СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени - Мицкоски ги излажа земјоделците - Канал 5

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени - Мицкоски ги излажа земјоделците

Мицкоски ги излажаа земјоделците.

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени - Мицкоски ги излажа земјоделците

Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп...ништо од тоа.

После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем.

Најдобар доказ за тоа е состојбата во сточарството и кризата со откупот на млекото.

Откупната цена на млекото е драстично намалена за над 30% и понижувачка за сточарите. Денес литар млеко се откупува за едвај дваесетина денари, цена која не ги покрива ниту основните производствени трошоци.

Веќе две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот, што значи дека многу сточари остануваат без пласман и без егзистенција и кризата ќе се продлабочи. Дополнително, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко.

Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Значи дека некој профитира на грбот на македонските сточари.

Земјоделците ја хранат Македонија, можат да го хранат и целиот регион ако Владата на Мицкоски се грижеше за нив.

Земјоделците претрпеа силен удар и од растот на цените на горивата, бидејќи Владата не презеде никакви мерки за да ги заштити од зголемените трошоци за производство.

Сега, откако го спаси Трипуновски Мицкоски треба да излезе и да им каже на земјоделцитте зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката? Зошто доцнат субвенциите?

Затоа што, како што рековме нема пари во буџетот за земјоделците заради криминални тендери.

Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет лица се убиени во бранот руски напади врз Украина , оштетена е катедрала од 11 век

Девет лица се убиени, а неколку други се повредени во бранот руски напади врз Украина, во кои голем религиозен споменик во Киев беше зафатен од пожар.

Девет лица се убиени во бранот руски напади врз Украина , оштетена е катедрала од 11 век

Четири лица загинаа во нападите врз Киев, додека пет спасувачи загинаа обидувајќи се да го изгаснат пожарот предизвикан од рускиот напад врз североисточниот град Харков, соопштија украинските власти.

Катедралата Успение на Пресвета Богородица од 11 век беше значително оштетена .

Украинскиот премиер Јулија Свириденко нападот го нарече „брутален ,,врз украинскиот народ и нивното наследство“.„Итно ќе ги покренеме сите релевантни процедури во рамките на унеско и сите други меѓународни механизми, барајќи итни и соодветни одговори на ова државно варварство“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во изјава за x, нападите со беспилотни летала и ракети запалија згради и автомобили, а повеќе од 140.000 луѓе во главниот град на Украина останаа без електрична енергија.

Полска, соопшти дека кренала борбени авиони,а во состојба на готовност биле ставени и копнените системи за воздушна одбрана како „превентивен“ одговор на руските напади во киев.нападите се случуваат пред состанокот на Г7 оваа недела во франција, каде што на дневен ред е војната во Украина.Вчера Узеленси изјави дека разговарал со трамп за напорите за ставање крај на долготрајниот конфликт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британскиот премиер најави забрана за социјалните медиуми за лица под 16 години

Британскиот премиер Кир Стармер денес најави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни апликации на социјалните медиуми.

Британскиот премиер најави забрана за социјалните медиуми за лица под 16 години

„Водењето земја е секогаш прашање на избор и ми е јасно дека целосната забрана е вистинската“, рече Стармер на прес-конференција, пренесува Скај њуз.

Стармер нагласи дека социјалните медиуми ги прават децата несреќни, отвораат простор за вознемирување и злоупотреба и го оштетуваат нивното ментално здравје. Тој, исто така, ја нагласи опасноста од штетна содржина на која се изложени децата. „Нема да правам компромис во врска со безбедноста и среќата на нашите деца и затоа оваа забрана мора да се спроведе. И ќе се спроведе“, рече тој.

Ограничувања и за платформите за игри

Тој објасни дека производите што не се опфатени со општата забрана, како што се платформите за игри, ќе мора да ги спречат децата да комуницираат со странци. Тој додаде дека можноста некои деца да најдат начини да ја заобиколат забраната не треба да биде причина за нејзино напуштање.

„Ова ќе ги направи нашите деца посреќни. Ќе им дадеме повеќе време, повеќе безбедност, повеќе слобода да растат и повеќе можности. На крајот на краиштата, тоа е она за што се залага оваа влада“, заклучи британскиот премиер.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најпопуларната фудбалска навивачка, Лариса Рикелме непрепознатлива

Поминаа 16 години откако го привлече вниманието на фудбалскиот свет и стана неизбежен симбол на Светското првенство во Јужна Африка, Лариса Рикелме повторно се најде во центарот на вниманието на фудбалските фанови. 

Фото: Најпопуларната фудбалска навивачка, Лариса Рикелме непрепознатлива

Парагвајанката, која доби светска популарност во 2010 година благодарение на нејзините навивачки изданија на трибините, овој пат се појави во значително поинаков стил.

На трибините на стадионот СоФи, таа ја следеше репрезентацијата на Парагвај против САД, но без деталите по кои некогаш беше препознаена низ целиот свет.

За разлика од периодот кога нејзините фотографии беа на насловните страници на медиумите, Лариса денес избира многу поредуциран и елегантен изглед.

Нема впечатливи модни комбинации што ја направија позната пред повеќе од една деценија, а мобилниот телефон, кој некогаш беше еден од најкоментираните детали на нејзините фотографии, сега едноставно го држи во рацете како и секој друг навивач.

И додека годините минуваа, а многу навивачки се обидуваа да ја преземат нејзината титула, Лариса Рикелме сè уште останува најпознатата „Девојка на Светското првенство“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер