освен средбата со 4iG (компанија која сега е под истрага во Унгарија), имал и посебна средба токму за „економски работници“. Во Европа се зголемуваат протестите против мигранти. Европската унија усвои правила со кои им овозможува депортација на мигранти во трети земји. Македонија ја гледаат токму на тој начин - како земја во која може да се носат - затоа што нема напредок во реформите и на патот кон ЕУ. Мицкоски ја изолира земјата, а потоа ќе прифати мигранти за пари. Тоа се „економските работници“ како што ги прекрстија со закон. Владата во јануари донесе уредба за 10.000 оваа година, а Николовски најави зголемување на 50.000 нови економски работници. Реалноста е едноставна: Нема да има брза пруга, затоа што нема пари. Ќе има мигранти, веднаш по изборите, затоа што нема пари. Кога државата е финансиски исцрпена, а Мицкоски и неговата банда продолжуваат да трошат на клиентелизам и пропаганда, тогаш нема инвестиции, нема развој, туку има само увоз на евтина работна сила за да се одржи системот. Мицкоски повторно лаже. Ги лаже граѓаните, ги лаже своите членови, ги лаже и коалиционите партнери. А најмногу – се лаже сам себе дека може да ја прикрие вистината. Нема пруга. Ќе има мигранти. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБез вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МетеоДенес сончево и топлоВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени. Денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возилаДенес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБез вода делови од ЦентарЕдна информација за граѓаните од централното градско подрачје. Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook