СДСМ не отстапува од блокадата на новиот Изборен законик, власта прави напори да се постигне консензус - Канал 5

СДСМ не отстапува од блокадата на новиот Изборен законик, власта прави напори да се постигне консензус

Власта и опозицијата и натаму се далеку од договор за изборниот законик, но далеку од очите на јавноста се прават обиди помеѓу пратеничките групи за доближување на ставовите. 

СДСМ не отстапува од блокадата на новиот Изборен законик, власта прави напори да се постигне консензус

Поради тоа засега е неизвесно кога ќе биде закажана седницата за Политички систем и односи меѓу заедниците на која треба да се дискутира предложеното законско решение, откако веќе беше изгласана постребата од негово донесување.

Од опозициската СДСМ, која се закани дека ќе го блокира законот со 10 илјади амандмани кои пратениците ги подготвувале до доцна синоќа, за Канал 5 велат дека за нив не е прифатлива понудата која премиерот Мицкоски ја стави на маса - да поднесат амандмани само за начинот на заокружување и поднесување приговори кои мнозиството веднаш би ги прифатло и бараат предоговарање на Изборниот законик.

„Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи“, посочува премеирот Мицкоски во статус на Фејсбук.

Серија забалешки за предлог законот упатуваат и од Левица, од каде не сакаа да се стават потпис на предлог законот иако учествуваа во работната група која го изготви. Според нив во конечниот текст се нашле решенија за кои никогаш не било дискутирано ниту постигнато согласност меѓу учесниците во работната група. Тврдат дека во последен момент била додадена одреба со која се воспоставува механизам за цензура на социјалните мрежи и бараат еднакво финансирање за сите политички субјекти. Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат СДСМ и Левица за блокирање на реформската агенда.

„СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот. СДС и Левица здружено ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. - Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Изборниот законик е дел од реформската агенда за чие усвојување беше даден греј период кој истекува денеска. Дополнувањата и измените во законското решение кои следуваа по препораките од ОБСЕ/ОХИР ги изготви работна група предводена од минситерот за правда Филков во која учествуваа пратеници од сите пррламентарни партии, освен СДСМ која одлучи да ја напушти работната група поради укинувањето на Техничката влада.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Париз: Постара жена влегла во црква со бомби

Постара Парижанка денес донела во својата црква две гранати што ги пронашла во зградата каде што живее, што предизвика итна евакуација на околу стотина верници од црквата и повик за полицијата, објавија француските медиуми.

Драма во Париз: Постара жена влегла во црква со бомби

Утрово, една жена отишла во црквата Нотр Дам де ла Гар во 13-от арондисман во Париз за да му го покаже своето откритие на парохискиот свештеник, објави Ле Фигаро, повикувајќи се на исказите на очевидци.

Свештеникот веднаш ги отстранил двете експлозивни направи, а потоа ги известил властите.

Полицијата брзо реагирала, евакуирала околу стотина луѓе и поставила безбедносен периметар околу црквата.

Во 11:20 часот пристигнале експерти за деактивирање бомби, ги идентификувале предметите како „маневрска и чадна бомба“, кои не претставуваат закана за човечкиот живот и ги укинале безбедносните мерки за да може да продолжи црковната служба.

Исто така, бил извршен претрес во домот на една постара жена, но не биле пронајдени други бомби, а свештеникот рекол дека не сака да поднесе формална тужба.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. 

Утре сончево и многу топло

Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено

На возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина.

Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено

Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан“ и полициски службеници од превенција при Регионалниот центар за гранични работи Запад, денеска (09.08.2026) на Граничен премин Ќафасан“ спроведоа превентивни активности насочени кон заштита и безбедност на граѓаните и патниците кои ја преминуваат државната граница. Во рамки на активностите, полициските службеници упатуваа совети и препораки за безбедно патување и однесување во услови на високи температури, особено за време на подолги патувања и чекање на граничните премини. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од топлотен удар и последиците од изложеност на високи температури, при што на патниците им беа поделени шишиња со вода. Исто така, на патниците им беа поделени летоци со едукативн содржина, преку кои беа информирани и за начините на заштита од топлотен удар, внимателното и безбедно управување со возилата. како и за потребата од зголемена внимателност при патување во услови на високи температури.

Денеска (09.08.2025), Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со полициски службеници од Полициското одделение Галате и ЈП „Национални шуми“ на неколку локации во селата Врапчиште, Градец, Неготино, Добридол, Сенокос, Топлица, Зубовце и Галате спроведе превентивно - едукативна кампања под мотото „Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“. За време на активностите беше посочено на зачестено палење на шумите, стрништа, фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свеста и информирање за законската регулатива, како и за санкциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер