СДСМ: Наместо мерки за заштита на стандардот на граѓаните Мицкоски чита цени на горива - Канал 5

СДСМ: Наместо мерки за заштита на стандардот на граѓаните Мицкоски чита цени на горива

Наместо мерки за високите цени кои постојано растат 45 дена, Мицкоски, македонскиот Далај Лама повторно излезе со празен, холистички и филозофски настап – без резултати да чита цени на горива од владината говорница. 

СДСМ: Наместо мерки за заштита на стандардот на граѓаните Мицкоски чита цени на горива

Месец и половина растат цените. Јагнешкото месо надмина 700 денари за килограм, јајцата, млечните производи, маслото, зеленчукот – сè е поскапено. Основните производи станаа луксуз за огромен дел од граѓаните.

Велигденската трпеза оваа година е полупразна, затоа што е најскапа досега.

Ама Мицкоски не објавува мерки за намалување на цените и заштита на животниот стандард, туку чита цени на горивата – кои ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика.

Очигледно затоа што и Регулаторната комисија не е независна, туку дел од неговата бизнис мрежа.

Каков дилетант. Веќе 45 дена цените се на високо ниво, без ниту една сериозна интервенција од Владата. Нема мерки, нема план, нема грижа за граѓаните.

Резултатот е јасен: Граѓаните се оставени сами на себе, токму пред Велигден – со празни фрижидери и полупразни трпези.

Оваа Влада на Мицкоски не се бори против скапотијата – туку за бизнис интересите. А граѓаните ја плаќаат цената.

„Де факто“ и „де јуре“ македонскиот Далај Лама ги лаже граѓаните повторно, исто како што лажеше за време на кампањата дека ќе го врати името и клечеше за власт. Сега Македонија е на колена.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер