3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
МакедонијаСДСМ не дава поддршка никому – Филипче ги повика симпатизерите да гласаат по сопствено убедувањеНа неколку часа пред избрниот молк, лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче со порака до поддржувачите на партијата на вториот круг од локалните избори да излезат и да гласаат согласнсо своето убедување. Тие како партија онаму каде што немаат своите кандидати во вториот круг, сепак, вели нема да дадат поддршка никому. Филипче тврди дека немаат формална соработка, ниту разговори со ниту една политичка партија, вклучително и за градот Скопје. Повика на масовна излезеност на изборите и побара максимална поддршка за нивните кандидати, за кој обвини дека во предизборната трка се соочиле со низа притисоци, уцени и закани од ВМРО – ДПМНЕ и ЗНАМ. „Во општините каде СДСМ нема кандидат во вториот круг сакам да бидам многу јасен ние нема да навлегуваме ниту навлеговме во калкулации или во некакви заткулисни преговори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување спроед тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјал демократската идеја, вредности за чесно влеадеење, за почит, за еднаквост и за развој. “-Венко Филипче – претседател на СДСМ Филипче е дециден дека со ВМРО – ДПМНЕ нема да соработуваат, а фотографијата која вчера кандидатот за граночаланик на Карпош од владејчаката партија, Сотир Лукровски ја објави на социјалните мрежи со Маја Мојосва од СДСМ – Филипче ја препиша на политичко неискуство и за денеска најави средба со Мојсова. „Апсолутно не станува збор за никаков договор тоа сакам многу јасно да го кажам имено разговарав со Маја и во текот на денот ќе се видиме, она напиша и еден пост тоа го препишувам на политичко неискуство, но јасно децидно кажувам дека нема никаков договор за поддршка на кандидат на ВМРО – ДПМНЕ во Карпош.“- Венко Филипче – претседател на СДСМ Филипче вели гласањето в недела е најсилниот протест против како што рече неспособноста на власта. СДСМ во вториот круг има кандидати во 17 општини, меѓу кои Аеродром, Центар, Валандово, Дојран, Крушево... Во првиот круг добија градоначлници во три општини – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци , а освоија околу 125.000 гласа на советничките листи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени. Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди. Тагови: Парагвај Црн петок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоБалканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степениСнег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград. Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час. Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина. Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаАлбанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независностаАлбанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег... Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook