СДСМ: Народот ќе победи! Европска Македонија ќе победи! - Канал 5

СДСМ: Народот ќе победи! Европска Македонија ќе победи!

Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО не сакаат Македонија да влезе во Европската унија. 

СДСМ: Народот ќе победи! Европска Македонија ќе победи!

Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата.

Мицкоски дојде на власт со лаги. Лажеше за името, за Преспанскиот договор, за националните интереси.

Денес е јасно дека сите тие лаги беа само средство за доаѓање на власт.

Кога дојде време да се направат реални реформи, тој се повлече и почна да бара изговори.

Македонскиот народ јасно кажа што сака. Сака Европа.

Сака правда.

Сака да живее во нормална, достоинствена европска држава.

Но Мицкоски и неговата банда се плашат од тоа.

Затоа што за граѓаните Европа значи подобар живот и повеќе пари, висок животен стандард и силна економија поттикната од странски инвестиции и пристап до европскиот пазар.

Европа значи квалитетно европско образование, развојни програми за студентите и реални можности за младите да напредуваат дома, наместо да се иселуваат.

А за нив Европа значи крај на криминалните тендери и крај на неказнивоста.

Европа значи одговорност а одговорност е токму она од кое тие бегаат.

Додека може да се задолжува и додека има пари во буџетот, Мицкоски ќе продолжи да ја држи Македонија во изолација.

Но кога ќе му се затвори тој простор, ќе се појават нови изговори за предвремени избори, затоа што нема пари.

Мицкоски трага по алиби. Потребно му е за да продолжи со своите лаги.

Не може да признае дека ја уништил економијата на земјата. Не може да признае дека нема излез, па ќе се врати на старата националистичка кампања за „патриоти“ и „предавници“.

Само што овој пат народот знае. Веќе не е наивен.

Единствената вистина што ја кажа Мицкоски во сите овие години е кога рече дека „ВМРО е промакедонска партија“.

Тоа е точно.

Не може да бидеш македонска партија кога половина од твојата влада, министри, пратеници и нивните семејства се со бугарски државјанства и европски пасоши.

Едно е сигурно:

Народот ќе победи.

Народот сака европска Македонија.

И народот нема да дозволи една криминална група да ја украде неговата иднина.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Авион на „Ер Србија“ кој летал кон Москва бил вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Од компанијата соопштија дека добиле информации од аеродромските служби за проверка поврзана со еден патник.

Одлуката била донесена согласно безбедносните прописи и упатствата на надлежните органи.

Од „Ер Србија“ нагласуваат дека екипажот постапил според утврдените стандарди.

Српските медиуми објавија дека во авионот наводно биле и тројца познати функционери.Меѓу нив се Александар Вулин и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Во авионот, според медиумите, бил и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот

Демократската партија оствари убедлива победа на изборите за Конгресот на САД, кои се одржаа во средината на претседателскиот мандат на Доналд Трамп.

Фијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот

Според проекциите, демократите ќе преземат цврста контрола врз Претставничкиот дом, одземајќи им ја на републиканците, додека во Сенатот извојуваа победи во голем број сојузни држави што претходно се сметаа за републикански упоришта.

Демократите на изборите за Сенатот освоија дури 224 места наспроти 134 на републиканците.

На изборите во САД демократите освоија мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом.Со тоа ја презедоа контролата врз Конгресот до крајот на мандатот на Доналд Трамп.

Резултатот претставува голем изборен пораз за републиканската партија. Демократите остварија изненадувачки победи во традиционалните републикански упоришта.меѓу нив се Тексас, Охајо и Канзас, каде последен пат победиле пред речиси 100 години.

Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека демократите „одработиле добра работа“.Тој признал дека е малку изненаден од изборниот резултат.Со мнозинство во двата дома, демократите ќе можат да ги блокираат плановите на претседателот.

Тие ќе имаат и поголеми можности за контрола и надзор врз неговата администрација.Дополнително, би можеле да покренат и постапка за импичмент.Тоа би бил трет обид за отповикување на доналд Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Според УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер